
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Декември во Кинотека на Македонија ветува филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Како што информираат оттаму, овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови. „Декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До ...
Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека повеќе од 415.000 раселени лица во Газа моментално се засолниле во училишни згради на Обединетите нации (ОН), пишува „Анадолу“. Во соопштението споделено на социјалните мрежи, УНРВА го објави сведочењето на Ајша, една од многуте жени од Газа кои се засолнуваат во училиште. Изразувајќи ја својата исцрпеност, Ајша рече: „Ова место е наменето за образование, а не за ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика за медиуми во Македонија (СЕММ) ги повикуваат новинарите и медиумските работници да го почитуваат Кодексот на новинари, особено како што велат, во контекст на неодамнешните настани што поттикнаа јавна дебата и реакции. „Во вакви ситуации, кога се зголемува ризикот од национална нетрпеливост и омраза, новинарите имаат обврска да известуваат објективно, професионално и со јасна намера ...
Денеска, од пред скулптурата „Симфонија на мирот“ па се до Владата на Република Македонија се одржа протестен марш за солидарност со народот на Палестина и Либан. Граѓаните кои беа излезени на протестниот марш од македонските власти побараа да се приклучат кон меѓународните заедници кои се залагаат за ставање крај на насилството и нападите во Палестина но и да ја признаат палестинската држава. Од иницијативата „Сите за Палестина” велат дека ...
Кети Талевска Бакревска e фотографка од Битола која се занимава со дигитална фотографија и алтернативна фотографија. Токму љубовта кон професијата и ја донела идејата и желбата да направи нешто со кое ќе поттикне да се зголеми свеста за заштитата на Преспанското езеро кое полека но сигурно ни исчезнува. Изложбата на Кети, „Ќе ме снема“ е изложба за исчезнувањето на Преспанското езеро која е изработена со алтернативна фотографска техника која се ...
Цветанка Невчева ја доби наградата ,,Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ и истата е дел од Едицијата: ,,Бели мугриˮ 2024. Стихозбирката ,,Исихијаˮ ќе биде промовирана на 04 декември (среда) 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ- Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација ,,Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот ...
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, алармираше дека има огромен скок на ризик од родово базирано насилство врз жените и девојчињата принудени да бегаат со оглед на тоа што 60 милиони присилно раселени жени и девојки се соочуваат со високи ризици на такво насилство во светот, пишува „Анадолу“. Повикувајќи се на податоци на ОН, портпаролката на УНХЦР, Шабија Манту, на брифинг во Женева изјави дека извештаите за сексуално насилство поврзано ...
Подобро образование со практична работа, повеќе неформални програми и повисок финансиски стандард бараат младите новинари – говорници на вчерашната трета вечер на Медиумскиот фестивал Скопје, организирана од Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. „Што може да се направи за да се подобри гласот кој ја бие новинарската професија? Како да се привлечат повеќе млади луѓе во новинарството? Кои се најголемите предизвици за младите ...
Универзитетското студентско собрание при државниот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола претходната недела избра нов претседател. На позицијата доаѓа Димитар Атанасовски, редовен студент во трета година на Педагошкиот факултет. „Првото нешто што го најавив е функционални друшетвени мрежи за информираноста кај студентите и веќе почнавме со имплементација, можете да забележите дека на Инстаграм и на Фејсбук редовно почнавме со објави веќе ...
Предавањето на архитектот и уметник Андреј Јосифовски – Пијаниста, „Како со улична уметност да се бориме против помодарството и кичот“ ќе се одржи утре (сабота, 30 ноември) во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје со почеток од 19 часот. „На предавањето ќе бидат споделени сведоштва за процесот на креирање на големи уметнички активистички акции. Авторот ќе нè води низ процесот на осмислување, преку процесот на изработка, па се до ...
„Јелена Белиќ е партизанка со објектив. Дење архитект, навечер фотограф, ликовен уметник и цврсто подадена рака. Долги години трпеливо и истрајно го документира и го истражува градот, неговата културна сцена и неговото социјално битисување. Луѓето и просторите се нејзиниот леб и сол“. Ова се зборови од Ѓорѓи Јаневски, со цел да ја опишат Јелена Белиќ, во текст кон нејзината изложба „Постоиш ли Алиса?“, изминатиот викенд отворена во Музејот на ...
По официјалната промоција во кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје, претставувањето пред прилепската и велешката публика, втората поетска збирка на Александра Спасеска, „Координати на болката“, ќе биде промовирана во Куманово. Читачката промоција ќе се одржи денес 29 ноември (петок) од 19:30 часот, во соработка со Книжевен клуб на град Куманово, во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово. „Координати на болката“ ќе ја промовира ...
Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г.: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите. На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2024 г. можат да конкурираат автори на дела кои се активни членови ...
Следната година ќе биде усвоен нов Закон за високото образование кој ќе обезбеди повеќе и подобри можности за студентите и професорите, но и ќе ги подигне стандардите за квалитет што високообразовните установи ќе треба да го следат. Ова го рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на вчерашната собраниска седница на која пратениците поставуваа прашања до членовите на Владата, пишува Новинската агенција Мета. „За жал, имаме студенти ...
Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември со почеток во 20 часот во националната галерија „Мала станица“. Изложбата, која ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 – 2024 година. „Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се ...
Асоцијацијата за заштита на животната средина „Зелена планета за сите“ организира работилница за одржлива мода „Паметно модерни: Одржливи нишки“ на 30 ноември, сабота, од 12 до 14 часот во кафе-книжарница „Буква“. „Оваа работилница е совршена можност за млади и за сите кои сакаат да откријат повеќе за етичките, еколошките и социјалните аспекти на модната индустрија. Придружете ни се и научете практични совети како да бидете дел од промената и да ...
Греаѓанскиот форум „Град во криза: Што да правиме кога одеднаш ќе престане да постои јавен превоз во Скопје?“ ќе се одржи на 1 декември (недела) во 13 часот во организација на Здружението за едукативен развој „Еквалис“. Форумот има за цел да генерира дискусии, стратегии и точки на отпор кон моменталната криза со јавниот градски превоз во Скопје, а ќе го води Дарко Арсовски Петровски, експерт за урбан транспорт. „Кризата со јавниот превоз во ...
Меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ќе се отвори на 5 декември со почеток во 20 часот во Музеј на современа уметност (МСУ) во Скопје. Уметници се Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа и во соработка со Метју Фулер. Додека куратори на изложбата се Метју Фулер и Тихомир Топузовски. „Војната е сеприсутна ...
Утре (29 ноември, петок) во 10 часот во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се отвори дводневната Меѓународна научна конференција „Мит и драма: Современи толкувања“. Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.), ќе дискутираат за комплексните релации ...
Деновиве почнува Европското првенство во ракомет на кое учествува и македонската женска ракометна репрезентација. Македонските ракометарки веќе се во Унгарија, каде за два дена играат против Шведска. Сите натпревари на македонската репрезентација ќе бидат пренесувани на Арена Спорт. Тие нема да се емитуваат од страна на македонскиот јавен сервис. Медиумската покриеност за женскиот спорт во земјава со години цупка во место. Медиуми објавуваат за ...
Изложбата „Треперење“ на фотографот Боро Рудиќ ќе се отвори на 3 декември, вторник, со почеток во 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. На настанот ќе биде промовирана и неговата најнова фото книга „Треперење“. „Преку оваа изложба и фотографска књига, авторот истражува можност за редефинирање на перцепцијата на естетиката во однос на традиционалните норми. Природата е најчестиот мотив во фотографијата, често ...
Протестниот марш за солидарност со народот на Палестина и Либан ќе се одржи во сабота (30 ноември). Збирно место е пред склуптурата „Симфонија на мирот“ во 12 часот, а ќе се маршита до Влада. „Протестот ќе го започнеме пред скулптурата „Симфонија на мирот“, посветена на холокаустот од Втората светска војна. Целта ни е да нагласиме дека холокаустот не смее да се повтори! Без разлика на кој јазик плачат децата чии родители се убиени и на кој јазик ...
Пратениците во Европскиот парламент го избраа новиот состав на Европската комисија, за кој гласаа 370 европратеници, 282 беа против, а 36 беа воздржани, пренесува Н1. Новиот состав на чело со старо-новата претседателка Урсула фон дер Лајен ја презема функцијата на 1 декември, со еден месец задоцнување. „За“ гласаа пратениците од Европската народна партија, дел од социјалдемократите, либералите, зелените и конзервативците од партијата Европски ...
Фросина Крушкаровска Сексизмот и мизогинијата не само што создаваат толеранција кон домашното насилство туку се и негови активни двигатели. Еден од најзначајните увиди кои се направени во мировните студии е следниов: убедливо најдобриот предвидувачки фактор на мирот во една земја не е нивото на богатство, квалитетот на демократијата ниту етно-религискиот идентитет, туку тоа како жените во неa се третирани. Обратно, повисоки нивоа на родова ...
Денес (28 ноември) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевното читање #4 Диптих за Скопје. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „’Диптих за Скопје’ е настан што се состои од книжевно читање, споредбена анализа и разговор со и авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Овој настан ќе ви го доближи творештвото на Ивана Јовановска и Иван Шопов, и тоа имајќи го токму градот како тема во фокусот, тема што и онака им е ...
Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази се добитници на државата награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување, соопшти Министерството за култура. Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на: проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Милован ...
ПИН музичката конференција и шоукејс по 11. пат ќе се одржува од утре (28 ноември) до сабота (30 ноември) во Младинскиот културен центар во Скопје. Годинава ќе настапат над 50 артисти и музички состави од разни делови од светот кои свират најразлична музика – од колективот „Fulu Miziki“ чиј превод е „музика од ѓубре“ а кои својата музика ја претставуваат како еко-пријатлески-Афро-футуристички панк, преку хардкор метал, до јапонски нео-фолк на ...
Најзасегнати од недостигот на работната сила се услужните дејности и продажбата, вклучително сместувачките и угостителските капацитети, градежништвото и производствените дејности, каде што се воочува недостиг од ракувачи на машини. Во последните години се зголемува недостигот и во занимањата со високо ниво на вештини. Најголем недостиг на работна сила е забележан во скопскиот регион, додека помал недостиг има полошкиот и југозападниот регион на ...
Студентската изложба насловена „Збирка“ ќе биде отворена утре, 28 ноември, со почеток во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје – објект Педагошка. На изложбата ќе бидат презентирани 24 дела од студенти на ФЛУ од катедрите за сликарство и трансмедиумски практики, скулптура и трансмедиумски практики, графика и трансмедиумски практики и ликовна педагогија. Делата што ...
Долниот дом на австралискиот парламент со големо мнозинство гласаше за значајна легислатива со која им се забранува на децата под 16 години да користат социјални мрежи, пренесува Ал Џазира Балканс. Предлог-законот усвоен од Претставничкиот дом денеска ги таргетира платформите на социјалните медиуми како што се ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и Х, со казни до 50 милиони австралиски долари (31 милион евра) доколку не ја почитуваат забраната. Откако ...