Драгана Заревска алијас „Телемама“ го објави своето ново ЕП наречено „Прага“ (Praga), кое е правено со Бранко Аврамовски (музика, инструменти, аранжман). „Прага“ се состои од четири песни, а во втората учестуваат и Мехди Маснауи-Роти и Каи Гранаас. За миксот и мастерот беше задолжен Дени Крстев во студиото „1060“. Иницијалниот план на „Телемама“ беше да свири интимни акустични концерти за своите пријатели, но низ годините можевме да ја видиме и ...

Телемама на 10 јуни годинава, како симболичен крај на школската година и почеток на летните љубови, го претстави своето ново ЕП издание со наслов „Прага“, креативно остварено со композиторот и продуцент на изданието – Бранко Аврамовски. Текстовите и вокалите се на Драгана Заревска (алијас Телемама), додека миксот и мастерингот ги потпишува Дени Крстев во Студио 1060 во Скопје. Визуалот за изданието е исто така дело на Заревска. ЕП-то содржи ...