Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Директорка на националното разузнавање на САД Тулси Габард поднесе оставка од функцијата, и за тоа во петокот го известила претседателот Доналд Трамп за ова за време на состанок во Овалната соба, јави Фокс Њуз. Габард поднесува оставка за да му пружи поддршка на својот сопруг во неговата битка со „исклучително редок облик на рак на коските“, дознава порталот Фокс њуз диџитал, кој ексклузивно дошол до нејзиното официјално писмо со оставка. Во ...
„СДСМ и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение. „Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат. Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на членот на ...
Рускиот претседател Владимир Путин остро го осуди неодамнешниот украински напад врз интернат во градот Старобелск, кој се наоѓа под контрола на руските сили во Луганската област. За време на состанокот со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија, Путин порача дека Москва нема да премолчи пред ваквите акции и најави дециден одговор од страна на руската армија. Според информациите од Москва, нападот бил извршен со употреба на ...
Поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат. „Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се ...
Матурантите од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар ја изненадија и емотивно ја трогнаа својата класна раководителка, подарувајќи ѝ за разделба автомобил, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето што од неа го добиле, јавија хрватските медиуми. Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото изненадување, а професорката, како што може да се види и на ...
Словенечкиот парламент во петокот го избра Јанез Јанша за нов премиер на земјата, доделувајќи му го четвртиот мандат на функцијата, откако неговата партија загуби на националните избори во март. Агенцијата СТА јави дека 51 пратеник гласале „за“ Јанша, а 36 биле „против“, пренесе ДПА. Јанша планира да формира малцинска влада со својата Словенечка демократска партија (СДС) и други десничарски партии, поддржана од надвор од ултрадесничарската, ...
Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој се најде на удар на јавни критики поради скандалозните изјави на сметка на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а неодамна беше објавена негова фотографија во друштво со истакнати антимакедонски активисти во Софија, реши да се повлече од партиската функција. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави нов контингент документи за НЛО, меѓу кои и снимка на која американски борбен авион отвора оган и соборува мистериозен објект што летал во американскиот воздушен простор, предизвикувајќи огнена експлозија. Впечатливата снимка од Пентагон ги прикажува секундите пред и по моментот кога борбен авион Ф-16 испукува ракета воздух-воздух кон неидентификуван летечки објект ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски порача дека ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и дека „тука нема компромис“. Според него, постојат две можни решенија – преминот да се легализира согласно законските прописи и да се отстрани натпатникот за да се добие соодветно сообраќајно решение, или натпатникот да стане функционален, а нелегалниот премин да биде ...
Извори за саудискиот информативен канал Ал Хадат открија детали од нацрт-договор меѓу Иран и САД, кој со посредство на Пакистан предвидува итен и безусловен прекин на огнот, стопирање на воените операции и постепено укинување на американските санкции кон Техеран. Според информациите, документот содржи девет точки, меѓу кои централно место има целосниот прекин на огнот на сите фронтови. Договорот предвидува и двете страни да се воздржат од ...
Европска комисија денеска потврди дека го примила писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кое предлага забрзана интеграција на Западен Балкан и Молдавија, како и придружно членство за Украина. – Тоа покажува дека постои силна посветеност на земјите-членки проширувањето да стане реалност, што е можно поскоро. Многу е јасно дека проширувањето сега е геостратешка инвестиција во нашиот просперитет, мир и безбедност, наведе портпаролот на ...
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока ...
Најмалку четири лица загинаа, а 35 деца се повредени во ноќниот украински напад со дрон врз ученички дом во Луганската област, под контрола на Русија, во источна Украина, соопштија руските официјални претставници во петокот Ројтерс не можеше веднаш независно да го потврди настанот, а Украина, која се бори во обид да ја врати Луганската област, веднаш не коментираше. Тоа е една од четирите области кои Русија еднострано ги припои во 2022 ...
Многупати го користам зборот соцреализам зашто, барем за мене, тој е израз на најцрниот период во историјата на некогашна Југославија, но никогаш темелно погребан односно и денес витален како плевел што ја задушува секоја прогресивна и демократска мисла. И секогаш наидува на плодна почва да се прилепи, прицврсти и пушти корења. И цут, се разбира. Едновремено, погрешно е да се мисли дека соцреализмот беше само културна доктрина, изразито ...
Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа. Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се ...
Lionsgate го објави првиот поглед на долгоочекуваното продолжение на библиската драма на Гибсон „Пасија“, филмот кој во 2004 година предизвика огромен интерес кај публиката и стана еден од најголемите хитови таа година. Новиот проект е насловен „Воскресението Христово“, а студиото потврди и дека снимањето е завршено. Филмот се снимаше 134 дена на неколку локации во Италија, вклучувајќи ги Рим, Бари, Џиноза, Крако, Бриндизи, Торе Гвачето и ...
Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Тој рече дека во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар ...
Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, акведуктот, зградата на „Пошта“ и парковите – најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде нова динамика во Скопје со културното наследство што го имаме и културата да ...
Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Тој рече дека во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен ...
Четири нови случаи на семејно насилство биле пријавени во изминатото деноноќие низ државата, а полицијата привела две лица поради агресивно и насилно однесување. Во првиот случај, 37-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од својот 29-годишен партнер во стан во скопската општина Аеродром. Според пријавата, нападот се случил неколку дена претходно, во раните утрински часови. Насилство било пријавено и во Прилеп, каде жена ...
Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, Вреди би била првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе. На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за Вреди, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ). „Со тоа, Вреди бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека граѓаните ја препознаваат ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. -Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок – велат оттаму. Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен во февруари годинава ...
Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ. За средбата објави самата Фондација на социјалните мрежи. „На неофицијална средба со Рубин Земон, дел од раководството на ...
Компанијата dm drogerie markt ја доби наградата за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на свечениот настан организиран од магазинот „Убавина и здравје“, по повод одбележувањето на 18 години од неговото постоење. На настанот, на кој присуствуваа повеќе од 400 гости, беа доделени награди за компании, поединци и иницијативи што со своето делување придонесуваат кон создавање подобро и поодговорно општество. Во оваа ...
Вистинска драма се случила за време на тренинг во двор на основно училиште во скопско Драчево, откако малолетник почувствувал удар во грбот, а веднаш потоа до него било пронајдено зрно од огнено оружје. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, 37-годишниот Д.М. од Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил во четвртокот вечерта, околу 19:45 часот, додека детето тренирало во училишниот двор. За среќа, малолетникот не бил повреден, ...
Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, додека просекот бруто плати изнесуваше изнесуваше 72.818 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Споредбата март 2026 – март 2025 година покажува годишен раст од 8,2% на нето-платата. Три сектори се заслужни за овој годишен раст на просечната нето-плата при што највисок раст има во секторот „транспорт и складирање“ од 15,6%. Следат „дејности во врска ...
Педесет и едногодишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две 20-годишни момчиња, загинаа во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. МВР попладнево соопшти дека е потврден идентитетот и на четвртата жртва во катастрофалната несреќа и оти исто така станува збор за 20-годишно момче. – Од здобиените повреди ...
Во Македонија е потврден првиот случај на западнонилска треска оваа година, а здравствените власти предупредуваат дека со порастот на температурите и зголемената активност на комарците можно е да се појават и нови случаи во наредниот период. Од Институт за јавно здравје информираа дека станува збор за 55-годишен жител на Велес, кај кого болеста започнала со висока температура, осип, силна малаксаност и нарушена свест. Поради влошување на ...
За време на гостувањето во подкастот на Пол Ц. Брансон „We Need To Talk“, 53-годишниот рапер Акон ги откри деталите за својата врска со жените што ги нарекува свои сопруги и призна дека постојат строги правила за нив. Иако Акон никогаш официјално не потврдил точно колку сопруги има, уште во 2023 година, една од жените со кои е поврзан тврдеше во едно интервју дека има четири. За време на новото интервју, Брансон директно го праша дали ...
По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, во Штип се одржа третото по ред стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Овој значаен настан е плод на партнерството помеѓу Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, редакцијата „Детска радост“ на „Просветно дело“ и клучните здруженија на просветни ...