Полициска контрола во Батинци завршила со лисици на рацете на 34-годишен скопјанец. Кај него полицајците пронашле револвер и куршуми, по што веднаш го привеле. Денеска во 12.40 часот во скопското село Батинци. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го запреле Ф.И. (34) од Скопје. При прегледот кај него бил пронајден револвер. Полицајците пронашле и куршуми за оружјето. Ф.И. бил лишен од слобода, а полицијата ...

Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач сè уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за една година да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...

Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци, апелира Министерството за внатрешни работи. МВР информира дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. „Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од ...

„Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето!“ Вака му порача директорката на Институтот за јавно здравје на Јон Фрчкоски од СДСМ откако Фрчкоски поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски во врска со ситуацијата со водата во Гостивар. Марија Андоновски тврди дека екс-министерот за здравство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче со години молчел за неисправните наоди од ...

Здружението на новинари (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) остро ги осудија заканите, повиците за насилство и навредите упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Од институциите се бара итна истрага и санкционирање на одговорните, додека реакции пристигнаа и од повеќе политички партии. АВМУ предупреди дека новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа, без закани, заплашување и ...

На талогот од СДСМ му пречи Македонија, резултатите на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои секојдневно ги чувствуваат граѓаните, им пречи сè. Вака во соопштение ВМРО-ДПМНЕ одговори на прес-конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ кој побара кривична одговорност за, како што тврди, згрешеното македонско знаме на караванот за прославата за 35 години независност. „Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од ...

Околу 50 случаи на врсничко насилство годишно се пријавувале во училиштата во последните 3 учебни години, обзнани министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа предупреди дека бројот не пораснал, но дека дел од случаите станале побрутални. Таа говореше на панел-дискусијата „Меѓуврсничко насилство и вандализам“ во Охрид. Настанот беше организиран по повод Меѓународниот ден на младите, 12 август. Превенцијата почнува во училиштата ...

Претседателката на Европската комисија на Инстаграм ја сподели приказната за две слатки мали пилиња кои растат на нејзината фарма. Во видео кое најверојатно е направено за летниот одмор, таа побара помош за да им даде имиња. „Помогнете ми да ги именувам овие две преслатки мали пилиња! Нивната приказна е веќе нешто посебно. Нашата кокошка Чикелета не живееше баш најлесно на фармата. Таа претежно се држеше за себе, а другите кокошки ја ...

Eпидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири со драматично темпо. Бројот на починати надминал 2.000, покажуваат најновите податоци на властите. Регистриран е 4.381 потврден случај, од кои 2.011 завршиле со смртен исход. На лекување и во строга изолација се 704 пациенти. Бројките покажуваат колку брзо се влошила состојбата. За првите 1.000 смртни случаи биле потребни девет недели. Следните 1.000 биле регистрирани ...

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма. Николоски вели дека Македонија веќе имамедоговори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работи на случајот со Австрија, со Германија и Унгарија. – Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку ...

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност, соопшти Министерството за здравство во објава за две успешни трансплантации на органи. „Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и ...

Бруклин Бекам во едно од своите понови видеа покажа како подготвува тестенини со доматен сос, но еден необичен детаљ од рецептот предизвика лавина реакции. Пред да започне со готвењето, Бруклин се упати кон морето со големо тенџере во рацете. – Секако дека ни треба малку вода за тестенините – вели Бекам додека го полни тенџере со морска вода. Потоа продолжува со подготовката на јадењето, без да обрнува внимание на необичниот избор на ...

„Ткајачи на филм“ е темата на постерот за годинашното, 47. издание на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки. Авторка на визуелниот идентитет на годинашното издание на ИФФК е уметницата и графички дизајнер Вања Штркова, која е дел од тимот на маркетинг-агенцијата „Њу Момент“. Во визуелното решение е инкорпорирано дело од светски познатиот ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана ...

Тројца скопјани, на возраст од 23, 68 и 76 години, денеска се лишени од слобода на различни локации во Скопје, откако полицијата ги пронашла по потерници распишани за издржување затворски казни. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ч. (23), Ф.М. (68) и С.Г. (76), сите од Скопје. Тројцата биле барани со потерници по наредби на ...

Авион Боинг 737 на Американ Ерлајнс морал принудно да слета кратко по полетувањето од аеродром во Јужна Каролина, откако удрил во јато птици, при што се запалил еден од моторите. Инцидентот се случил на летот 1760 кон Шарлот, Северна Каролина. Во авионот имало 181 лице. „Помош, помош, помош. Имаме проблем со моторот“, итно пријавил пилотот до контролата на летање, што се слуша на аудиоснимката објавена од порталот „LiveATC.net“. Еден од ...

Иако од разводот на Антонио Бандерас и Мелани Грифит поминаа повеќе од десет години, нивната приказна и денес изгледа поинаку од повеќето холивудски разделби. Поранешните сопружници успеале да зачуваат близок однос, а Бандерас денес ја смета Грифит за една од своите најдобри пријателки. Секогаш кога престојува во Лос Анџелес, тој се труди да се види со неа. Бандерас за нивниот однос зборуваше во пресрет на премиерата на филмот „Tony“, ...

Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија која се поврзува со изворот Рашче, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата ...

Двајца припадници на француската полиција биле повредени со нож во понеделникот вечерта, 10 август, во центарот на Тулуз, по што напаѓачот бил уапсен, соопшти градоначалникот на Тулуз, Жан-Лик Муден. Мажот, тврдејќи дека поседува „информации“, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, по што извадил два ножа. Градоначалникот на Тулуз го опиша нападот како инцидент со „терористичка реторика“. Според ексклузивните информации на француски ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат да ...

Откако силен земјотрес ја погоди покраината Чоко во Колумбија, на социјалните мрежи се огласи колумбиската пејачка и светска ѕвезда Шакира. – Сакана Колумбијо, моето срце е со сите што го почувствуваа овој земјотрес денес и со семејствата што минуваат низ мачни моменти. Во објава на социјалната мрежа Икс, пејачката напиша дека нејзините мисли се со сите граѓани погодени од катастрофата и со семејствата на жртвите. Таа ги повика своите ...

Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак. Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна му припаднал на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци. Во 1921 е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на ...

Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и превентивните и казнените механизми. Ова го истакна министерката ...

Квалитетот на водата од гостиварскиот водовод се подобрува и се доближува до параметрите потребни за безбедна употреба и пиење, информираат од Локалниот кризен штаб. Оттаму посочуваат дека резултатите од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења покажуваат дека и нивото на хлор во водата се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот кризен штаб, Зуди Џелили, вели дека одлуката за ...

Скопјанец пријавил дека бил запрен и ограбен на патот Рашче-Сарај, ноќеска после полноќ. Како што соопшти полицијата, на 11.08.2026 И.Р.(33) од Скопско, пријавил дека околу 00:30 часот на локалниот пат село Рашче- Сарај, додека управувал патничко возило, бил сопрен од две лица. Тие со закана со огнено оружје од него и од неговиот син одзеле мобилни телефони, пари, и други лични работи. Скопјанец пријавил дека бил запрен и ограбен на патот ...

Возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возачот го напуштил местото. Несреќата е пријавена во полиција попладнето на 10.08.2026 а се случила на улицата Адем Демачи во Скопје. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и ...

Превозниците чекаат до 1 септември: Ако нема решение за возачите, следуваат протести Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе го чекаат 1 септември, кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија. Од исходот на состанокот ќе зависи дали превозниците ќе организираат нови протести поради проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Превозниците денеска во Скопје одржаа ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел и следната сезона да остане во Серија А, откако за неговите услуги интерес покажала Фиорентина. Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека клубот од Фиренца веќе му испратил понуда на Елмас, кој во моментов ја разгледува можноста за преселба во нова средина. Според информациите, македонскиот фудбалер сè уште нема донесено конечна одлука и побарал време за да размисли дали да прифати нов ...

Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е регистриран и во Делчево, каде што горела градската ...

Светската здравствена организација (СЗО) денеска застана во одбрана на научно заснованиот процес што се користи за утврдување на календарот за детска вакцинација, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон намалување на бројот на препорачаните имунизации за децата во САД. Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се бара намалување на американскиот календар за вакцинација на децата на вкупно 11 ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76