Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“. – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции. На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормускиот теснец и да започнат сериозни, суштински и временски ограничени преговори за ...

Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25 и 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени. Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да очекуваме развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Целата прогноза на ...

Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони, откако во финалето на Евролига го совладаа Реал Мадрид со 92:85. Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а претходната ја освоија во 2013 година. Финалниот натпревар беше израмнет во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на грчкиот тим од 46:44. По третата четвртина, Реал Мадрид успеа да направи пресврт и поведе со 65:61. Сепак, одлучувачка беше последната ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, со услови за локална нестабилност во попладневните часови, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер, особено во одредени региони. Во јужните делови попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 8 во Берово до 16 во Гевгелија, а ...

Трагедија се случи во германскиот град Етинген им Гау, каде што 48-годишна жена е осомничена дека го убила својот партнер, по што самата се пријавила во полиција. Според германските медиуми, непосредно пред полноќ жената се јавила во полициската станица во Пфорцхајм и пријавила дека го усмртила својот партнер (52). Полицијата веднаш интервенирала во станбениот објект, каде го пронашла безживотното тело на мажот. Лекарските екипи само ...

Повеќе илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во центарот на Мадрид, протестирајќи против растот на цените на кириите и сè потешката достапност до станови. Протестите доаѓаат во момент кога Шпанија се соочува со продлабочена станбена криза која погодува сè поголем број граѓани. Под слоганот „Домувањето нè чини живот“, демонстрациите ги организираше Синдикатот на потстанари на Мадрид, со поддршка на повеќе синдикати и граѓански организации, ...

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации и состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, по масовните руски воздушни напади врз земјата, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Во објава на платформата Х, Сибиха побара „силен и одлучен одговор“ од меѓународната заедница по ноќните напади, кои најмногу го зафатија регионот околу Киев, при што била употребена и ...

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш, каде што е зафатен објект на поранешна фабрика, јавуваат жители на градот и објави на социјалните мрежи. Според првичните информации, пламенот брзо се проширил низ објектот, а над градот се издига густ чад кој е видлив од повеќе локации. Засега нема официјални податоци за причините за пожарот, ниту информации дали има повредени лица или колкава е материјалната штета. На социјалните мрежи се појавија и ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија, откако вечерва во третиот натпревар од финалната серија го совладаа дебитантот КК Маџари со 80:74 и со максимални 3-0 во победи го затворија финалето. За МЗТ ова е вкупно 13. шампионска титула во клупската историја. Домашниот тим добро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и на пауза замина со предност од 42:46. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите со Иран за ставање крај на војната напредуваат, но порача дека нема да дозволи избрзан договор кој би бил неповолен за САД. Изјавата доаѓа само еден ден откако Трамп соопшти дека рамковниот договор меѓу Вашингтон и Техеран е „во голема мера усогласен“, вклучително и прашањето за повторното отворање на Ормускиот Теснец. „Преговорите се одвиваат на уреден и конструктивен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид испрати порака дека трпението за борбата против корупцијата е при крај, порачувајќи дека правдата мора да стигне до сите што, како што рече, „ѝ се смеат на државата и на законите“. Во обраќањето на свечената академија „Од слово до вечност“, што се одржа во црквата Света Софија по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Мицкоски се осврна и на незадоволството кај граѓаните ...

Речиси 35.000 евра непријавени пари биле пронајдени во автобус што сообраќал од Германија кон Македонија, при контрола што денеска ја спровела полицијата на подрачјето на Тетово. Според информациите од МВР, автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил запрен од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки. Возилото го управувал 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, ...

Ракометарите на ГРК Охрид направија голем чекор кон европски трофеј, откако попладнево во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп славеа против Татабања со 29:28. Охриѓани одиграа одлично прво полувреме, особено во дефанзивата, каде клучна улога имаше голманот Кристијан Пилиповиќ. Чуварот на мрежата мечот во првите 30 минути го заврши со девет одбрани, иако во еден момент заработи и двоминутно исклучување. Домашниот состав отвори моќно ...

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека во изминатите 24 часа дозволила минување на 33 бродови низ Ормускиот Теснец, еден од најважните поморски коридори во светот преку кој се транспортира значаен дел од глобалната нафта. Според иранските власти, низ теснецот поминале нафтени танкери, контејнерски и други товарни бродови, откако, како што се наведува, добиле одобрение и безбедносна придружба од морнаричките сили на Револуционерната ...

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен Балкан. Извештајот го пренесуваме во целост: Промовирањето на стабилноста и унапредувањето на економските интереси на САД во Западен Балкан ги прави Соединетите Држави побезбедни, посилни и попросперитетни. ...

Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено синоќа во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот. На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со ...

Во здравството, секоја информација има човечка вредност. Зад секој лабораториски резултат стои пациент кој чека одговор. Зад секој електронски упат стои лекар кој треба да донесе навремена одлука. Зад секој регистар стои систем кој мора да знае каде има потреба, каде има ризик и каде треба да реагира побрзо. Затоа дигитализацијата во здравството не е само технички процес, таа е нов начин на организирање на довербата. Таа е премин од ...

Основното јавно обвинителство во Битола покрена постапка против 40-годишен маж од градот, кој се сомничи дека насилно држел затворена и ја повредил 18-годишна девојка со која бил во блиска врска. Според деталите од случајот, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, откако девојката се враќала од матурантска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што таа влегла во возилото. Наместо да ја однесе дома, почнал да ...

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата низ целата држава приведе 14 возачи кои управувале возила на начин што сериозно ја загрозувал безбедноста во сообраќајот. Меѓу нив, осуммина биле зад волан иако воопшто немале возачка дозвола. Тројца возеле под дејство на алкохол, еден возач игнорирал активна забрана за управување, еден бил фатен како вози со брзина над дозволената, а еден управувал без дозвола и во алкохолизирана состојба. ...

Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада на патот кон Европската Унија, но мора да остане достоинствена и обединета, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека државата мора да влезе во Европската Унија, но без откажување од националниот идентитет и достоинството. – Нашите одлуки ...

Осум случаи на семејно насилство биле пријавени во изминатото деноноќие низ државата, а пет лица завршиле во полициска станица поради физички напади врз членови на семејството, партнери и деца. Најтежок е случајот во Неготино, каде 19-годишна девојка пријавила дека нејзиниот татко физички ја нападнал и ѝ се заканувал во семејниот дом. Според нејзината изјава, таа и нејзиниот малолетен брат подолго време трпеле психичко и физичко насилство. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека во текот на денот светот би можел да добие „добри вести“ поврзани со мировниот договор меѓу САД и Иран, со кој формално би можел да заврши конфликтот на Блискиот Исток. Рубио, кој престојува во официјална посета на Индија, изјави дека преговорите влегуваат во завршна фаза и дека се очекува официјална објава за напредокот на договорот. – Многу е веројатно дека светот во следните неколку ...

49-годишен маж е осомничен дека физички нападнал дете во дворот на основно училиште во Илинден, откако претходно неговиот син влегол во расправија со соученик. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, инцидентот се случил на 22 мај, кога момчето го повикало својот татко по недоразбирање со врсник во училишниот двор. Кога пристигнал во училиштето, осомничениот најпрво почнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови ...

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и силна – секој народ има право на образование, култура, духовен израз и сопствен јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржа во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“, каде се одржа свечената академија ...

Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси, дури и кога прашањето го отвора највисоката научна институција во државата – МАНУ. Во прилог е соопштение од локалната иницијатива „И Здравје ...

Водич во автобус, косовски државјанин, е лишен од слобода утринава кај Крива Паланка под сомнение за давање поткуп, соопшти полицијата. Инцидентот се случил денеска (24.05.2026) околу 06:30 часот, кога полициски службеници од Мобилната единица за компензациски мерки при Одделот за гранични работи и миграција запреле автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. При контрола на возилото било утврдено дека автобусот го управувал државјанин ...

Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал. Според информациите, кај него била пронајдена бела прашкаста материја за која во разговор со ...

Лажна дојава за пожар во семејниот дом на полскиот претседател Карол Навроцки во Гдањск предизвикала итна интервенција на пожарникарите, кои влегле во објектот откако биле алармирани дека има опасност од пожар, јавуваат полските медиуми. Според информациите, станува збор за уште една во серијата лажни дојави за итни случаи, кои во последните денови ги оптоваруваат службите во Полска. Портпаролот на претседателот, Рафал Лешкјевич, потврди дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија за време на ноќешниот масовен напад врз Киев употребила хиперсонична балистичка ракета „орешник“, во еден од најинтензивните напади во последните месеци. Според украинските власти, во нападот загинале најмалку четири лица, а околу 50 се повредени во Киев и околните области. Ракети и дронови оштетиле станбени згради, училишта и објекти во близина на државни институции. Зеленски ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговиот мандат се ближи кон крај и дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка, што предизвика нов бран реакции во политичката јавност во Србија. Зборувајќи пред новинарите во Пекинг, на почетокот од неговата посета на Кина, Вучиќ нагласи дека нема намера да го скратува мандатот по примерот на поранешниот претседател Борис Тадиќ. – Значи, можно е наскоро да поднесам оставка – изјави ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
65%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
65%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.09
55%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.24
63%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
7.64
64%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
68%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
53%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.26
69%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.6
47%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.47
96%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
53%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.65
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09