До изутринава до 7:30 часот територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ...

Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд“. ...

Петмина тинејџери се обвинети за претепувањето до смрт на 37-годишен маж во Пловдив. Обвинителството побарало тие да останат во притвор. Три момчиња и 2 девојчиња имаат од 14 до 17 години. Според истрагата, нападот бил однапред испланиран преку социјалните мрежи, пишува Bgonair. Тинејџерите се претставувале како своевидни „ловци на педофили“. Засега, сепак, нема потврда дека жртвата извршила такво кривично дело. Една од девојчињата, која ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Русија да не продолжува со нападите врз украинската логистика. Тој тврди дека Киев детално ги проучил слабите точки на рускиот систем. – Не би ја советувал Русија да продолжи да ја напаѓа украинската логистика бидејќи многу добро ја проучивме руската логистика – изјави Зеленски. Предупредувањето следувало по завршувањето на 40-дневната украинска операција. Зеленски ја одобрил ...

Двокатен автобус со полски средношколци се заглавил на рампата на траектот кон Корчула. Патниците го туркале и го треселе возилото, но тоа не се поместувало, пишува Индекс. Инцидентот се случил на траектната линија Оребиќ-Корчула. Траектот „Иловик“ требало да исплови во 14 часот. Автобусот, сепак, не можел ниту да се качи ниту да излезе. Сообраќајот целосно запрел повеќе од 1 час. Според читател на хрватски Индекс, линијата повторно ...

Албанија драстично ги заостри сообраќајните правила за опасните и за повторените прекршоци. Најтешката мерка предвидува трајно одземање на возачката дозвола. Се работи за повторниците фатени со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта. Построги последици следуваат и за возење без дозвола. Возачите ќе бидат казнувани, а ќе им се одложува и правото да добијат дозвола. Кај малолетниците правилото е уште построго. Правото за добивање дозвола се ...

Времето денеска, 9 август, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе ...

Полицијата уапси маж и жена во Велес, по пријава дека ги запуштиле и ги малтретирале децата. Нивните 5 деца се преместени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. „На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центарот за ...

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите се празни, а нивото на водата на Дунав во Батина падна на историски минимум од минус 140 сантиметри. Мештаните останаа без вода за наводнување на своите градини, додека домаќинствата се снабдуваат од водоводот Барања, објави ХТВ. Ѓуро Молнар, локален жител на Батина, вели дека сè уште има малку вода во неговиот бунар бидејќи при копање е пронајден извор. – Имам 40 до 50 сантиметри вода ...

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување договор со другата страна и решавање на отворените прашања преку преговори, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Тој додаде дека Техеран нема да ги прифати барањата на другата страна доколку нема напредок во преговорите. – Верувам дека сега е најдобро време за постигнување договор, бидејќи во земјата има кохезија, сила и единство – рече Пезешкијан. Тој оцени дека ...

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го потврди поранешниот личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, Тод Бланш, за генерален обвинител на САД. Сенатот, контролиран од републиканците, гласаше со 50-49 за изборот на Бланш, кој од април беше вршител на должноста генерален обвинител. Неговата номинација привлече значителна проверка и критики, вклучително и од самата Републиканска партија на Трамп. Републиканските сенатори Сузан ...

Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф денеска изјави дека Израел е закана за земјите на Блискиот Исток и повика на обединет фронт на муслиманските земји против него, објави „Тајмс оф Израел“. – Во контекст на Израел, сите муслимански земји мора да се обединат. Немам никаква сомнеж во тоа. Израел е производ на Балфуровата декларација, основан во 1940-тите како нелегитимна држава и може да претставува директна закана за која било од ...

Тинејџери се судрија со мотори на раскрсница во Ченто, соопшти полицијата. Возачот и сово и другиот мотоциклистзачот на еден од моторите се повредени и се пренесени на лекување. „На 7.8.2026 година во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улиците Маџари и Финска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки ...

Автомобил удри 8-годишно девојче во Гостивар, соопшти полицијата. „На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во 8-годишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти ...

Полицаецот кој во мај удри уапсен човек кој бил врзан со лисици доби кривична пријава за делото Малтретирање во вршење на службата. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на службата, по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад ...

Едно лице загина во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден, соопшти полицијата. Според полицискиот портпарол Фатмир Реџепи, околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде се очекува висока дневна ...

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската северноафриканска енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со оглед на моменталната неизвесност и ...

Изгаснат е големиот пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување, соопшти Центарот за управување со кризи. Градоначаникот на Сопиште, Јане Мицевски денеска од лице место соопшти дека пожарот избувнал во селото Чифлик кон селото Света Петка. – Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата ...

Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, соопшти ВЛЕН. „Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: Ноќе те убива, дење те оплакува. Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Белград, за време на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека го разбира неговиот скептицизам во врска со приклучувањето кон ЕУ, но дека Украина е во војна и тие имаат визија за тоа каква треба да биде државата во иднина. – Не станува збор само за реалност и ентузијазам во изборот на насока кон ЕУ. Го разбирам скептицизмот на ...

„Децата“ на Венко Филипче се децата на предавникот Зоран Заев, талогот од СДСМ испливува на површина, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. – „Деца“ осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина. Христијан Ефтимов, внук на Заеви, и Илија Стојанов, негов другар, ...

Со задоцнување од еден час денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д. премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со јајца, откако претходно од ...

Во мојата досегашна професионална, научна и политичка кариера сум напишал можеби и повеќе од илјада колумни. Најголемиот дел од нив биле посветени на политиката, на општествените состојби, на државата и институциите, на нашите успеси и порази. Сум пишувал анализи, полемики, стручни текстови, сум критикувал, предупредувал, предлагал. Но, ова не е таква колумна. Ова е приказна за еден татко и еден син. За една хармоника. За една реченица на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Белград, за време на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека го разбира неговиот скептицизам во врска со приклучувањето кон ЕУ, но дека Украина е во војна и тие имаат визија за тоа каква треба да биде државата во иднина. – Не станува збор само за реалност и ентузијазам во изборот на насока кон ЕУ. Го разбирам скептицизмот на ...

Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на `рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во Македонија со владиниот авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по повод 25-годишнината од заседата кај Карпалак, во која на 8 август 2001 година загинаа 10 македонски бранители од Прилеп, преку објава на неговиот Фејсбук профил се присети на двете заседи кај Карпалак. Првата заседа била извршена на крајот на јули врз припадници на полициската единица „Тигри“, а втората врз колона армиски резервисти на 8 август 2001 година, за време на ...

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ, 8 август е еден од тие датуми – ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската ...

Дрон денеска влезе во бугарскиот воздушен простор од Романија и експлодираше во близина на меѓународен гасовод. – Дрон што носеше значителна количина експлозив утрово влезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле. Дронот експлодираше во непосредна близина на граничниот премин Кардам со Романија, во близина на Црното Море на североистокот на земјата, на ...

Бројот на загинати мигранти по масовниот влез во шпанската северноафриканска енклава Сеута пред една недела се зголеми до 96, од кои 82 на шпанска страна и 14 на мароканска страна, објави денеска шпанската телевизија РТВЕ, повикувајќи се на официјални податоци. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) проценува дека вкупно 141 лице загинало кога ќе се додаде и обидот за влез во Мелиља, уште една шпанска енклава во Северна Африка. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53