Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Кога немаат идеи и резултати, во СДСМ произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. – Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека така повторно ќе дојдат на власт – рече Манасиевски. Таа ...
Голем број спортски и рекреативни содржини за сите генерации и различни нивоа на спортска подготвеност ќе понуди четвртото издание на „Ohrid Water Festival“ што од утре до 30 август ќе се одржува во водите на Охридското Езеро. Тоа го истакнаа на денешната прес-конференција во Охрид градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Фестивалот, Никола Вретоски. Втората половина на август во Охрид, според градоначалникот, веќе е препознатлива по ...
Министерството за здравство потврди дека има моментален застој во работата на ПЕТ/КТ скенерот на Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ). „Согласно официјалните информации од Институтот, моменталниот застој е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори апаратот ...
Вкупно 113.436 туристи ја посетиле Македонија во јуни годинава и оствариле 221.608 ноќевања, покажуваат податоците за туристичкиот промет. Од вкупниот број туристи, 22,8 отсто биле домашни, додека 77,2 отсто биле странски гости. Кај ноќевањата, 29,2 отсто биле остварени од домашните, а 70,8 проценти од странските туристи. Меѓу странските гости убедливо најбројни биле туристите од Турција. Во јуни Македонија ја посетиле 24.570 туристи од оваа ...
Полицијата го расчистува пукањето што се случи на 8 август во тетовско, при што три лица се лишени од слобода, соопшти МВР. На 10 август во 14:45 часот, на патот Тетово–село Селце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според полициските информации, А.Џ. се сомничи дека на 8 август околу 04:20 часот, додека се движел ...
На граничниот премин Блато e спречен обид за шверц на над 3.000 игли за тетовирање, соопшти Царинската управа. Царински службеници на влез на граничниот премин Блато заплениле повеќе од 3.000 парчиња игли и друга опрема за тетовирање, којашто возач на товарно моторно возило се обидел нелегално да ја внесе во Македонија. При детална контрола, царинските службеници во возилото, покрај иглите, откриле и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри мастило за ...
Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а беше усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка болница во Тетово, Клиничка болница во Штип, студенстки дом и медицински факултет, како и ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата. Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. – Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната ...
Само два месеца откако беше спречен да влезе во САД и го пропушти Светското првенство, сомалискиот судија Омар Артан доби огромно признание, УЕФА му го довери Суперкупот меѓу ПСЖ и Астон Вила. Артан (34) е делегиран за главен судија на натпреварот меѓу европскиот шампион ПСЖ и победникот на Лига Европа, Астон Вила. Средбата ќе се одигра на 12 август во Салцбург, а со назначувањето Артан ќе испише историја како прв неевропски судија кој ќе го ...
Помладата ќерка на Здравко Чолиќ наполни 20 години и потроши 10.000 евра за резервација во елитен ресторан на познатиот булевар Ла Кроазет, во марината Порт Канто во Кан, во кој се собира светскиот џет-сет. Пејачот има две ќерки (Уна и Лара) и не крие дека се разгалени, а тој се труди да им ја исполни секоја желба. За разгаленоста на ќерките на Чола често пишуваат и српските медиуми, кои тврдат дека двете девојки трошат премногу пари и дека ...
Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и за злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено дека Асад ги користел сите државни институции за олеснување на ...
Во време кога цените на електричната енергија на европските берзи се менуваат под влијание на глобалните економски и геополитички случувања, предвидливоста станува еден од најважните фактори за успешно управување со компаниите. Наместо постојано да се приспособуваат на пазарните осцилации, сè повеќе бизниси избираат договори со фиксна цена кои им овозможуваат стабилност и полесно финансиско планирање. За компаниите, електричната енергија не е ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5 милијарди и 11 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5 милијарди и 11 милиони евра и во однос на ...
Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40.000 регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 отсто од ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
„На 10.8.2026 година во 18:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.С.(33) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело Силување. Претходно, во 14.35 часот во СВР Битола, 21-годишна девојка од Шведска пријави дека ноќта на 8/9.8.2026 година во ноќен клуб во Охрид тој извршил обљуба врз неа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Александра Пријовиќ овие денови ужива со семејството на Хвар, но едно сосема обично одење на пијалак се претворило во случка која брзо се проширила на социјалните мрежи. Пејачката, нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ и нивните деца сакале накратко да седнат во еден ресторан, но на влезот биле одбиени. Сепак, зад ситуацијата немало никаква кавга или непријатност. Девојката која ги пречекала едноставно не знаела кого има пред себе, а во ...
Општина Центар започнува јавна анкета по нацрт деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. – Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или на Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара, Турција, со алтернативен воен авион, додека Белата куќа оставила впечаток дека претседателот патува со „Ер Форс Уан“, објави во понеделникот весникот „Вашингтон пост“, пренесе Дојче веле. Според извештајот, операцијата била поттикната од закана за атентат врз Трамп од страна на Иран. Тајната операција била организирана така што новинарите и дел ...
Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука за подготовка за воведување на системот е-Фактура на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање. Беше нагласено општините и јавните ...
Владите уште позасилено да го финансираат ископот и преработката на критичните минерали, апелира американскиот Центар за стратегии за критични минерали. Во последниот извештај, оттаму наведуваат дека проектите за критични минерали во западните земји се попречени поради недоволно финансирање, а со тоа државите остануваат зависни од Кина за материјалите кои се неопходни за технологијата и одбранбената индустрија. Додека западниот свет сериозно ...
СДСМ целосно скршна од курсот заземен уште од своето формирање – партијата која некогаш себеси се прикажуваше како државотворна, оттогаш до денес го смени знамето кое државава го доби пред точно 34 години, а денес лицемерно лее солзи за уметничка инсталација каде што се прикажува рефлексија на сонцето, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Како партија, најмалку десетина пати излегоа со погрешно знаме, и тоа не како дел од уметничка инсталација, туку на ...
Жизел Бундхен сподели редок и симпатичен момент со својот 18-месечен син, покажувајќи како малото момче ја имитира додека таа вежба на јахта. На фотографијата, манекенката стои со тегови во рацете и едната нога подигната, додека нејзиниот син се обидува да ја повтори нејзината поза. Токму оваа сцена ја поттикнала Жизел да напише пост за влијанието што родителите го имаат врз своите деца. – Децата учат многу повеќе од она што го правиме ...
Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека извршиле разбојништво во обид врз 14-годишник. СВР Скопје информира дека малолетниците биле лишени од слобода на 10 август во 20:40 часот на улицата „11 Октомври“ во скопската општина Центар. Според пријавеното, околу 20 часот на булеварот Кочо Рацин тие физички го нападнале 14-годишниот малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари. Во ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. И покрај тоа што девизните резерви ...
Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Кирил Лазов, реагираше по кривичната пријава што СДСМ ја поднесе за случајот со водата во Гостивар, во која е опфатено и неговото име. Лазов ја оцени пријавата како „небулозна“ и обвини дека станува збор за политички обид да се префрли одговорноста за долгогодишниот проблем со водата во Гостивар. – Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички ...
Јапонската инфлуенсерка Мина Чан, позната како голема обожавателка на К-поп групата ENHYPEN, починала на 26-годишна возраст откако си го одзела животот за време на Тик-Ток пренос во живо. Таа живееше во Јужна Кореја, а трагичниот настан се случил на 5 август. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, гледачи и познаник се обиделе да повикаат помош откако забележале дека ситуацијата во преносот станува алармантна. Полицијата подоцна ја ...
Една руска ѕвезда на „OnlyFans“ за малку избегна затворска казна, но беше осудена на парична казна од 60.000 долари и тригодишна забрана за користење интернет, во услови на пресметката на претседателот Владимир Путин со порнографијата. Софја Вершинина (21) беше прогласена за виновна за производство и дистрибуција на сексуално експлицитни видеоснимки на интернет, пред суд во Москва, Русија. Во услови на пресметката на Путин со она што се смета ...