Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има катастрофален ...

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политички спор кој кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни, јави Хина. Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнини од речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра) наместо на поранешните функционери, ќе биде пренасочен во ...

Екипата на Ал Наср предводена од Кристијано Роналдо ја освои титулата во Саудиската Про Лига, откако во последното коло убедливо славеше против Дамак со 4:1. Со оваа победа, Ал Наср ја заврши сезоната на првото место со 86 бодови, два повеќе од големиот ривал Aл Хилал, кој остана втор со 84. Домашниот тим го отвори резултатот преку Садио Мане, а на стартот од второто полувреме предноста ја зголеми Кингсли Коман. Гостите успеаја да намалат од ...

Македонија планира да се врати на Евровизија во 2027 година, по пауза од последното учество во 2022 година, кога земјата ја претставуваше Андреа Коевска со песната „Circles“. Информацијата произлегува од записникот на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, во кој е наведено дека претставници на Европската радиодифузна унија очекуваат Македонија повторно да биде дел од евровизиската сцена во 2027 година. Во разговорите со ЕБУ ...

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи објави дека над четири петтини од животните-скитници во Турција се веќе згрижени. Веста дојде по презентацијата на мобилната апликација за контактирање на бројот за итни случаи, објави Турската државна телевизија „ТРТ хабер“. – Вкупно 81 отсто од животните-скитници се згрижени во сите 81 округ на Турција. Од нив, 19 отсто остануваат вон прифатилиштата. Нивното згрижување е важно и за ...

Цените на нафтата утрово растат бидејќи трговците се загрижени откако Врховниот лидер на Иран нареди резервите на збогатен ураниум во земјата да останат во Иран, комплицирајќи ги тековните мировни преговори бидејќи демонтирањето на нуклеарната програма на Техеран останува централно барање на САД. Фјучерсите за нафтата Брент пораснаа за 2,6% на 105 долари за барел, а за северноамериканската суровата нафта WTI пораснаа за 1,9% на 98 долари за ...

Скопската обиколница ноќеска беше целосно затворена за сообраќај по тешка сообраќајна несреќа во која, според информациите што ги објави Алсат, животот го загубиле четири лица. Несреќата се случила околу 23:00 часот, кога директно се судриле автомобил „БМВ“ и камион со косовски регистарски ознаки. Од силината на ударот, автомобилот целосно изгорел. Поради трагедијата, сообраќајот на делницата Велес – Тетово бил во прекин речиси шест часа. Од ...

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица, синоќа се одржа концерт на светската музичка ѕвезда Рики Мартин. П оводот беше голем – прославата на 20-годишнината од обновата на независноста на Црна Гора, пишуваат црногорските медиуми. Десетици илјади граѓани го исполнија Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот на порториканската ѕвезда во живо, објавија црногорските медиуми. Не само што Плоштадот на независноста беше ...

Последното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани требаше да биде еден од оние денови во кои процесот конечно ќе добие појасна доказна линија. По месеци сведочења, потресни искази, читање претходно дадени изјави, приговори, отсуства и процесни расправи, јавноста очекуваше фазата на материјални докази да внесе поголема правна сигурност. Наместо тоа, судницата повторно откри нешто друго: дека проблемот на предметот не е само ...

Градските власти денеска не успеаја да затворат нелегален пешачки премин преку булеварот Крсте Петков Мисирков, кај Бит Пазар поради протест на околните дуќанџии и граѓани. Работниците беа спречени да ја заварат прекинатата ограда, а сообраќајот на булеварот на кратко беше блокиран. Граѓаните тврдеа дека тој премин им е секојдневен пристап до пазарот, Чаршијата, училиштата, амбулантите и објектите во тој дел од градот. Градските власти тврдат ...

Суд во Турција во четвртокoт ги поништи изборите за лидер на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) одржани во 2023 година, објави државната новинска агенција Анадолија, што е остра ескалација против загрозената опозиција во земјата. Пресудата го поништува резултатот од изборите за лидер на кои беше избран сегашниот лидер на партијата Озгур Озел и му наложи на поранешниот долгогодишен претседател на партијата, Кемал ...

ВМРО-ДПМНЕ му упати контра-понуда на лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој претходно предложи Собранието да ги усвои уставните измени за внесување на бугарското малцинство во уставот, за што, како што рече, тој е подготвен да ја сподели одговорноста со премиерот Христијан Мицкоски. Говорејќи од име на својата партија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во интервју за ТВ 24 изнесе предлог до СДСМ и Филипче. – Еве ви контра-понуда, ајде заедно ...

Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег – зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации. Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран. – Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормуската Теснина. Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил ...

Данските власти се откажаа од првичниот обид да го одвлечат трупот на грбавиот кит познат како „Тими“ до копното, откако напорите за отстранување на животното – покренати поради стравувањата дека надуениот труп би можел да експлодира во близина на туристичкиот остров Анхолт – наидоа на потешкотии. Официјални лица денеска се обидоа да го одвлечат китот во подлабоки води за да може да биде пренесен до пристаниште во Јитланд, но – како несреќно ...

Шест сплавови изгореа на Сава кај населбата Макиш во Белград денеска, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) за агенцијата „Бета“. МВР изјави дека нема повредени и дека пожарот е локализиран. 24 пожарникари, осум противпожарни возила и еден противпожарен чамец излегле на местото на настанот, гаснејќи го пожарот. Претходно „Инстаграм“ страницата „Мој Београд“ објави дека избувнал пожар на сплав на Сава, спроти Блок 45 во Нов Белград, ...

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека е започната темелна реконструкција на патот кон Средно Водно. – Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно – вели скопскиот градоначалник. Покрај ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. – Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...

Тело на непознато лице е пронајдено во буре во близина на српскиот град Инѓија, а првичните неофицијални информации во тамошните медиуми упатуваат на тоа дека е можно да станува збор за маж кој исчезна по крвав инцидент во Белград. Како што пренесува српска Нова.рс, на терен веќе се преземаат сите неопходни вештачења за потврда на идентитетот. – Во Србија, во близина на Инѓија, во буре е пронајдено тело на непознато лице, а Нова.рс ...

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четвртокот во 5 часот и 40 минути. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, епицентарот на земјотресот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само 3 километри, објави Ла Република. Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, регионот Кампанија, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени, ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. – Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...

За утре, петок, се очекува зголемен метеж на граничните премини кон Грција, особено на премините Богородица и Дојран, каде што во одредени периоди може да има чекање од неколку часа поради зголемен сообраќај на туристи и почеток на викенд и сезонски патувања. Според најавите, засилен проток на возила се очекува уште во раните утрински часови, при што најголеми задржувања може да има во периодите на најголем туристички наплив, кога голем број ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ескалацијата на Куба е непотребна и го нарече обвинението на САД против поранешниот кубански претседател Раул Кастро „многу голем ден“. – Нема да има ескалација. Не мислам дека е потребно. Местото се распаѓа – им рече тој на новинарите по враќањето од Конектикат, додавајќи дека САД „ја ослободуваат Куба“. Министерството за правда на САД во средата поднесе обвинение против 94-годишниот Раул Кастро, ...

Во рок од една недела Владата се очекува да го претстави решението со кое правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик – најави заменик-премиерот за европски прашања Беким Сали на прес-конференција. Тој рече дека консултациите се во завршна фаза и дека не станува збор само за правосудниот испит, туку и за поширок пакет поврзан со слични прашања. – Во завршна фаза се консултациите со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Млада мечка веќе неколку дена е во фокусот на внимание на битолчани откако граѓани објавуваат видео-снимки за нејзино движење низ атарите на битолските села, а синоќа е снимена и во градот во близина на Градското Шеталиште и Стадионот, јави дописник на Независен весник од Битола. На социјалните мрежи се објавуваат снимки направени од мештаните на селата Трн, Оптичари, Гнеотоно на кои се гледа како мечката талка низ ораниците и атарите на ...

Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно се очекува поголема дестабилизација на временските прилики – пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на својот портал Метеоаларм. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, соопшти дека по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донела следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на ...

Партијата Вреди целосно застана зад претседателот на Собранието Африм Гаши, кој, како што нагласува партиајта, за да избегне блокирање на државата заради дневна политика, е принуден да влече непопуларни потези кои му ги овозможуваат Уставот и Деловникот. „Без да се мешаме во состојбите во македонскиот политички блок, изразуваме жалење што СДСМ во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните на дневна основа создава нови и нови политички ...

Во последното деноноќие биле пријавени четири случаи на семејно насилство во различни градови низ државата, а две лица завршиле во полициска станица. Во Штип, полицијата го привела 33-годишниот К.Д. откако неговата 32-годишна сопруга пријавила дека по расправија во семејниот дом физички ја нападнал. Инцидентот се случил околу 03 часот по полноќ. Неколку часа подоцна, во Тетово бил приведен и 73-годишниот Ј.Д. По пријава од неговата 66-годишна ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.48
61%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
63%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.58
51%
1024
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.85
76%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
9.19
56%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
59%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.9
58%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.37
44%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
4.47
93%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
51%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.65
68%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Злато

131337.93

Калај

51.97

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97