Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Род Стјуарт (81) мораше да ги откаже сите преостанати концерти од својата турнеја откако неодамна беше подложен на рутинска процедура при која му е поставен коронарен стент. Неговиот тим соопшти дека тој добро се опоравува и веќе ги продолжил секојдневните активности. Сепак, лекарите му препорачале четиринеделен одмор за целосно да закрепне. Стјуарт лично им се обрати на обожавателите и призна дека е разочаран што мора да ги откаже настапите. ...
Физичка пресметка меѓу четири лица се случила во Кисела Вода, откако, според пријавеното во полицијата, претходно 32-годишен скопјанец физички ја нападнал малолетната ќерка на двајца од учесниците во пресметката. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 август 2026 година во 20:55 часот. Според пријавеното, во физичката пресметка учествувале Н.Ѓ. (43) и Р.Ѓ. (42) од една страна, и А.С. (32) и С.З. (34) од друга страна. Сите се од Скопје. Од ...
Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро, е извлечено по тридневна потрага, информира Министерството за внатрешни работи. На 11 август во 13:15 часот, во близина на туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од Единицата за специјална антитерористичка единица „Тигар“ го извлекла телото на скопјанецот. Според пријавеното во полицијата, на 8 август околу 12:20 часот М.М. ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишниот Л.Е. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според пријавата, во текот на 2025 година, осомничениот со лажно прикажување факти успеал да земе вкупно 15.000 евра од две лица од тетовскиот регион. Тој, според пријавеното, ги довел во заблуда дека може да им го среди работниот стаж остварен во странска земја, со што би ги исполниле условите за ...
Под мотото „Само сонот е стварност“, од 20 до 27 август ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...
Во земјава се активни пет пожари на отворен простор, а уште три се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата до 13:00 часот денеска, 12 август, регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, три се под контрола, а еден пожар е изгаснат. Најсериозна е состојбата во општина Македонски Брод, каде пожарот кај местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол, зафатил ...
Со панел-дискусија посветена на досегашната имплементација и на идните предизвици беше одбележана 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во Клубот на пратениците. На панелот беше истакната потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција, како и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Учествуваа ...
Принцот Хари и Меган Маркл наводно размислуваат за јавно извинување до кралот Чарлс, во обид да ги поправат нарушените семејни односи. Американскиот новинар Роб Шатер во својот електронски билтен „Naughty But Nice“, објавен на платформата Substack, тврди дека повеќе извори му откриле дека се водат сериозни разговори за тоа дали парот треба јавно да го признае минатото и болката што, според овие тврдења, му била нанесена на кралското ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се закани дека Русија би можела да започне со запленување европски бродови како одговор на плановите за продажба на товарот од пресретнати руски бродови кои се поврзуваат со таканаречената „флота во сенка“. Според Еуроњуз, заканата на Путин доаѓа по пресретнувањето на неколку бродови кои превезувале руска нафта, со што, според европските власти, ги прекршувале санкциите воведени против клучните ...
Сметам дека како држава сме созреани да имаме капацитет веќе да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество што е насочено пред сѐ на предизвиците на 21-от век и времето во коешто ние живееме. Бидејќи институциите, системот, државата му припаѓаат на граѓанинот пред сѐ, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на панел-дискусијата „Иднината на Охридскиот договор и градењето ...
Три интересни астрономски појави се врзани за 12 август – делумно затемнување на Сонцето, максимумот на метеорскиот дожд Персеиди и необично групирање на шест планети на утринското небо. Но, од Македонија тие не можат да се видат во исто време, ниту од секое место подеднакво добро. За оние што сакаат да погледнат кон небото, еве практичен водич што може да се види, во колку часот и од каде. Најпрвин – делумното затемнување на Сонцето вечерва. ...
Трката за новиот Џејмс Бонд доби нов пресврт откако британскиот водител и писател Ричард Осман го спомена Џек Лоуден како актер за кого, според неговите информации, сериозно се размислува за легендарната улога. Во подкастот „The Rest Is Entertainment“, Осман рече дека неодамна од сигурен извор слушнал кој би можел да биде следниот агент 007 – и го посочи токму 36-годишниот шкотски актер. Сепак, тој нагласи дека тоа не значи оти Лоуден веќе ја ...
Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење. „При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се ...
Можностите за продлабочување на соработката во авиосообраќајот и туризмот биле тема на работната средба на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. На средбата Николоски го истакнал потенцијалот на Македонија како туристичка и авио-дестинација, посочувајќи дека земјата бележи континуиран раст на воздушниот сообраќај и на бројот на странски туристи. Според ...
Кејт Бекинсејл ги избриша речиси сите објави од својот Инстаграм откако се соочи со низа сурови коментари за својот изглед и телесната тежина. 53-годишната актерка претходно објасни дека промената во нејзиниот изглед е поврзана со здравствени проблеми и со тешката загуба на нејзината мајка Џуди Ло, која почина во 2025 година. Таа на 8 август сподели низа „сториња“ во кои одговори на дел од коментарите, а потоа го исчисти својот профил. ...
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс“ не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко ...
ДУИ на посебен настан ќе ја одбележи 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Владата денеска организира одбележување во Клубот на пратениците, а ДУИ за утре закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На владиното одбележување е најавен панел на тема „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“, на кој како учесници се наведени градоначалникот на Тетово Билал Касами, поранешниот ...
Осумдесет и тригодишен пациент со повеќе хронични заболувања починал откако му била дијагностицирана и западнонилска треска. Здравствените власти апелираат на посебно внимание и превенција кај повозрасните лица и хронично болните, со оглед на тоа што кај овие категории постои значително поголем ризик од развој на потешка форма на болеста. Во последните 15 години во Македонија се евидентирани вкупно пет смртни случаи поврзани со вирусот на ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија. Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и ...
Добитничката на Греми ги однесе своите три деца, синовите РЗА и Рајот и ќерката Роки, на Ријана Драјв, улицата на Барбадос каде што пораснала, а која е преименувана во нејзина чест! Популарната 38-годишна пејачка сподели фотографии од моментот на својот Инстаграм. – Една минута се чувствувам како тоа дете од Вестбери… а во следната ги носам сопствените деца на „Rihanna Drive“. Лудо е како функционира животот. А славата сепак, секогаш ќе му ...
Повеќе од 120 скијачи приредија спектакуларна глетка во Ушуаја, Аргентина, спуштајќи се ноќе по глечерот Марсијал со запалени факели во рацете. Импресивното спуштање се одржа во саботата, 8 август, во рамките на 31. издание на традиционалната „Спуст со факели“, манифестација која се одржува повеќе од три децении. Настанот се одржа на планината Марсијал, над Ушуаја – градот во најјужниот дел на Аргентина, познат и како „крајот на светот“. ...
Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека извести дека во тек е координирана операција за пребарување и спасување на 4 млади португалски државјани кои исчезнаа синоќа за време на силна бура во Велебитскиот Канал во Јадранското Море. Поради исклучително неповолните временски услови на море, со силни бури и бранови високи до 3 метри, Центарот од Риека, во координација со Пристанишната управа на Сењ, ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Теферич во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач сè уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за една година да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...
Соопштението на СДСМ утрово за семејниот одмор на премиерот Христијан Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДСМ на ниски страсти и сеење омраза, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко Филипче како министер не реагирал и мува не го лазела. Но, кога сме кај одморите, чесно е СДСМ да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А – Венко е на одмор на јахтата на ...
Луси Дејвис, позната по улогата на Доун Тинсли во британската верзија на серијата „The Office“, откри дека боледува од рак на дојка во четврта фаза. 53-годишната актерка сподели дека дијагнозата ја добила пред околу година и пол, а болеста во меѓувреме се проширила на нејзините коски. Станува збор за ‘рбетот, десниот колк и ребрата, поради што лекарите го оценуваат ракот како неизлечив. Дејвис откри дека првиот знак бил многу мал и тврд дел ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места ...
На денешен ден во 2022 година, во најголемото масовно убиство во поновата историја на Црна Гора, 10 лица ги загубија животите, меѓу кои и две деца, додека 6 граѓани беа ранети. Главниот град Цетиње објави дека во спомен на жртвите знамињата на сите институции во Цетиње и на влезот во градот се спуштени на половина копје. „Со длабока почит и тага, ќе го зачуваме од заборав споменот на нашите невини маченички сограѓани“, соопшти локалната ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. За 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули. – Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер – посочува Андоновски на објавата на Фејсбук. Целта, како што вели, ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Спасено е бебе кое било заробено под урнатините. Од купиштата бетон од една урната зграда се јавил маж кој рекол дека е заробен заедно со бебето. Неколку луѓе веднаш почнале рачно да ги отстрануваат урнатините, по што успеале да го пронајдат детето и живо да го извлечат. ...