Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, ги соопшти деталите од денешниот договор меѓу Украина и САД, по што беше предложен едномесечен прекин на огнот во Украина.министер, украина, договор, САД. Денеска во Џеда, со топлото гостопримство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, САД и Украина презедоа важни чекори кон воспоставување траен мир во Украина. Претставниците на двете земји ја пофалија храброста на украинскиот народ во ...

Како одговор на денешното стапување во сила на царините од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија во САД, Европската комисија воведе серија контрамерки за „заштита на европските бизниси, работници и потрошувачи од влијанието на овие неоправдани трговски ограничувања“. – Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Контрамерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. Затоа што САД ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија од ДКСК. СДСМ денеска го поздрави брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата ...

Москва нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировници под никакви услови, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во разговор со американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано, рускиот министер недвосмислено отфрли какви било опции за покренување на таква иницијатива, пренесуваат светските агенции. Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека Европа и Велика Британија сакаат ...

Зголемените царини за увоз на челик и алуминиум (25 отсто) воведени од американскиот претседател Доналд Трамп денеска стапија на сила. Пред да стапат на сила тарифите, Трамп и се закани на Канада дека ќе ги удвои тарифите за извозот на челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, но се откажа од тие планови откако премиерот на Онтарио, Даг Форд се согласи да ја суспендира одлуката за воведување дополнителни давачки за извозот на електрична енергија од ...

Руското Министерство за надворешни работи вечерва оопшти дека не исклучува контакти со американски претставници во следните неколку дена, пренесе Скај њуз“ Ова е првата реакција од Москва откако украинските и американските претставници на разговорите во Саудиска Арабија постигнаа договор, а Украина начелно прифати 30-дневен прекин на непријателствата со Русија. Шефот на американската дипломатија Марко Рубио изјави дека „топката сега е во Москва“ ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“ кои се одвиваа денеска во Џеда, Саудиска Арабија. Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати денешниот американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот. Го сметаме за позитивен чекор, изјави тој, додавајќи дека САД „мораат да ја убедат ...

Разговорите се одвиваат во ред, допрени се голем број прашања, цитираше АФП изјавата на висок украински функционер, кој побара анонимност. Информациите од Џеда моментално стигнуваат, украинската и американската делегација се уште се на маса, а Би-Би-Си пишува за „криптичната“ порака на Андриј Јермак, емотикон за ракување, што може да сугерира дека има напредок. Американската и украинската делегација разговараат за договорот за експлоатација на ...

Онтарио „нема да се повлече“ сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не ги укине сите царини за канадските производи, изјави премиерот на оваа канадска покраина Даг Форд. Претседателот Трамп започна неиспровоцирана трговска и царинска војна со најблискиот пријател и сојузник на Америка, напиша Даг Форд на платформата Икс. Додека не исчезне заканата од тарифите засекогаш, нема да отстапиме, додаде тој. Оваа изјава уследи откако Трамп ...

Синоќешниот напад со беспилотни летала врз Москва, најголем во последните три години војна, беше обид да се охрабри Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот, изјави украински официјален претставник. Според Андриј Коваленко, шеф на украинскиот владин Центар за борба против дезинформации, нападот бил дизајниран како „уште една порака до Путин дека треба да биде заинтересиран за прекин на огнот во воздухот“. Не се работи само за рафинериите ...

Во Собранието на Република Северна Македонија започна расправата по интерпелациите за членовите на Судскиот совет. Прва на дневен ред е интерпелацијата за поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева. Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите Ова е клучен момент во борбата за владеење на правото, за ...

Со 77 гласа Собранието на Република Северна Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, ...

На 11 март, денот на раѓањето на мајката на сите македонски писателки – Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја востанови наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади. Наградата „Оливера Николова“ ќе се доделува секоја година на 11 март, а првиот конкурс се отвора денес и трае до 11 јуни 2025 година. Право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и ...

Премиерот на Онтарио, Даг Форд изјави дека во понеделник ќе започне наплата од 25 отсто за извозот на електрична енергија во три американски држави, предупредувајќи дека целосно ќе ја исклучи струјата доколку САД воведат нови царини за канадски стоки. „Ако САД ескалира (тарифите), нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, изјави Форд. Како што пренесе Си-Ен-Ен, тој вели дека „не сака да го направи тоа“. „Се чувствувам ужасно за ...

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп. „Срдечен разговор со Доналд Трамп Јуниор, син на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за билатералните односи меѓу Србија и САД и актуелните теми кои ја обликуваат глобалната политичка и економска сцена“, напиша на својот инстаграм профил српскиот претседател. Вучиќ напиша дека при ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар. Таравари посочи дека се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот. -Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички ...

Новинарката на Радио Белград, Милена Божовиќ денеска им се обрати на студентите пред зградата на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, но и на нејзините колеги кои ги покани да излезат и да им се придружат, јави Бета. Група вработени во РТС, членови на неформалната група „Наш протест“ се собраа пред зградата на јавниот сервис, која од синоќа е блокирана од студенти. „Ние сме вработени во РТС и тука сме да ја браниме честа и угледот на нашата ...

Делегации на Украина и на СAД денеска започнаа состанок во Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Министерството извести за почетокот на средбата во Џеда на својот официјален канал на социјалната мрежа Телеграм. На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се наведува дека средбата на американската и украинската делегација во Џеда е закажана за денеска напладне по локално време. Шефот на ...

СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство. Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот. Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова. И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани ...

Последната анкета на весникот за рејтингот на Трамп покажа намалување за 5% во споредба со претходната анкета и неговиот рејтинг сега е под 50%. Уште попоразително е што падот е најистакнат меѓу младите. Кај гласачите од 18 до 29 години, рејтингот на Трамп сега е намален за 18%. Анкетата покажа дека Американците се најзагрижени за економијата. Во споредба со анкетата од пред инаугурацијата на Трамп, дури за 9% е зголемена стапката на оние коишто ...

Засега едно лице загина, а најмалку се три повредени во голем напад со дронови врз Москва и тамошниот регион, изјавија властите. Регионалниот гувернер Андреј Воробјев кажа дека жртвите се од градовите Видноје и Домодедово близу Москва и дека се оштетени седум стана во една станбена зграда. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека се соборени 73 дронови кои биле упатени кон градот. Железничкиот сообраќај во еден округ е во прекин, а ...

Украина ќе предложи воздушен и поморски прекин на огнот со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија оваа недела, изјави украински официјален претставник за АФП во понеделникот, додека претседателот Володимир Зеленски пристигна во Ријад, објавија повеќе светски медиуми. Средбата во вторник во Саудиска Арабија ќе биде прва меѓу украинските и американските официјални лица откако средбата во Белата куќа меѓу ...

Јавниот сервис на Србија, српската Радио телевизија, ноќва е блокирана од студенти и граѓани. Студентите и граѓаните реагираат на уредувачката политика на РТС и на програмското игнорирање на студентските протести и на нивните барања. Граѓани постојано се придружува на блокадата. Српската А1 врши директен пренос. Раководството на РТС блокадата ја оценува како насилничка и неуставна. Протестот и блокадата стануваат се порадикални. Жандармеријата ...

Директорката за национално разузнавање на САД, Талси Габард, денеска изјави дека им ги укинала безбедносните сертификати на поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен и поранешниот советник за национална безбедност Џејк Саливен, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп. Габард, исто така, во објава на платформата „Икс“ напиша и дека претседателскиот дневен брифинг „повеќе не му се обезбедува“ на поранешниот американски ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио посочи дека Украина ќе треба да отстапи дел од својата територија како дел од каков било договор за ставање крај на војната. Мислам дека двете страни треба да прифатат дека нема воено решение за оваа ситуација, им рече Рубио на новинарите на летот за Саудиска Арабија, каде утре ќе има клучни разговори со украинските претставници. Русите не можат да ја освојат цела Украина, но исто така ќе биде многу ...

И покрај ангажирањето на значителен број руски трупи, дополнети со севернокорејска пешадија, непријателот претрпува значителни загуби во жива сила и техника, додаде тој. Украинските сили што се борат во руската Курска област не се изложени на ризик од опколување, и покрај неодамнешната руска контраофанзива во која учествуваа и севернокорејски војници, изјави главниот командант на украинската армија Олександр Сирски. Сирски, кој изјави дека ги ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите одбранбени пакети, зајакнувањето на противвоздушната одбрана и дополнителните инвестиции во одбранбената индустрија се клучни чекори кон мирот. Во изминатите неколку недели, европските земји донесоа десетици одлуки за зголемување на поддршката за Украина, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој нагласи дека силните позиции на фронтот мора да бидат поддржани со ефикасна дипломатија ...

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Саудиска Арабија, соопшти претседателскиот советник Дмитро Митвин, пренесува Укринформ. Зеленски ќе се сретне со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, пред утрешната официјална средба меѓу делегациите на Украина и САД. Саудиската државна телевизија објави дека Зеленски слетал во пристанишниот град Џеда, на брегот на Црвеното Море, каде што утре ќе се одржи состанокот ...

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. Ние уште не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат одредени филтри за сите ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
47%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
52%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.64
45%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.72
33%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
53%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
25%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
57%
1020
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
73%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505