Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на претходно рочиште ја призна вината за убиството на неговата партнерка Пешева. Адвокатите на семејството Пешеви и Обвинителството побараа доживотна казна затвор за сторителот. Според обвинението, осудениот се товари дека откога се договориле и се сретнале со жртвата пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен ...

Тина Иванова: Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и ...

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да ја анализира содржината. Интерпелацијата, која е поднесена во Собранието, ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и сум во фаза на анализирање на причините и, генерално, на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе ѝ биде соопштен. Јавноста нема да остане без моето ...

Поранешниот собраниски спикер и кандидат од владејачката Нова демократија, претпладнево со 160 гласа „за“ од пратениците беше избран за претседател на Грција за време на четвртото гласање во Парламентот за шеф на државата, на кое потребно беше еден од четворицата кандидати да добие најмалку 151 глас. За Тасулас гласаа целата пратеничката група на Нова демократија, вкупно 156 пратеници, двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега ...

Еден Палестинец загина, а друг тешко повреден во израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестинската новинска агенција ВАФА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал на Телеграм објавија дека дрон прелетал од израелска територија над јужниот дел на Појасот Газа. Дронот бил надгледуван од армијата, која потоа го соборила леталото и двајца осомничени кои го извлекувале. ИДФ соопшти дека имало ...

Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, но и претпладнево. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и низа потреси со јачина од над 4 степени. Претпладнево, во период од помалку ...

Во рускиот ракетен напад во раните утрински часови на 12 февруари во областа Оболонски во Кијив, едно лице загина, а четири други беа повредени, меѓу кои и едно дете, пренесува Укринформ според Државната служба за вонредни состојби. Спасувачите го изгаснаа пожарот во делумно уништената деловна зграда. Според кијивската полиција, остатоци паднале во областите Холосиивски, Свијатошински и Оболонски во главниот град. На местото работат полициски ...

Американското Министерство за образование побара од Националниот сојуз за универзитетски спорт (NCAA) и клучните средношколски спортски организации да ги укинат титулите, наградите и рекордите што биле „неправилно постигнати од биолошки мажи кои се натпреваруваат во женски категории“. Во соопштението на Министерството се наведува дека барањето е „целосно во согласност со новата политика на Националниот сојуз. Барањето беше испратено и до ...

Папата Франциск во отворено писмо до католичките епископи во САД остро го критикуваше планот на американскиот претседател Доналд Трамп за депортација на милиони мигранти. Западните медиуми посочуваат дека вакво директно писмо од папата до верниците е реткост. Папата, кој претходно го нарече планот „срамота“, во писмото нагласува дека е неправедно да се сметаат сите мигранти без документи за криминалци. Ги повикувам сите верници во Католичката ...

Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало на 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека ваквата одлука е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажува дека кај трговците на мало ...

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, ...

Живко Грозданоски денеска на прес конференција ги објави добитниците на пет награди за 2024 година, а наградите ќе бидат доделени задутре во 12 часот. Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело. „Посвети и пофалби“ од Иван Џапароски, во издание на „Дијалог“ е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка. „Бакнежи на небото“ од Иван ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска. „Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност“, изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година. Русија тогаш ги анектираше регионите ...

Кристина Костова: Маркетите да ги објавувале цените на интернет, граѓаните да ги споредувале, а премиерот со рацете у џеб да си посматра како тонеме во сиромаштија, ич мува да не го лазе, око да не му трепне, а скраја да е некоја конкретна мерка да спроведе. Со скрстени раце набљудува како забрзано се празнат џебовите на граѓаните, како странските фирми се пакуваат и си одат, оставајќи илјадници без работа и плата, како работниците, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, и покрај предупредувањата од Европа и Кина. „Утврдив дека увозот на челични производи од овие земји се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, рече Трамп во извршната наредба. Тој издаде посебна наредба за увоз на алуминиум. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали. „Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. „Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, ...

Американската војска повеќе нема да прифаќа трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите за промена на полот на своите членови, се вели во писмото доставено до судот од министерот за одбрана Пит Хегсет. „Со примена веднаш, се става пауза на сите нови приеми на лица со историја на родова дисфорија“, се вели во писмото на Хегсет, поднесено во Окружниот суд во Вашингтон. „Сите непланирани, закажани или планирани медицински процедури ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се откаже примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе пушти „портите на пеколот да се отворат“. Зборувајќи со новинарите додека потпишуваше серија извршни наредби во Белата куќа, Трамп рече дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од ...

Бранко Тричковски: Неполн месец по почетокот на проектот “Мејк Америка грејт агеин”, Штатите никогаш не биле помали, понеугледни и попрезрени. Светилникот на слободниот свет, кој ја дефинираше водечката улога на Америка повеќе отколку сите носачи на авиони и атомски бомби, инвестираше во својата водечка улога, но и наплатуваше огромни бенефити, сега самоиницијативно го исклучи големиот рефлектор и реши да се претвори во нешто како ИСИС на Запад. ...

Главните обвинители на 22 американски држави, управувани од гувернери демократи, поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради кратењето на финансирањето за универзитети, медицински центри и други истражувачки институции. Трамп го објави ова кратење во петокот, што предизвика силни реакции во научната заедница. Тужбата е поднесена пред федералниот суд во Бостон, каде што државите аргументираат дека одлуката на ...

Напади со руски беспилотни летала во текот на ноќта предизвикаа пожар во Киев и повредија една жена, а општетени се и неколку куќи во североисточниот град Суми, соопштија во понеделникот украинските власти. Украинската војска во понеделникот соопшти дека соборила 61 од 83 беспилотни летала, а 22 најверојатно биле соборени со електронски блокатори. Нема информации за повредени во нападот што предизвика пожар во зграда во Киев, изјави ...

Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување. Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење, рече тој. Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат ...

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно посочи дека е потребен нов светски поредок кој ќе ги земе предвид интересите на исламскиот свет, кој брои над две милијарди луѓе, пренесоа турските медиуми. Не може да има мир, спокојство и развој на човештвото таму каде што нема правда. Не може да има правда во систем во кој исламскиот свет, чие население надминува две милијарди луѓе, не е претставен, нагласи Ердоган во главниот град на ...

Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства. Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ објаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел ...

Стотици луѓе денеска протестираа пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево поради начинот на кој властите во земјата реагираа на поплавите, во кои загинаа 27 лица во октомври минатата година и да побараат казна за одговорните за жртвите и уништувањето. На протестот, организиран од неформална група студенти преку социјалните мрежи, учествуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и жителите на Јабланица, најтешко погодено место при минатогодишните ...

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, пренесува денеска ТВ 21 информација на Си-Ен-Ен Албанија. Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари. Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку контроли во деловните ...

Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени. Земјотреси над 4 степени беа регистрирани и синоќа од кои најсилниот беше 5 степени. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека поради сеизмичката ...

Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ). Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март. И покрај тој ценовен врв, цените на природниот ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека онколошките пациенти во државава веќе имаат терапија. Истовремено, тој нагласи дека дисперзацијата мора да функционира. За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат ...

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места. Во Косово со право на глас имаат 1.970.944 граѓани, а во дијаспората 104.924 лица. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји. На деветте парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста учествуваат 28 политички ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
78%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.45
59%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
1.34
37%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 19ᴼ
0.63
52%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1012
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69