
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Насер Зибери: Со соодветна и правична застапеност која ја отсликува реалната состојба на бројот на населението по етничка структура може да се пофали Собранието на Република Северна Македонија, неколку министерства, може да се пофалат неколку единици на локална самоуправа без оглед каде е доминантно македонското или албанското население, но има многу институции каде отстапуваат од ова правило и јас при објавување на минатогодишниот извештај ги ...
Роман Бусаргин, гувернер на руската област Саратов, објави дека беспилотни летала нападнале воен аеродром лоциран во регионот. Бусаргин рече дека нападот бил запрен, а беспилотните летала се уништени. Нема информации за жртви или материјална штета. Претходно, беспилотни летала неколку пати го нападнаа воениот аеродром во Енгелс, регионот Саратов. Како што објави Укринформ, ноќта на 5. април, воените аеродроми во руските региони Ростов, Саратов и ...
И покрај овие тешки предизвици, постои причина за надеж. Бранителите на човековите права, независните новинари и безброј обични луѓе продолжуваат да се борат за вистината и правдата, одбивајќи да бидат замолчени. ЦивилМедиа На Меѓународниот ден на човековите права, CIVIL – Центар за слобода алармира за црната реалност во која човековите права се под жесток напад низ целиот свет. Од разорните ефекти на војната до потиснувањето на слободите од ...
Не треба да се потцени дрскоста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ако пропадна сириската тиранија, зошто да не се обидеме да ја собориме и во Иран? Нетанјаху веќе не можеше да одолее на искушението да ги надмине обичните одбранбени мерки: тврдејќи дека договорот од 1974 година со кој се регулира поделбата на силите меѓу Израел и Сирија пропадна, тој им нареди на израелските трупи да ја преземат контролата и врз сирискиот дел на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција потврди дека во тек е акција против организирана група од 23 лица, а меѓу нив е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, но тој во моментов е надвор од државата и не е достапен за органите на прогнот. Лицата, како што претходно беше објавено според првичните информации се осомичени за криминал во врска со работењето на на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, а ...
Вокер Турк: Оваа година беше обележана со ужасен број на луѓе убиени и тешко повредени во конфликти, на и надвор од бојното поле. Цената на војната е толку висока. Човечката жртва е непроценлива. Државите треба да направат се што е во нивна моќ за да инсистираат таквите бесмислени конфликти и страдања да завршат. Светот мора да се оттргне од смртната спирала на милитаризираните пристапи кон безбедноста и да го најде патот назад кон посредување, ...
Володимир Зеленски кажа дека прифаќа дипломатско решение на војната во Украина и предложи распоредување странски војници во земјата додека таа не влезе во НАТО. Ова е последниот сигнал од Киев дека е расположен за преговори додека се чека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Украина сака оваа војна да заврши повеќе од кој било. Без сомнение, дипломатско решение би спасило многу животи и ние го бараме, изјави Зеленски. Тој додаде дека е ...
Израелската армија e на околу 25 километри југозападно од Дамаск пo нејзиниот упад во Сирија, соопштија денееска сириски безбедносни извори, откако Израел зазеде тампон зона на југот на земјата и изврши воздушни напади врз сириската армија и воздушните бази во текот на ноќта. Воената операција на Израел во Сирија дојде два дена откако бунтовничката алијанса брзо го собори претседателот Башар ал Асад и во време кога регионот и светските сили се ...
Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции. Стејт департментот на ...
Башким Селмани: Криминалот и корупцијата го погодија и Специјалното обвинителство. Од тој момент Соединетите Американски Држави се главниот иницијатор за функционирање на правната држава. Ова е многу лоша порака од Стејт департментот за функционирањето на владеењето на правото. Во правдата се вели дека нема криминал без траги. Ова е морално право со кое Северна Македонија мора директно да се справи и да се бори против криминалот и корупцијата за ...
Владата го назначи Христовски за директор на АНБ на 16 октомври, а од тогаш не престануваат реакциите за неговото именување и дали тој ги исполнува условите да ја води АНБ. Најспорен беше неговиот ТОЕФЛ сертификат за англиски јазик издаден од јазичниот центар „Јулија“ од Пловдив за кој во јавноста беше откриено дека не постои и не се занимава со полагање. За ваков ист фалц сертификат две директорки биле осудени на условни казни. Фросина Факова ...
Во 2022 година, американскиот Стејт департмент објави извештај до Конгресот за проценетата нето вредност и познатите извори на приход на тогашниот сириски претседател Башар Ал-Асад и неговото семејство, што се проценува на меѓу 1 и 2 милијарди долари. Извештајот ги опфаќа финансиите на Башар Ал Асад, неговата сопруга Асма, братот Махер, сестрата Бушра, братучедите Рами и Ихаб Махлуф и неговиот вујко Рифат Асад. Сепак, немаше доволно информации ...
Се работи за проневера на околу 6.5 милиони евра пари на РЕК Битола преку злоупотреба на раководните функции на лица од Комбинатот и нивни надворешни бизнис соработници, рече премиерот Христијан Мицковски денеска на прес конференција, а по повод утринската акција на МВР во која, како што соопшти МВР, уапсени се 29 лица. Мицковски посочи дека биле најдени многу докази но тоа, како што изјави, го остава на обвинителните и на судските органи. ...
10 декември, Меѓународен ден на човековите права, како потсетник за важноста на еднаквоста, правдата и достоинството за сите луѓе ширум светот. Темата за Денот на човековите права 2024 година, „Нашите права, нашата иднина, токму сега“ , ја нагласува континуираната важност на човековите права во справувањето со глобалните предизвици. Оваа година, Канцеларијата за човекови права на ОН ( ОХЦХР ) има за цел да ги информира и промени перцепциите за ...
Постојаниот комитет на Бернската конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, Франција, минатата недела повторно го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на дадените препораки за разрешување на овој случај. Една од главните препораки е ...
Се почести се претставките од ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност кои се однесуваат на условите во неформалните населби. Условите во кои живеат Ромите се мошне лоши, често под нивото на прокламираните стандарди на соодветно домување. Се работи за долгорочно населени населби со нејасен сопственички статус, надвор од урбаното планирање кои немаат основна ...
Тајпеј: Кина ја распоредува својата најголема поморска флота во регионалните води во изминатите речиси три децении, а заканата за Тајван е поизразена отколку во случајот со претходните кинески воени вежби, објави денеска тајванското Министерство за одбрана. Портпаролот на Министерството за одбрана, Сун Ли-Фанг во Тајпеј, рече дека обемот на моменталното распоредување на кинеската морнарица во областа што се протега од јужните острови на Јапонија ...
„Сакам мирен живот во кој нема да морам да се грижам дали имам 15 евра за пазарење“. Hina/ France 24 Били Фусто не бара голема плата: студира архивар и не сака ништо повеќе од „мирен живот“ дома во Италија. Но, како и десетици илјади други млади дипломирани студенти во земјата, 24-годишникот стравува дека нема друг избор освен да емигрира. Повеќе од милион Италијанци ја напуштиле земјата во изминатите 10 години, од кои една третина на возраст од ...
Бранко Тричковски: Пред Уставниот суд треба са стражарат чуварите на македонскиот јазик затоа што од иницијативите на вмро за ревизија или дури укинување на законот за јазиците, најзагрозени се македонскиот јазик, македонската нација и македонската држава, односно државната идентификација и реализација на македонскиот народ. Албанците ќе најдат решение за албанскиот јазик ако судиите и владејачката партија заедно со академските коцаревистички ...
Аскар Акаев, соборениот претседател на Киргистан, дојде во Москва по бегството од уличните протести познати како револуција на лалињата во 2005 година. Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично му дал азил на Асад. „Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука“, рече Песков, ...
Артан Груби и Енвер Беџети се новите лица на антикоруптивната црната листа на САД. На Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, злоупотребата на Соединетите Држави ги презема следните активности за промовирање на одговорност за сторителите на корупција и човекови права ширум светот. Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во ...
Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на на Стејт департментот. Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ...
Советот на ЕУ денеска одобри исплата на втората транша финансиска помош во рамките на Украинскиот механизам, во износ од над 4,2 милијарди евра во форма на грантови и заеми, наменети за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и за функционирањето на нејзината јавна администрација. Со денеска усвоена одлуката, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во Планот за Украина за да може да добие ...
Украина го претстави новиот хибриден дрон-ракета кој, според Киев, веќе е користен во борба и сега влегува во масовно производство. Најновото домашно оружје, познато како „Пекло“, има значително поголем дострел од крстосувачките и тактичките балистички ракети, кои на Украина ѝ беа испорачани од западните земји. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека првата серија од ова оружје е веќе испорачана на армијата, но не прецизира колку ...
Друзите ќе можат да се договорат со кој било. Може да се очекува битка меѓу салафитите и Курдите: тие се мразат едни со други, иако понекогаш имаат привремена соработка. Но, веќе во еден од регионите на Сирија, салафитите тргнаа против Курдите. Ќе се обидат да ги освојат сите територии и од нив. Она што го гледаме овде е всушност војна меѓу сунитите и шиитите. А Турција како сунитска земја природно е на страната на сунитите. Ноќта на 8. ...
Изгледа излез за пензискиот фонд ни е негова потполна интеграција во државниот буџет со потребна даночна реформа и напуштање на принципот на генерациска солидарност. Нема солидарност од генерации кои нема да постојат. Сериозно разгледување на австралискиот и новозеландскиот модел на пензија за сите граѓани кои исполнат одреден број години (таму е 67 години за мажи и 64 години за жени) и заснованост на пензијата врз годишните приходи на ...
Ивон Величковски: И до и по 1991, Скопје ги следеше параметрите на „граѓанство“ поставени од Белград, а Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите – не смееја да и го попречат “ексклузивитетот” на југо-македонистичката „елита“ да нормира што е „граѓански“, а што не е. Оттука потекнува отпорот и кон Рамковниот договор и кон Уставот и кон нацијата на Северна Македонија од партиите, од “гранките” на скопскиот Правен во ...
Брзиот колапс на режимот на Асад во Сирија, режим на кој Кремљ помогна да се поддржи од 2015 година, е стратешки политички пораз за Москва и го фрли Кремљ во криза додека се обидува да ја задржи својата стратешка воена база во Сирија, се вели во извештајот на тинк-тенк Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон. Русија интервенираше во име на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во 2015 година со цел да го ...
За разлика од оваа Владина позиција, социјалдемократскиот концепт, е субстантивно врзан за солидарноста, и социјално интервентни полтики, т.е. по должност и вредност, вистински се грижи за стандардот на работникот, и на граѓанинот. И, неспорно е дека минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари. Ана Чупеска Во чиј интерес и со каква цел се клати клатното на меѓуетничкиот раздор, се ...
Да, сограѓаните Албанци „ЧМААТ СО НАС” затоа што ВМРО-ДПМНЕ е паметно само за себе кога нејќе во ЕУ, а во јавност божем трперливо се колеба, приговарајќи дека не чинело што и да имаше на маса – но истото е енормно глупо за сите нас, како граѓани, како народ. Емилија Целакоска Ќе честитам денес за Климент Просветител со рендање на денешни антипросветителски потрчковци на ВМРО-ДПМНЕ, кои не заслужуваат поединечно внимание, затоа што дејствуваат ...