Специјалниот советник на Трамп, Ричард Гренел изјави дека американските даночни обврзници финансираат екстремно левичарски државни медиуми и дека е време да се затворат. Неговите зборови ги поддржа Илон Маск Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми финансирани од американските даночни обврзници. Тие се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со ...

Фатмир Битиќи: Цените растат, а Владата нема стратегија како да ги ублажи шокови врз куповната моќ на граѓаните. Наместо решенија, гледаме хаотични потези и несериозни изговори. Во меѓувреме, одредени кругови профитираат, додека граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај. Минималната плата од 30.000 денари не смее да биде далечен сон, туку економска реалност. Ако Владата навистина се грижеше за граѓаните, досега ќе имаше конкретни мерки за раст ...

На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени. Протестот го организираше групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов. Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност. Со затворање на раскрсницата ...

Кијив / Москва: Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон истрелани од Русија врз Украина. Додека 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија фрлила над 1.260 бомби и лансирала речиси 760 беспилотни летала, како и повеќе од 10 балистички ракети од различен тип. Тој додаде дека руското воено производство се потпира на шеми за ...

Бранко Тричковски: Можеме да бидеме туристичка дестинација во која луѓето би доаѓале да гледаат како будалите ги бранат националните интереси. Како нивниот премиер пелтечи десет зборови мешајќи им го редоследот во пет варијанти, седум години. Тој се однесува како политичка кретенчуга од највисок ранг. Нивната претседателка е како принцеза извадена од театарот за деца во време кога театарот немал доволно пари да ја увежба и дотера попристојно за ...

Студентите од Србија денеска ги повикаа граѓаните да се соберат на улиците низ сите градови за да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе. Во Белград е најавена блокада од 11 до 18 часот на најпрометниот мост Газела, додека во Нови Сад од 11 до 14 часот ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот. Протести во Србија почнаа по уривање на ...

Сите избирачки места се отворени утринава во седум часот. Најмногу гласачи со српска националност се запишани во Северна Митровица и тоа 18.781, а гласаат во шест избирачки центри со 24 избирачки места. Србите раселени од Косово, од сите 17 белградски општини, тргнаа кон Косово за да го остварат своето право на глас на Косово. Повеќето Срби кои заминаа на Косово веруваат дека со гласањето за Српска листа ќе придонесат за подобрување на положбата ...

Три лица загинаа кога автомобил влетал во реката Вардар кај селото Рашка, јавуваат неколку веб портали. Стојанче Ангелов, директор на Центарот за кризи, потврдли дека сите три жртви се од женски пол. Автомобилот бил извлечен од реката, а телата на жртвите биле внатре . Продолжува потрагата по четврто машко лице кое најверојатно испаднало од возилото во реката Вардар, рекол Ангелов. На местото на несреќата било пронајдено четиригодишно дете кое ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“. Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“. – Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп. Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има ...

Венко Филипче: Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници, историски најбрзо носење до просјачки стап. Тоа е страшно осиромашување на граѓаните. Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ...

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпишал закони врз основа на кои се издвоени 50 милиони долари за да се заштити оваа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми. Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа издвоени за Министерството за правда на Калифорнија за да се справи со правните постапки ...

Дарко Аврамовски: Интерпелацијата е прашање кое што го покренуваат пратениците, а не членови на извршната власт. Интерпелацијата не значи дека по автоматизам престанува мандатот на функционерите избрани од Собранието. Би било многу подобро доколку видевме конкретен план како би се избрале новите членови на Судскиот совет, за барем да бидеме уверени дека имаме некаков план за во иднина да може да даде некои одржливи резултати. Вака извршната ...

Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција. Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија – АфД. Додека „Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во ...

Уште еден „црн петок“ за маркетите во Северна Македонија. Поради бојкотот поттикнат преку социјалните мрежи, вчера, јави УЈП, прометот е помал за 22.12 % од неделниот просек. Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен ...

Трите балтички држави во саботата ги исклучија своите електроенергетски системи од енергетската мрежа на Русија, соопштија операторите во регионот, дел од планот дизајниран за поблиска интеграција на земјите со Европската унија и зајакнување на безбедноста. Естонија, Летонија и Литванија се исклучија од заедничката мрежа IPS/UPS и ќе се синхронизираат со мрежата на ЕУ во недела, откако во меѓувреме ќе работат сами. Ја постигнавме целта кон која ...

Американски федерален судија привремено го блокираше од страна на владата на Доналд Трамп планираното принудно „отсуство“ на 2.200 вработени во Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД. Претставници на вработените претходно поднеле тужба. Тие тврдат дека администрацијата на Трамп нема овластување да ги испрати вработените на „административно отсуство“. Судијата нагласи дека неговата забрана е само привремена додека трае судскиот спор. Претходно ...

Хамас денеска треба да ослободи уште тројца заложници во замена за десетици Палестинци затворени во израелските затвори како дел од договорот со Израел за примирје во Појасот Газа. Според палестински и изралески извори, заложниците кои ќе бидат ослободени се Ели Шараби (52), Охад Бен Ами (56) и Ор Леви (34). Тројцата биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Тоа ќе биде ...

Тонино Пицула: Студентите и граѓаните кои протестираат мора да одлучат како ќе продолжат со нивните протести и секако мора да ги артикулираат политички. Протестните маршеви и блокадите ја ставиле земјата во нешто како вонредна состојба. Ми се чини дека студентското и граѓанското движење во Србија бара некаква социјална еманципација, поточно, еманципација на општеството од државата, што покажува многу карактеристики на заробена држава и хибриден ...

Ричард Гренел: Односите меѓу Косово и Соединетите Држави се на најниско ниво во историјата. Косовскиот премиер Аљбин Курти го осудувале и првата администрација на Доналд Трамп, администрацијата на Џозеф Бајден, НАТО, Европската Унија и други. Курти претходно за приштинските медиуми изјави дека односите меѓу Косово и САД се на најдобро ниво досега. Заблуда. Односите никогаш не биле на пониско ниво. Албин Курти го осудуваа првата администрација на ...

Венко Филипче: СДСМ ќе поддржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во Собранието кое че ги дефинира и контролира и заеднички ќе ги спроведува реформите во правосудството. Не смееме да дозволиме нова партизација и окупација од страна на власта а ќе подржиме ако ВМРО ДПМНЕ има само искрена намера.Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат ...

Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе. Претседателот на здружението, Ертан Шаќири рече дека изминатите пет и пол години откако постои „СОС Вита“, биле доделени 170 електрични колички на лица на кои им се потребни. Посакувам луѓето со ...

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци. Одлуката по кривичниот предмет KЖ- 1047/24 е донесена на нејавна седница одржана на ден ...

Димитар Николовски: Скопје има проблем и со Софија и со Брисел. Со Софија, затоа што нереално очекуваме дека тие ќе се согласат за некакви промени во рамката па потоа ќе ги убедат и останатите земји од ЕУ. Со Брисел затоа што сакаме да добиеме олеснителни околности и да се промени еден тешко постигнат консензус на ниво на Унијата, т.е. преговарачката рамка. И двете дестинации не покажуваат никаква волја да ги променат своите ставови и поради тоа ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека оставката на Владата треба да биде објавена најдоцна за 10 до 12 дена, па рокот за формирање на нова Влада или за нови избори ќе започне на 17 или 18 февруари, пренесува Nova.rs. Вучиќ изјави дека тоа би значело дека мора да има нова влада до 19 или 20 март, во спротивно ќе има на избори на почетокот на мај. „Мислам дека е добро да се обидеме да формираме добра влада, бидејќи Експо ни е ...

Кренар Лога Со иницијативата за разрешување на членовите на Судскиот совет, Северна Македонија отворено се спротивставува на Извештајот од Оценската Мисија, испратен во Македонија од ЕУ во 2023 година, кој е исто така инкорпориран во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 год. Сето ова е исто така дел од Реформската агенда на ЕУ за Западен Балкан, во рамките на која Северна Македонија добива средства и грантови во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без ...

Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените. Ги повикуваме сите граѓани на Црна Гора да не купуваат ништо во мегамаркетите на 7 и 8 февруари. Ако мора да набавите основни намирници, купете ги на мали, локални пазари. Да ги поддржиме оние кои се со нас, а не оние кои не ограбуваат! ...

Од понедленик во Србија почнува седумдневен штрајк на актерите во театрите кои изразија целосна солидарност со студентите и безусловна поддршка на сите нивни барања, јавија српските медиуми. Во заедничко соопштение тие наведуваат дека тоа се случува првпат во историјата на српските театри, прифаќајќи го повикот на судентите да се борат за работа на институциите и одговорен однос кон сосптевајта дејност. „Свесни сме дека со децении сме сведоци на ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска реагираше на санкциите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп против оваа институција, нагласувајќи дека ќе продолжи да обезбедува „правда и надеж“ во светот. „МКС ја осудува издадената Извршна наредба на САД со која се настојува да се воведат санкции против неговите официјални лица и да се нанесе штета на неговата независна и непристрасна судска работа“, се вели во соопштението на судот. ...

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст. Дел од медиумите објавија дека Игор Југ барал повторување на постапката, но Кривичен суд утрово ја демантираше таа информација. Оттаму информираа дека до Кривичниот совет не е доставено барање за повторување на постапката. Заради повеќе медиумски објави како и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
78%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.45
59%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
1.34
37%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 19ᴼ
0.63
52%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1012
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69