
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Високи дипломати на Европската унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против околу 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени. Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат на сила до 15 септември 2025 година. По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, додека три лица кои неодамна ...
Компанијата „Србијавоз“ соопшти дека денеска е во прекин железничкиот сообраќај. „Србијавоз“ во соопштението наведува дека во четвртокот во 01:39 часот добиле повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи. „Интензивно работиме со Министерството за внатрешни работи на разрешување на ситуацијата. „Принудени сме привремено да ја прекинеме работата на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на ...
Дванаесет лица беа полесно повредени кога авион на Американ ерлајнс слета на меѓународниот аеродром во Денвер, Колорадо, и се запали, предизвикувајќи активирање на гумени тобогани за патниците да можат брзо да се евакуираат. Летот од аеродромот Колорадо Спрингс до Далас Форт Ворт беше пренасочен кон Денвер и авионот безбедно слета синоќа околу 17:15 часот, откако екипажот пријавил вибрации на моторот, соопшти американската Федерална авијација ...
Повеќе од половина од Американците, вклучително и секој четврти републиканец, веруваат дека претседателот Доналд Трамп е „премногу блиску“ до Русија бидејќи радикално ја менува надворешната политика на САД, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, пренесе БТА. Истражувањето, завршено во средата, исто така покажа дека експанзионистичката агенда на Трамп, која говореше за стекнување на Гренланд, Канада и Панамскиот канал, не добива силна поддршка. ...
Бранко Тричковски “Сакам да имаме држава и моите деца да растат во оваа држава и да основаат семејства во оваа држава, јас ќе се борам за таква држава”, објави Мицкоски. Не се сомневам, дека тој ќе се бори за таков подарок за своите деца. Држава во голема картонска кутија со црвена или црвеноцрна панделка, подарок на кој неговите деца ќе се радувааг, ќе уживаат, ќе основаат семејства со многу деца итн. За децата на другите родители ќе видиме. ...
На состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда, Украина јасно стави до знаење дека нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот мировен договор со Русија, пишува украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на неименуван извор. Изворот запознаен со преговорите изјавил дека целта на средбата не била финализирање на поширок договор, а украинската страна ги информирала американските ...
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, се додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на прашањето околу стратешкото партнерство со САД и доколку Вашингтон каже дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи оти тоа нема да се случи. Нема да ги ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе. За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Главна тема на средбата е војната во Украина и актуелната ситуација со предложениот едномесечен прекин на огнот, а средбата се одржува во Белата куќа зад затворени врати, објавија повеќе новински агенции. Пред почетокот Трамп и Руте накратко се појавија пред новинарите. Претседателот рече дека „се надева дека Русија ќе дејствува директно“, а ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор. За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се посочува, „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“. Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и ...
СДСМ денеска објави нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ. Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи, рече на прес конференција потпаролката Богданка Кузеска. Станува збор за фирмата Мастеф ДООЕЛ Скопје, која како што вели Кузеска, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено ...
жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, нагласува македонското Министерствот за надворешни работи во одговорот на вчерашната реакција на бугарското МНР за изјави на премиерот Христијан Мицкоски. Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не се билатерални прашања, туку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија. Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои ...
Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт, информира Уставниот сид, во врска со т.н. интерпелации на уставни судии. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на ...
Јани Макардули: За само 9 месеци, паднаа во вода сите предизборни ветувања, како на ВМРО-ДПМНЕ, така и на ВЛЕН. Ниту има нова преговарачка рамка, ниту за 6 месеци се случија уставните измени. Дополнително, показател дека се бега од ЕУ патот, е односот кон соседна Република Бугарија. Во јавноста се купуваше време со немањето влада во Бугарија, но сведоци сме дека нема ниту една иницијатива од владата. Ако е приоритет ЕУ, зарем нема да се биде ...
Украинскиот експерт за меѓународни односи Максим Камењецки вели дека прекинот на огнот во Украина ќе биде постигнат, но верува дека тоа нема да биде толку брзо. Тој појасни и зошто рускиот претседател Владимир Путин е во војничка униформа. Дефинитивно ќе има 30-дневен прекин на огнот, но прашањето е кога? Мислам дека нема да биде брзо, со оглед на тоа што руската страна најверојатно ќе постави услови кои се неприфатливи за украинската страна. ...
Уште еднаш потсетуваме дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Скопје, останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како „мешање во нејзините внатрешни работи“. Ова се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија на, ...
По многубројните тврдења дека во паркот Пионер во Белград не се носат само студенти, туку и статисти, екипата на телевизијата Н1 успеа да стапи во контакт со оние кои ги организираат статистите, се наведува во видео најавата на Н1. „Нашиот Младен Саватовиќ провери како изгледа регрутирањето, колкава е дневницата и што треба да се направи.“, истакнуваат од Н1 Во пресрет на големиот студентски протест закажан за 15 март во Белград, во паркот ...
Идниот премиер на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот. Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина. Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на ...
Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска изјави дека се надева дека прекинот на огнот меѓу Русија и Украина може да се случи во рок од неколку дена доколку руските лидери се согласат и дека тој планира на состанокот во Канада оваа недела да ги натера дипломатите од Групата 7 да се фокусираат на завршување на војната. Еве како би сакале светот да изгледа за неколку дена: ниту една страна да не пука една кон друга – без ракети, без ...
Власта не прави никакви реформи – тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска вечерва во вестите на ТВ Сител. Каранфилова Пановска рече и дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието не претставува „ништо ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија. Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. Штотуку мојата екипа ја испратив и во моментов е на пат за Русија, додаде американскиот претседател. Можеме да извршиме ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети Курската област за првпат откако украинските сили извршија изненаден напад врз регионот во август минатата година, јавиТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Посетата доаѓа во период кога руските сили бележат успеси во Курската област, според руските воени извори. Путин одржа состанок во еден од командните пунктови на руската војска во регионот и го слушна извештајот на ...
Украина сакаше да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп и на нејзините европски партнери дека е сериозена за завршување на војната, рече претседателот Володимир Зеленски денеска за тоа зошто Кијив се согласи со предлогот за привремено примирје на Вашингтон, пренесува Кијив Индипендент. Додека Украина првично предложи делумен прекин на огнот што ќе се прошири само на воздушните и поморските операции, американските делегати ...
На официјалната фејсбук страница Д Фестивал објавено е дека оваа културна манифестација која оваа година слави 15 години од Дојран се сели во Штип. Од 4 до 6 јули Д Фестивал ќе се одржи под исарот во Штип. По цели 15 години Д Фестивал ја менува својата година и нема да се одржи покрај Дојранското езеро. Организаторите на фејсбук се заблагодарија на сите кои помогнале да израсне фестивалскиот бренд во Дојрна и најавија дека фестивалот тргнува по ...
Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, велат од СДСМ. Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој ...
Комисијата за социјална политика останува блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката коалиција „Вреди“ Имрлије Сали Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција. Ни на Фетаи не ѝ успеа да го стави на гласање дневниот ред на седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара дополнување на дневниот ред со Законот за бранителите. ...
СДСМ денеска изнесе нови информации за случајот со тендерите во министерството за дигитална трансофрмација, за кој ДКСК отвори предмет. Сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ. На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики. Кличаров го има и по штабовите на ...
Од денес почнува пријавувањето за професионални војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на касарната во Кичево. Утре ќе биде објавен и оглас за прием на офицери, односно лица со завршено високо образование. Она што го најави премиерот пред неколку дена денеска сакам да споделам со вас дека е објавен конкурсот и сите млади што сакаат да бидат дел од МО, односно Армијата, да се пријават. Исто така следува и ...