
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство. Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите ...
Во 13 часот граѓаните се собраа на булеварот Партизански Одреди каде се случи сообраќајката во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Граѓаните порачаа дека „не е несреќа туку убиство“ и бараат правда. Еден од трогателните транспаренти гласи „Врските не враќаат човечки живот“. Голем број од граѓаните запалија и свеќа и оставија цвеќе пред фотографијата на младата Фросина оставена на местото на несреќата. Денеска мирен собир е ...
Верувам дека факултетите како и секогаш ќе им излезат во пресрет на студентите. Министерството е тука да посредува, како што и секогаш тоа го правело, затоа што овде МОН нема ингеренции, изјави министерката Весна Јаневска во врска со реакцијата на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ на зголемените трошоци при упис на семестар на некои факултети и нивното барање да имаат средба со министерката. Одговарајќи на новинарско прашање, ...
Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија. Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за ...
Во Хрватска на повик на платформата „Ало, инспекторе“ од вчера се одвива најавениот неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и три производи – Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за миење садови. Денеска е општ бојкот на се. Платформата „Ало, инспекторе“, која ги организира бојкотите, ги повикува потрошувачите денеска да не купуваат ништо никаде. Еднодневен бојкот. Од се. Денеска ништо не ...
Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест пред Силбо каде што вчера беше прегазена 22 годишната студентка Фросина Кулакова. Повици за протест за денеска во 13 часот се со барање да се подигне безбедноста во сообраќајот но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. Утре, освен што ќе ги бојкотирате маркетите, појдете на Партизанскакај ...
Дваесет и двегодишна девојка го загуби животот откако синоќа во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. По несреќата извршен е увид, возачот е задржан, а се издаваат наредби за обезбедување снимки од видео надзор на локацијата. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка ...
Емилија Целакоска: Внимавајте на подмолноста на изјавата на министерката, дека математиката и физиката ќе ја развиваат критичката мисла НАМЕСТО предметите логика и етика. Таа не го кажува овој збор („наместо”) со цел наставниците да стапнат на тенок мраз и да се свртат едни против други. Имено: За каков развој на критичка мисла зборува ако Математика останува по старо СО 3 ЧАСА, а тоа видовме какви резултати даде на ПИСА тестовите и притоа ја ...
Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми. Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници. Во американските медиуми се појавија детали за последните моменти пред судирот. ...
Трговскиот синџир „Конзум“ во Хрватска најави намалување на цените на 250 домашни производи кои не се опфатени со владината одлука за ограничување на цените. Оваа одлука доаѓа во пресрет на масовниот бојкот на продавниците, кој за утре го најави потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“, по моделот на минатонеделниот протест на купувачите. Истовремено, хрватската Влада најави проширување на списокот на производи со ограничени цени на 70 ...
Со 66 гласови „за“ и 8 „против“, Собранието денеска го донесе Законот за изменување на Законот за инспекциски надзор по скратена постапка. Според измените, инспекторатите ќе продолжат да работат како дел од министерствата, без сопствени буџетски сметки и без можност за самостојно спроведување на јавни набавки и вработувања. Измените предвидуваат продолжување на функционирањето на државните инспекторати како дел од соодветните министерства. ...
Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми. Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен. Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на ...
Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Како што е познато М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола. Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен ...
Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес. Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле. Потрагата по телата и можните преживеани продолжува. Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката ...
Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија. Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски. Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час. Според информациите од ...
Ана Чупеска: Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики. Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека ...
Ванчо Узунов: Моделот со кој што оваа Влада мисли да ја движи економијата се гледа, го кажала но и во пракса се гледа, се сведува на тоа ќе ги менуваме законите. Најлесно за политичарите е менување на законите, најди два правника, ќе ти напишат некои промени таму, членчиња ќе ти сменат, собрание имаш мнозинство, готово помина, Службен весник излезе и реформата е завршена. Не е проблемот во менување на законите, туку проблемот е во спроведување ...
Инспекторатите ќе продолжат да работат во рамки на министерствата и нема да имаат сопствен буџет. Тие не ќе можат самостојно да спроведуваат јавни набавки, вработувања или да одлучуваат за правата на вработените. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, кој ќе се донесе по скратена постапка во Собранието. Измените предвидуваат дека различни инспекторати ќе продолжат да работат како органи во состав на ...
Христијан Мицкокси: Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. Нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. Трајко Славески: Ова е само фолклор и нема да има никаков ефект, она што нема да го купите во петок ќе го купите за време на викенд затоа ...
Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од Буџетот на Република Северна Македонија, како што е ...
Малата џихадистичка група Хурас ал Дин – сириски огранок на Ал Каеда – соопшти денеска дека се распушта, наведувајќи дека одлуката е донесена по падот на режимот на Башар ал Асад. Групата, која се наоѓа на американската листа на терористички организации, посочи дека самораспуштањето е „одлука на главната команда на Ал Каеда во согласност со развојот на ситуацијата во Сирија“. Коалиција од бунтовнички групи, предводена од радикалното исламистичко ...
Во Словенија во тек е бојкот на одредени трговски центри и супермаркети кој ќе трае до 2-рифевруари. Но граѓаните се повикуваат да продолжат со бојкотот и на други трговски ланци и тоа од 3. до 9. февруари. Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени фактури е намален за цели 53 отсто. ...
Венко Филипче: Знае ли премиерот кој му е вицепремиер и во која смисла и во која форма го организира тој настан и како и во која форма се канети гостите. Дали можеби станува збор и за хибриден напад врз државата? Поради тоа што ние мора да внимаваме кои и какви гости каниме, поради тоа што сме земја-членка на НАТО. Треба можеби да се прашаат и безбедносните служби – знаеле ли кој ќе дојде и какви изјави ќе дава, дури дали процениле, можеби ...
Администрацијата на идниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нуди стимулации за речиси сите вработените во федералните служби да се откажат од работните места и предупреди на плановите за намалување на јавниот сектор. „Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, без да мора да работат, се наведува во електронската пошта испратена до сите вработени во ...
Марина Тунева: Во декември 2024 година, Оксфордскиот универзитетски речник го прогласи „brain rot“ (или мозочна атрофија) за збор на годината, термин што совршено ја опишува менталната деградација предизвикана од бескрајното изложување на дезинформации, политички спектакли и токсични онлајн содржини. Ова не е случајност, живееме во пост-ТРАМПандемиска ера, каде што глобалните, па и локалните случувања, покажуваат како импулсивните политики може ...
Два лека од оние што недостасуваа, пристигнаа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија, потврди директорот Игор Стојковски. Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот ...
Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат денеска. Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре. Информацијата ја потврди директорот на УКРО, Игор Стојковски. – Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја ...
Зуди Џелили: Иако сè уште не е помината година од редовните парламентарни избори во Северна Македонија, опозицијата започна кампања за стабилизирање на своите редови како резултат на движењата што се случија за време и по изборите. Вообичаено, оние што ќе ги загубат изборите утре размислуваат за нови избори за повторно да ја добијат власта, но, оваа идеја е веродостојна доколку владата нема стабилно мнозинство за да носи одлуки во парламентот ...
Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од преговори за ставање крај на војната во Украина, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Денеска Путин уште еднаш потврди дека се плаши од преговори, дека се плаши од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната“, напиша Зеленски на платформата Х, откако рускиот претседател ги исклучи како можност директните разговори со неговиот украински колега. Путин претходно денеска ...
Федерален судија во вторникот попладне привремено блокираше дел од плановите на администрацијата на Трамп за замрзнување на сета федерална помош, политика што предизвика збунетост и загриженост кај добротворните организации и едукаторите, иако од Белата куќа тврдат дека тоа не е толку голема наредба како што изгледа. Според краткорочната пауза издадена од американската окружна судијка Лорен Л. АлиКан, тоа ја спречува администрацијата да продолжи ...