Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со него и со рускиот претседател Владимир Путин. Веројатно ќе биде многу, многу тешко. Се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса, но ние ќе имаме мала шанса да опстанеме без поддршката на Соединетите Американски Држави, ...

Американски федерален судија нареди администрацијата на Доналд Трамп да ја укине тримесечната забрана УСАИД да финансира разни проекти, а како причини ги наведе огромните штети направени врз непрофитните организации и другите институции кои ја спроведуваат американската помош во странство. Одлуката е одговор на тужба поднесена од две невладини организации – Коалиција за промиварење на вакцина против СИДА (AIDS Vaccine Advocacy Coalition) и Совет ...

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност. – ...

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија. -Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното ...

Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години. Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во тимот, ...

Руско беспилотно летало во текот на ноќта ја погоди заштитната граната на нуклеарната централа Чернобил во регионот на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нивото на радијација не е зголемено, рекоа Зеленски и атомската агенција на ОН. Зеленски рече дека ударот ја оштетил конструкцијата и предизвикал пожар, кој е изгаснат. „Ова е терористичка закана за целиот свет. Засолништето во нуклеарната централа Чорнобил е оштетено од ...

Љубомир Костовски: Денес седницата на Владата за одредување на мерки против зголемување на цените доживеа фијаско. Не е донесен никаков заклучок, а требаше да има мерки, откако сопствениците на маркетите рекле дека ако се намалат или замрзнат маржите ќе отпуштале работна сила! Така Комората ја покажа својата надмоќ над оваа Влада, која се избра да биде со крупниот капитал и да се поклонува кон оние што ја донесоа на власт – вложија во победата ...

Кристина Костова: Цените растат, стандардот тоне, платите стагнираат, инфлацијата ги изеде и тие малку порамнувања.Власта не презема ниту една мерка за да им помогне на граѓаните, туку се задолжува под лоши услови. Најавата за промена на државниот грб доаѓа како продолжување на режимската матрица од 2014 година, кога во целосен аздис се ништеа симболите на сѐ што е чесно и доблесно, а се наметнуваа симболите на дпмнеизмот, сурово и насилнички. ...

Кина понуди да биде домаќин на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за да помогне да ѝ се стави крај на војната во Украина, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на информирани извори. САД и Европа се скептични кон предлогот на Пекинг, со оглед на неговите блиски врски со Москва, пишува Волстрит џурнал. Кинеските власти преку посредници му го пренеле на тимот на Трамп предлогот да се одржи ...

Русија не може да биде наградена за агресијата врз Украина, изјави Јоханес Летернберг портпарол на Европската комисија, одговарајќи на новинарски прашања за разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Ништо не може да се одлучува за Украина без Украина, истакна портпаролот, додавајќи дека секој праведен и траен мир мора да ги вклучи Киев и ЕУ во преговорите. Тој нагласи дека потенцијалниот мировен ...

Даниела Колева: За само неколку месеци владеење на ДПМНЕ добивме: Најниска минимална плата во регионот! Најниска просечна плата во регионот! Највисока инфлација! Највисоки цени на храна! Највисоки сметки за струја до сега! Највисоки сметки за парно греење! Највисоки сметки за вода! Најголем јавен долг! Најнизок економски раст во Европа! Ниту еден нов проект! Најголем број скандали! Прашањето е дали некој живее подобро откако тие дојдоа на власт? ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници. „Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција. Тој истакна дека ...

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето. Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, ...

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за медиумите истакна дека се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Потенцира дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенцата покажуваат дека има широка географска активност на грипот, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Директорката истакна ...

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град. Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, дејствијата се преземаат во рамките на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе има состанок со декани на факултети и претставници на студентите, на која ќе се разговара и за трошоците за запишување семестар на што реагира Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Во изјава за медиумите таа кажа дека секој ден е во комуникација со академската заедница, како што рече – не само за студентскиот стандард. -Комуницирав со сите декани од УКИМ и цената е секаде ...

Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе лица, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 15:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се ...

Најмалку 20 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“. Полициската истрага сега треба да разјасни дали возачот намерно влетал ...

УНЕСКО денеска го одбележува Светскиот ден на радиото, со поздравување на работата и посветеноста на сите радио професионалци и волонтери низ светот. Прогласен во 2011 година од земјите-членки на УНЕСКО и усвоен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година како Меѓународен ден на Обединетите нации, 13 февруари стана Светски ден на радиото (WRD). Радиото придонесува за постигнување на своите меѓународни цели со поддршка на ...

Џон Болтон, кој служеше како советник за национална безбедност во првата администрација на претседателот Доналд Трамп, вели дека Трамп „ефективно му се предал“ на Владимир Путин пред преговорите за судбината на Украина, пренесува ЦивилМедиа. Изјавите на Трамп би можеле да бифдат напишани во Кремљ, можеби и се напишани во Кремљ, и пуштени на пропагандните канали, вели Болтон. Toa e целосен пресврт во однос на позициите на САД и НАТО, додава ...

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси. Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ синоќешната блага сеизмичка активност, ...

На дневен ред на НАТО денеска е прашањето за зголемување на производството на воена опрема, поради недоволно производство во земјите-членки, како што изјави генералниот секретар Марк Руте. Тој истакна дека Русија моментално произведува повеќе воена опрема од НАТО сојузниците и додаде дека ова не е одржливо. Руте ја истакна потребата за поголемо производство на оружје и завршување на војната во Украина, додавајќи дека НАТО не смее да дозволи ...

Лидерот на центристичката Либерална партија Илие Болојан денеска стана привремен претседател на Романија, откако стапи на сила оставката на актуелниот претседател на земјата, Клаус Јоханис. Болојан (55), кој до денес беше и претседател на Сенатот, ја презема функцијата од колегата-центрист Клаус Јоханис, кој поднесе оставка од функцијата претседател на Романија пред два дена, откако опозициските партии најавија дека ќе бараат негов импичмент. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за британски “економист“ изјави дека Украина е уморна од оружениот конфликт со Русија и дека Украинците остануваат без енергија. Луѓето се заморуваат… Енергијата се гаси, изјави Зеленски за британскиот весник Економист, одговарајќи на прашањето дали во Украина дошло до пад на моралот. Претходно шпанскиот весник Паис напиша дека Кијив ја засилува мобилизацијата бидејќи не може да регрутира луѓе спремни ...

Јанис Варуфакис: Единствената причина зошто зборуваме за Илон Маск, а не за Џеф Безос или Марк Цукерберг, е тоа што Маск де факто стана потпретседател на Соединетите Американски Држави. Си купи многу комфорна позиција во администрацијата, и тоа беше неверојатна и восхитувачка инвестиција – за вложени неколку стотици милиони долари заработи стотици милијарди. Не верувам дека некаде постои подобар поврат на инвестицијата од оној што тој веќе го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал „долг и многу продуктивен телефонски разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин. Според Трамп, двајцата лидери разговарале за Украина, Блискиот Исток, енергетските прашања и други важни теми. Тој посочи дека за време на разговорот се осврнале и на „големата историја на нашите народи и за фактот дека толку успешно се боревме заедно во Втората светска војна, сеќавајќи се дека ...

Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери. Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи. Талат Џафери и Блерим Беџети од ДУИ побараа да биде повлечена од дневен ред точката за разрешување ...

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик. Како што изјави претседателот Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот. Доколку Собранието не го стори тоа, ќе следува укинувачка или поништувачка одлука ...

Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Дестан Јонузи Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. ...

Кремљ денеска објави дека руски државјанин е ослободен од американски затвор во замена за ослободување од Москва на затворениот американски наставник Марк Фогел. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русинот ќе се врати дома во наредните денови, а потоа Москва ќе го објави неговото име. Песков ги информираше новинарите еден ден откако Русија го ослободи Фогел како дел од дипломатскиот договор за кој претседателот Трамп рече дека ќе ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
0.51
57%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
58%
1013
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
32%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
58%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
47%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
40%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
44%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69