
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење. Од Апелација потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд. – Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење, информираат од Апелација. Посочуваат дека одлуката веќе е ...
Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ денеска донесе одлука за укинување на контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година. – Ова е историски момент. Бугарија и Романија конечно стануваат полноправни членки на Шенген зоната, изјави унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер. Според него, укинувањето на контролите на патниците на внатрешните копнени граници ...
Втор ден на големата меѓународна конференција ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА која се одржува на 11 и 12 декември 2024 година, со учество на експерти, носители на одлуки, лидери на граѓанското општество и новинари од целиот свет. Ќе учестуваат 25 учесници од САД, Европа, Балкан и Македонија на Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, денес со почеток од ...
Земјотрес со интензитет од 3,9 степени рано утринава ја погоди околината на Призрен, а два часа по првиот се случи и вториот земјотрес со интензитет од три степени. Првиот земјотрес се случи во 00:46 часот, а вториот нешто пред 03:00 часот, на 20 односно на девет километри од Призрен. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) претходно објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 4,2, а вториот 3,2 степени според Рихтеровата скала, ...
„Технички проблем“ влијае на корисниците на Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, соопшти Мета. Во соопштението на платформата за социјални медиуми X, технолошката фирма напиша: Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите. Според Downdetector кој на корисниците им овозможува да пријават ...
Кривичниот суд определи 30 дневен притвор за 8 од уапсените лица во акцијата „Адитив“, за едно лице, поради здравствени проблеми е определен домашен притвор, за останатите 13 пак, се определени мерки на претпазливост. Меѓу оние кои добија притвор е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој утринава со лисици од полициско комбе беше спроведен во кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце. Во меѓувреме и натаму ...
Тито Петковски На македонската политичка сцена се појави во 2001 година како политичко крило на паравоената формација УЧК или ОНА, која што и објави војна на Македонија. Причината за војната (поред нив) беше остварување на човековите, јазичните и културните права на припадниците на албанската етничка заедница во Накедонија. И до денешен ден,не сакаат да прифатат дека основното право на човекот е правото на живот кое тие масовно го ...
Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК). – Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното ...
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и во моментот не е достапен на органите, информираа од Обвинителство. На брифингот со медиуми во Основното јавно обвинителство, беше посочено дека тој е осомничен за палење на објект во Кисела Вода во кој на горниот кат имало станари. Индикативно е дека настанот за кој е осомничен е неколку дена пред изјавата дека го боли ...
Предметот за „Бехтел и Енка“ што го отвори Обвинителството по допрен глас, врз основа на написи во медиуми, од летото е префрлен во Министерството за внатрешни работи. Како што информира Обвинителството, за случајот се отвориле многу прашања и не било лесно да се обезбедат докази за да се дојде до одговорите. -Предметот за спроведување на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д е отворен по допрен глас врз основа на написи во медиуми. ...
Членството во ЕУ е најдобрата опција, како за Северна Македонија, така и за регионот во овој момент на нов геополитички контекст, истакна Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и регионални прашања на Западен Балкан, на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), што се одржува во Собранието. -Геополитиката создаде нови можности за проширување ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој информираше дека на работен состанок на 23 декември ќе се дефинираат спорните прашања, а по завршувањето на подготвителната седница, најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по ...
Истрагата за случајот Онкологија привршува, а вештачењето спроведено во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување на пациентите, информира Обвинителството. Како што беше речено на брифинг со новинарите, во тек се и вештачењата во Словенија кои треба да бидат готови до крајот на јануари. – Со оглед дека кај нас нема вештак онколог, издадовме наредби за вештачења до Србија и Словенија. Во Србија испративме 16 истории и тоа вештачење е ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД. Предметот, како што информира денеска, е доставен на постапување на надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до институциите за откривање на кривичните дела. – Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, осомничен во акцијата „Адитиви“, не е достапен на органите за прогон, но дека тие ќе сторат се што е во нивна законска надлежност да постапат со цел да биде обезбеден и да биде изведен пред правосудните органи. Купениот адитив бил трипати поскапо наплатуван, а според доказите што ги соопшти Тошковски, речиси и да не бил ...
Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. – Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат на мостот кај Буштрица, каде воедно ќе биде и новиот граничен премин, кој ќе биде ...
Законот за употреба на јазиците, како што и официјално е називот на овој правен акт, се состои од 25 члена. Со иницијативите се оспорува и самиот назив на законот бидејќи бил „непрецизен и создавал правна забуна“. Александар Самарџиски Иницијативите пред Уставен суд ги оспоруваат секој од 25 -те члена од Законот за јазиците, но и законот во целост, како и начинот на кој беше донесен. Додека ДУИ „стражари“, премиерот ја обвинува за етнички ...
Во однос на условувањето од Бугарија, Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот на уставни измени што земјата ја држат во застој. Сепак, потребен е консензус и политичка волја процесот да продолжи напред во согласност со стандардите на ЕУ и тој да не биде попречен од билатералните прашања, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК. Оценува дека како држава сме во временски ...
Во Србија продолжува блокадата на факултетите и досега според локални медиуми во блокада се речиси 40 високообразовни институции, а денеска за првпат блокада најавија и средношколци, јави Бета. Студентите на Природно-математичкиот факултет во Крагуевац денеска во 11:52 часот ќе им оддадат почит на настраданите од падот на настрешницата во Нови Сад, по што најверојатно ќе го блокираат тој факултет. На Универзитетот во Крагуевац, Ректоратот и ...
Уставниот суд денеска ја одржува 32-та седница на која меѓу точките на дневен ред се и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот. На седницата не присуствуваат судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари. Непосредно пред гласањето на дневниот ред предложен за оваа седница, судијата Фатмир Скендер ...
Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција. Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми. Најавено е присуство и на ...
Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во ...
Израелската војска уништи шест брода на сириската морнарица. Израелската војска погодила вчера најмалку шест брода на сириската морнарица во напад на сириското пристаниште Латакија, информираше денеска британската осигурителна компанија Амбреј. На снимката се гледа дека еден брод се насукал, а дека пет се потонати, без видлива штета на инфраструктурата на пристаништето. Сириски безбедносни извори потврдиле за Ројтерс дека израелската војска ...
Путин ги поместува границите со Србија и Босанците и Република Српска, силно туркајќи го конфликтот таму. Тој, исто така, силно се сврте кон Грузија и ја натера грузиската владејачка партија сè повеќе да се откажува од идентитетот на ЕУ. Newsweek Постојат неколку потенцијални точки на кои би можела да избие третата светска војна, анализираат медиумите во светот. Воени експерти за Newsweek ги идентификуваа главните нервни точки во светот и ...
Јас сум на становиште дека Македонците како мнозински народ со многу специфичен статус, мораат да пројават поголема деликатност кон позициите на Албанците. Тоа што еманципацијата на Албанците одеше на сметка нз некои монополи и ексклузивитети на Македонците, не е загуба за вторите затоа што тие други ресурси за хармонизирање на внатрешните односи немаат, а за тие отстапки и, како што велат, жртви, добија непроценлив капитал во форма на време, ...
Ако се плашиме сега од нерамноправност, тогаш, кога ќе ги едуцираме сите луѓе до еден – дека толеранцијата е запознавање и човечка љубов? Дека инклузијата е солидарност и човечка љубов? Дека прогресивноста е корист за сите од човечка љубов? Дека демократијата е социјална машина што им служи на сите за да ја поткрепува меѓусебната љубов, поддршка, солидарност, за секој да ја искуси благосостојбата од вмреженоста? Емилија Целакоска Секој од нас е ...
Oткако си ја покачи неговата функционерска плата, заедно со платите на министрите кои после еден месец се пожалија дека не смее да им се намали платата, сега Мицкоски кажува приказни. Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите – вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите. Тоа ветување Мицкоски не го исполни. Додека ...
Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од Иницијативата „Зелен Хуман Град“ што попладнево се одржува во главниот град. Протестот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и ќе ...
Владата денеска на седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители. Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук соопшти дека платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати. За таа цел задолжени се Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и ...
Љубомир Костовски Објавата на новите лица како дел од црната листа на САД е дадена во мигот кога се поставени шаторите на ДУИ пред Уставмниот. Тоа не е случајно, како ни тоа дека пред шаторите даваше изјава и еден од новоопоставените на таа листа – Груби. Амбасадата очекува дека оваа ситуација веќе добива несакани димензии и дека може да пламне во нешто друго. Како и дека постојната владеечка коалиција најваројатно нема да биде во ситуација да ...