Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле воздушни напади врз повеќе од 150 терористички цели во Појасот Газа. Цел на нападите биле лансирни рампи за противтенковски ракети, келии на оперативците на Хамас и објекти кои се користат за напади врз израелските сили. ИДФ наведе дека во текот на копнените операции 252 дивизија убила неколку оперативци на Хамас во северниот дел на Појасот Газа и уништила неколку тунели. ...

За нас е историски овој настан како држава – само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако се сретна со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарди евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да воведат повеќе санкции кон Москва доколку Русија не се согласи на безусловен прекин на огнот за време на тековните разговори во Истанбул. Наш приоритет број еден е целосен, безусловен и чесен прекин на огнот. Ова мора да се случи веднаш за да се запре убивањето и да се создаде цврста основа за дипломатија, рече Зеленски, обраќајќи им се на лидерите на самитот на ...

Првите разговори по три години меѓу украински и руски претставници во Истанбул за завршување на војната што ја почна Русија завршија по околу 90 минути, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Првично нема информации за резултати или специфична содржина, но со отсуството на рускиот претседател Владимир Путин, кој одби да присуствува на разговорите, очекувањата за значајни исходи веќе беа намалени, пренесе ДПА. Турскиот министер за ...

Русија и Украина повторно ги разменија телата на војниците убиени во конфликтот. Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми. Некои од останките дојдоа од мртовечници во Русија. Украинската армија со месеци окупираше делови од западниот руски регион Курск во близина на границата. ...

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот. Поминаа два месеца од најголемата трагедија во нашата историја. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста ...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги објасни причините за напуштање на коалицијата ВЛЕН и Владата. Тој посочи дека одлуката за напуштање на коалицијата ВЛЕН била процес што поминал низ неколку фази. Во ова интервју за косовската „Национале“, Таравари изјави дека оваа коалиција не го положила владиниот тест. Тој оцени дека досега ВЛЕН не ги исполнил ветувањата што им ги дале на Албанците. Откако влегоа во Владата, Таравари вели ...

Граѓаните и студентите во Нови Сад во текот на ноќта останаа пред влезовите на судските органи. Жандермеријата и припадници на интервентната полиција утрово во 5:30 пристигнаа во дворот на судот каде е блокадата. Како што пренесуваат Н1 полицијата употребила бибер спреј за да ги растера насобраните пред службениот влез на судот. Приведен е и фоторепортер, а полицијата тврди дека тој во себе имал бибер спреј. На другиот влез на судот дошло до ...

Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни преговори на САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција. Не е сигурно дали состанокот ...

Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како Македонија треба да го продолжи европскиот пат, тој јасно кажа дека тоа што е договорено, ние како држава имаме обврска да го испорачаме, истакна заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија 24 Анализа, на телевизијата 24. Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека денешната посета ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток, јавија британските медиуми. Според изјавата на шефот на ...

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во своето 66-годишно постоење ќе настапи во Скопје. Концертот ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија, на 17 мај, од 19:30 часот, а ќе настапат водечката грчка сопранистка, Мирто Папатанасиу, и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчески. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент, Владимирос Симеонидис. На програмата се дела од познатиот француски композитор Морис Равел ...

Андреј Козирев: Би бил многу среќен ако грешам, но според мене тие се целосно губење време. Нема причина да се верува дека овие преговори, кој и да учествува во нив, ќе бидат крунисани со каков било успех. Единствениот начин Владимир Путин да биде обесхрабрен и всушност охрабрен на нормални преговори и размислувања за прекин на интервенцијата е да ја вооружи Украина до заби – како што рече американскиот претседател Доналд Трамп. Само украинската ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“. Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот. Захарова потврди дека руската ...

Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата. За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против. Следната седница е ...

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов ...

Засега, барем, изгледа дека човекот кој ја почна војната во Украина ќе се држи настрана од разговорите за обид да се заврши, коментира Би-Би-Си. Рускиот претседател Владимир Путин никогаш експлицитно не рече дека ќе присуствува, а шансите секогаш изгледаа мали. Разговорите сега се очекува да продолжат, меѓу функционери од двете страни, или попладнево или утре во Истанбул. Руски извори велат дека ќе бидат денеска, украински извори велат дека ќе ...

Ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту рускиот претседател Владимир Путин нема денеска да присуствуваат на она што би можеле да бидат први директни мировни преговори меѓу Москва и Кијив за три години. Путин ги предложи директни преговори за завршување на војната во Украина, но тој нема да учествува, а руската делегација ќе ја предводи советникот на Путин, Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи ...

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница на којашто пратениците од ВМРО ДПМНЕ не го подржаа предлог законот на СДСМ да се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање рече дека Украина е подготвена за секаков формат на мировни преговори и дека не се плаши од средби или разговори. Подготвени сме за секаков формат на преговори и не се плашиме од средби. Утре – во Турција, рече Зеленски. Тој додаде дека се уште чека потврда за тоа кој ќе дојде од Русија на преговорите, по што ќе одлучи за следните чекори на Украина: „Чекам кој ќе пристигне ...

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината ...

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се ...

Група од 20 американски држави предводени од демократи поднесе две тужби за да го блокира обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги принуди да спроведат регулативи за имиграција за да добијат средства од повеќе милијарди долари за транспорт, борба против тероризмот и мерки за одбрана од вонредни ситуации. Овие држави тврдат во тужби пред федералните судови дека Одделите за транспорт и за внатрешна безбедност нелегално ...

Во главниот град на Либија утрово повторно избија вооружени судири, јави Анадолија. До судирите дојде меѓу групи во квартовите Аин Зара, Рас Хасан и Бин Ашур, изјавија локални извори. Сè уште нема информации за жртви. Либиските медиуми јавуваат дека поради судирите се суспендирани летовите на аеродромот Митига, додека Министерството за образование ја прекина наставата во сите училишта во Триполи. Мисијата на ОН за поддршка во Либија (УНСМИЛ) ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да учествува на предложените разговори во Турција. Во своето ноќно обраќање, Зеленски изјави дека секој повик за долгорочно и безусловно примирје е значаен и дека директните преговори на највисоко ниво се исто толку важни. Според Зеленски, Путин е оној кој ги донесува сите одлуки во Русија и кој мора да ја реши војната: Ова е негова ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Најавата за укинување на санкциите беше пречекана со еуфорија во сирискиот главен град Дамаск, каде што се слушаа весели ...

Специјалниот пратеник на Белата Куќа, Стив Виткоф изјави дека најважните теми на евентуалните преговори меѓу Русија и Украина би биле прашањата за територијалниот статус на регионите под контрола на Русија, нуклеарната централа Запорожје, како и пристапот на Украина до реката Днепар и Црното Море. Во интервју за „Бритбарт њуз“, Виткоф истакна дека „нема да има договор без директно одобрение од рускиот претседател Владимир Путин“. Тој посочи дека ...

Илија Ацески: Поголема вистина нема…има само едно едноставно и единствено решение…излез за неколку години од таа состојба…Како држава….МОН имате право…одговорност и можност да ги проверите квалитетот на дипломираниот студент, пред се. …Ако не задоволува едноставно замолете го студентот да се врати од каде земал диплома да доучи…или си побара оштета што изгубил четири години…и тоа дека тој нема право на државна буџетска работа….а приватните ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече тој, ќе дојде и самиот претседател Трамп. Сакаме да постигнеме сеопфатно примирје во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за териториите, рече Келог во интервју за Фокс Бизнис. Американските медиуми претходно јавија дека ...

Високи претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Кит Келог, ќе отпатуваат во Истанбул овој четврток на можни разговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Ројтерс. Сѐ уште не е познато дали на средбата ќе присуствува претставник од руската влада. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „штом претседателот ќе смета дека е соодветно, ќе објавиме кој ќе ја претставува Русија“. Белата ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
64%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.58
40%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
21%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
27%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
51%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
69%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315