
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Венко Филипче: По трагедијата во Кочани, алармот на граѓаните мора да биде слушнат. Тоа е аларм за нефункционалноста на системот, за слаби јавни сервиси, за изгубена доверба. Тоа е оправдана реакција, бидејќи изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Сите политички партии имаме вина за нефункционалноста на системот. Затоа, како лидер на најголемата опозициска ...
После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслууваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ...
Не можеме да дозволиме ниту еден работник да трпи притисоци какви што се обидуваат да нанесуваат на синдикалното раководство, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија -ССМ, во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма. Токму затоа сме ние избрани од нив, токму затоа ние примаме плата од нив, за ние да ги трпиме сите притисоци. Трендафилов: Денеска им покажавме дека не се плашиме, без оглед колку нè напаѓаат. ...
Сојузниците на НАТО ветија повеќе од 20 милијарди евра безбедносна помош за Украина во 2025 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој додаде дека Командата на НАТО во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. Најавата за воена помош за Украина уследи по стравувањата дека американската поддршка за Украина може драстично да се намали, бидејќи ...
Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, според владејачката воена хунта, при што повеќе од 4.600 луѓе се повредени, а околу 370 се уште се водат како исчезнати по пет дена. Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг денеска изјави дека надежите за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините се намалуваат. Дваесет и шестгодишник беше пронајден жив во урнатините на хотел во главниот град Најпидав, а во неговото опоравување ...
Скоро половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година. Според известителот Павлина Црвенковска, судовите во државата мината година ја почнале со нерешени 131.005 предмети, а примиле за работа нови ...
Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата. Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија. Прашан дали е логично, ако не оделе да убиваат некого да го остават телефонот во Скопје за да не се ...
Не би рекол дека одлуката на владата да не го разреши е поради меѓународниот притисок, затоа што негативното мислење кај меѓународните партнери за мешање во судството постои одамна. Сепак, кочанската трагедија е таа која е пресудна. Мислам дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител, кога цела држава очекува брзина и ефикасност. Дестан Јонузи Советот на јавни обвинители даде негативно мислење ...
Љубомир Костовски: Утринската програма на МТВ место очекуваниот прилог за ноќешната поплава во Студеничани објави само кус телефонски разговор со градоначалникот на оваа општина. Растрчани се репортерите ама на крстосниците околу зградата на МТВ или малку подалеку, а онаму каде највеќе треба тоа утро да се присутни, ги нема! Во Утринската на Сител имаше репортер и камерман на лице место, се виде ситуацијата во населените места крај оваа ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владината коалиција е стабилна, а јавното препукување меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков од коалицискиот партнер ЗНАМ, според него, ќе застане на, како што вели, на овие два лични ставови. Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за препукувањата меѓу Милошоски и Филков рече дека секој има право на лош ден. Владината коалиција е стабила. Пратеникот ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани, рече Филипче, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаме сите политички партии. Во однос на лидерската средба рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Христијан Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа ...
Сојузот на синдикати на Македонија ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Пред Собранието беше донесена одлука пратениците да земаат минимална плата се до наредното зголемување на минималната плата. Вашите сега 79 отсто зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние ќе ...
Борче Трајковски: Младо момче Филков, министре за правда, не се одговара на тој начин на нападите и дискредитациите од Милошоски пратеникот на ДПМНЕ, со демек, “кусурот на Груевски“ или “џуџето од Небрегово“. НЕ бе дечко! Немаш ти ни кредибилитет, ни моќ, ни сила, ниту имаш аргументи на овој начин да напаѓаш коалиционен патрнер кој ти ја овозможил таа позиција – Министер за Правда. А не е Милошоски единствениот заради кои ти си таму, ги има во ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски вчера во „Топ Тема“ на Телма рече дека министерот за правда Игор Филков има слаб придонес во областа со која раководи. Ова е мој личен став, не значи дека е став на партијата или пратеничката група. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството. Тоа е мое мислење“, рече Милошоски. ...
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против. Претседтелката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Претходно, по барање на адвокатот Игор Ефремов, бранител на Кешишев, судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата. Барањето беше образложено со сомневање дека присуството на Палевски би можело да влијае врз вистинитоста на исказот на Кешишев. Како доказ беше наведен случајот со ...
Небинарните лица во Белгија во иднина ќе можат да побараат од нивните лични карти да биде отстранета ознаката за полот, информира белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан. Првичната идеја беше за небинарните лица, односно оние кои не се идентификуваат ниту како припадници на машкиот, ниту на женски пол, да се воведе ознаката „Х“, покрај веќе постоечките ознаки „М/Н“ за мажите и „V/F“ за жените или половата ознака целосно да се ...
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај. Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. Досегашните информации покажуваат дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална ...
Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи. Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, ...
Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата ...
Украина е решена да работи со американските колеги за да се постигне заемно прифатлив текст на договорот за минерали за потпишување, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Министерството за надворешни работи од американската страна, преку дипломатски канали, доби нов текст на таканаречениот договор за минерални суровини на 28 март. Една рунда од овие консултации е веќе спроведена, рече Сибиха на прес-конференција ...
Костадин Костадинов: Прво, да му се заблагодарам на Претседателот на Владата што ми даде дозвола да ја критикувам работата на Владата. Навистина ми значи, особено во услови кога за цензура во јавниот говор токму тој одлучува. Второ, досега имаме аплицирано со 13 проекти. Тоа што претседателот на Владата се уште не е информиран за нашите апликации е загрижувачки, особено што надлежниот министер кој треба да го информира стои позади него. Од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во петок ќе се сретне со претставници на мала група земји кои сакаат да го вклучат својот воен персонал во меѓународниот контингент што ќе биде распореден во Украина, јавија британските медиуми. Зеленски на денешната прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека очекува поконкретни одговори од сојузниците на Киев за нивната подготвеност да го ...
Сите договори за минерали со ретки земји со Украина треба да бидат компатибилни со европското право, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Анален Баербок за време на посетата на Кијив. Запрашана за потенцијалниот договор за минерали меѓу Украина и САД, Бурбок рече дека Европа веќе постигнала договор со Украина и дека секој нов договор треба да биде компатибилен со правото на Европската унија. На крајот на краиштата, ова е ...
Оливер Андонов: Мицкоски не може, не е способен да го надмине системот кој го создаде, не смее да излезе од политикантската бара, власта мора да се држи по секоја цена затоа што така му е наредено и тој е дел од шемата. А пак без премиерската моќ, Мицкоски ќе нема никаква моќ, а и што ќе му е партиска прва позиција и општествен углед кога тоа нема никаква моќ и кај налогодавците нема да има употребна вредност. Така тоа го разбира Мицкоски, а таа ...
Војо Маневски: Пред Собранието ќе се собираат младите на народно собрание. Според најавите ќе се поставувале прашања, ќе се барале одговори и она што е најважно – ќе почне да се разговара за состојбите во државата. Она што е охрабрувачко е отсутноста на личниот печат на движењето или како и да се нарекуваат организаторите. Од месии и лидери на овој народ му е не преку глава туку и преку перчин. Секако ќе испливаат најелоквентните, но тоа не смее ...
Јована Тренчевска: Не лажате дека денешните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се за новите 2.500 денари линеарно покачување на пензиите, кое почнува од денеска. Немојте да им верувате. Уште летото тие беа изгласани. Како септемвриското, така и мартовското покачување. Нема пари за сите покачувања па го смислија ова. Плус, се менува друг член само за да се упростат критериумите за избор на директор на Фондот за пензиско и ...
Горан Волканоски: Државата ја изградил некој уште од поодамна. На нас(граѓаните) беше само да бидеме одговорни во минативе 35 години и да не дозволиме да се руши тоа што се изгради. За жал не покажавме дека сме одговорни. Со својата пасивност и заслепеност од илузиите кои ни беа сервирани, дозволивме ретроградни процеси кои го загрозуваат опстојувањето на државата. Било која иницијатива за граѓанска акција доколку не е поведена од овие сознанија ...
Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела – од 24 до 30 март, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела. Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, регистрирано е вкупно 31 ...
Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, а такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска, информираат од прес-службата на ЈОРСМ. Меѓутоа, за да се зачува ...