
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот. “Тоа практично значи дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги” рече министерот за ...
Русија и САД побараа затворени консултации со Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Сирија, потврди првиот заменик постојан претставник на руската мисија во ОН, Дмитриј Полјански. Тој во објава на „Телеграм“ рече дека Москва очекува бараните консултации да се одржат денеска. Русија и САД побараа итни затворени консултации од страна на Советот за безбедност на ОН во врска со насилството врз цивилите во западна Сирија, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија. „Потребни се двајца за тоа. Гледате, тоа (војната) не требаше да се случи. И, сега сме заглавени во овој хаос“, рече Трамп. Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ...
Соединетите Држави наскоро треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп на 9 март во авионот „Ер Форс Уан“. Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во средата објави дека Соединетите Држави го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина. Овој потег уследи по одлуката на Вашингтон веднаш да ја замрзне сета воена помош за Украина. Според Ројтерс, на ...
Како што соопшти НАТО, предвидено е Руте да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, како и со министрите за надворешни работи Елмедин Конаковиќ и за одбрана Зукан Хелез и со в.д. министерот за безбедност Ивица Бошњак. Покрај средбите со претставниците на босанските власти, Руте ќе ја посети и Командата на силите на НАТО во БиХ ...
Оливер Андонов: На јавна сцена искажаната омраза кон еден цел народ а патем и кон мене лично претставува слика на психолошката состојба на дел од македонскиот народ. И не само на психолошката состојба, туку и на нивото на незнаење, необразованост и примитивизам а секако и на не разбирање на современите политички односи и основи на ЕУ. Да биде уште потрагично за Православните Македонци кои само еден ден порано низ социјалните мрежи си честитаа ...
Преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител. Медиуми што имаат импресум, објавен уредник, најмалку тројца вработени и се регистрираат во регистарот којшто ќе го води АВМУ, ќе можат да ги уживаат ...
Во интервју за Фокс Њуз, претседателот на САД Доналд Трамп повторно упати критики кон Зеленски. Тој изјави дека претседателот на Украина е силен и паметен човек, но дека се однесува како парите од САД да се бонбони, а тој мало дете. Да бев јас претседател, никогаш немаше Русија да влезе во Украина, додаде во интервјуто Трамп, обвинувајќи го Бајден за сите моментални светски конфликти, како и за очекувањето на финансиска помош од САД за Украина. ...
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување на нивното нуклеарно оружје во НАТО, но не како замена за американската нуклеарна заштита на Европа. Споделувањето на нуклеарното оружје е прашање за кое треба да разговараме… заедно мора да станеме посилни во нуклеарното одвраќање, рече тој во интервју за радио Дојчландфунк. Мерц нагласи дека треба да се разговара со двете ...
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“. Тој рече дека Франција, исто така, планира да предаде на украинската армија некои од своите постари оклопни борбени возила, како што се AMX-10RC и борбените возила на пешадијата. Благодарение ...
Кога американскиот претседател Доналд Трамп суспендираше две програми кои обезбедуваат американска помош за меѓународните нуклеарни инспектори на почетокот на јануари, тој потенцијално ја загрози неговата цел да го спречи Иран да развие нуклеарен арсенал, пишува Њујорк Тајмс. Иако една од двете програми подоцна беше обновена, последиците од овие одлуки, како што истакнува Њујорк тајмс, доведоа до опаѓање на довербата во напорите што овозможија ...
Обединетите нации реагираа на петочните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година. Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во последните напади вчера, во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината. Сите 21 загинати цивили и 79 од 81 ранети се случија на територија под контрола на ...
Ниш: Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија. Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград. Студентите кои се ...
Ако се спроведе, овој план ветува брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Газа, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на земјите објавено во Берлин. Изјавата беше објавена откако Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) официјално го усвои арапскиот план. Арапската иницијатива е одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека сака САД да ја ...
Британскиот премиер Кир Стармер ја поздрави посветеноста на Австралија „да размисли за придонес во коалицијата за Украина“, соопшти Даунинг стрит. Британскиот премиер имаше телефонски разговор со неговиот австралиски колега Ентони Албанез. Велика Британија и Франција се обидуваат да изградат коалиција на нации подготвени да го бранат мировниот договор во Украина. Портпарол на Даунинг стрит рече дека Стармер „ја поздрави посветеноста на премиерот ...
Стево Пендаровски: Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. ...
Венко Филипче: Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Така држава не се води. СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места. Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние кога ниту еден граѓанин не беше оставен по страна. Жално што во овој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на новинарите и го коментираше зголемениот број руски напади врз украинските градови. Откако САД престанаа да споделуваат разузнавачки информации со Кијив и да ги предупредат за руски напади, Русија започна голем напад со балистички ракети и беспилотни летала. Покрај тоа, американскиот претседател Доналд Трамп престана да испраќа воена помош за Украина. Во петокот, тој и се закани на Русија ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека дејствијата на претседателот на Република Српска Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност, и ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на ова „опасно и дестабилизирачко однесување“. Рубио реагираше на последните изјави на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ...
Сириската невладина „Опсерваторија за човекови“ права соопшти дека од четвртокот во Сирија се убиени 300 цивили во судирите меѓу сириските безбедносни сили и сојузничките групи со лојалистите на соборениот претседател Башар ал Асад во западниот дел на земјата. Ова е прво насилство од ваков размер откако бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка сунитска група Хајат Тахрир ал-Шам-ХТС ја презеде власта во Сирија на 8-ми ...
Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот Осмомартовски марш во Струмица. Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места.Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние, заслужува власт, како што ...
Добро информиран извор близок до Белата куќа открива дека Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги премести во Источна Европа. Неколку британски медиуми, пренесува Слободен печат.мк, пишуваат дека Трамп размислува за повлекување на околу 35.000 активни американски војници стационирани во Германија, оценувајќи дека таквата одлука дополнително ќе ги влоши односите меѓу САД и Европа. Американскиот ...
Со транспаренти и извици „Доста со силеџиство“, „Што ќе ни се ружи ако немаме за леб“ и „Жени, живот, слобода“ денеска во Скопје се одржа марш по повод Денот на жената. Организаторите на маршот под слоганот „Нека јадат ружи“ побараа нормално здравство, безбеден јавен простор но и крај на работната дискриминација. Сакаме здравство кое лечи а не убива. Нема повеќе да преговараме дали ќе има лекови за пациентите на околигија и нема да дозволиме ...
Говорејќи пред новинарите по итниот самит на сите 27 лидери на ЕУ во Брисел – на кој Унгарија беше единствената членка што одби да ја поддржи заедничката изјава за вооружување на Украина – Орбан рече дека неговата влада ќе спроведе анкета меѓу Унгарците за нивната поддршка за пристапот на Украина во ЕУ. Имаме таканаречен национален консултативен систем, кој редовно го користиме за собирање на мислењата на граѓаните и сега повторно ќе го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по рускиот напад врз градот Добропилија во Доњецк, во кој загинаа најмалку 11 лица, изјави дека таквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети и дека затоа е важно да се зајакне воздушната одбрана на Украина, како и да се заострат санкциите против Русија. Тој нагласи дека сè што му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната против Украина мора да биде ...
Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија. Во текот на денот имаше многу интензивна работа на различни нивоа со тимот на Трамп, со голем број разговори. Темата е јасна: мир што е можно поскоро, рече украинскиот претседател ...
Студентите во Србија денеска започнаа генерален штрајк, поддржан од ректорската управа на Универзитетот во Белград, адвокатската комора, синдикати и поголем број иницијативи. Тие повикаа на блокади и протестни прошетки, како и на широка мобилизација на граѓаните да им дадат поддршка на протестите. Студентите ги повикаа луѓето да не одат на работа, да не трошат пари и да не посетуваат кафулиња, супермаркети и други јавни места. Протестите се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта. Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор, напиша Трамп. Во пораката тој ги повика двете ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела. Изземањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор (НАФТА). Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да платат повеќе“. „Мојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаа проблем и ја ...