Ќенан Алиу: Не е ова вистинската цел на Мицкоски, туку зацврстувањето на етничката македонска држава што тој го реализира со прецизност, без некој отпор од албанскиот партнер кој цело време се занимава со ‘криминалот’ на ДУИ, додека Албанците доживуваат уште една ера слична на таа од времето на Груевски. Еден ден, Мицкоски нема да биде премиер, но штетата што ѝ ја нанесува на земјата преку длабоки етнички поделби ќе биде огромна. Мицкоски нема ...

Љубомир Костовски: Мијалков ја имаше својата агенција за обезбедување СГС. На нејзино место е дојдена агенцијата Рубикон и нејзината конституција е исто така идентична со претходна – имаат раширена мрежа, се потпираат на партиски и државни објекти што треба да ги обезбедуваат. А и во јавноста се експонираат како видлива „лепенка“ до системот и клучните луѓе. На премиерот му е јасно дека со апсењето на високо рангираниот функционер Александар ...

Украинските сили за беспилотни системи го нападнаа технолошкиот парк „Резонит“ во рускиот Московски регион во текот на ноќта на 12 јуни, а беа пријавени експлозии во објектот, соопшти украинската војска. Генералштабот на украинските вооружени сили објави дека целта на операцијата е „да се намали способноста на Русија да произведува високотехнолошко оружје и опрема“, додека фабриката составува печатени кола и електроника за рускиот ...

Соработката со пратеничката група мора да биде приоритет. Постои постојана координација помеѓу ПГ и раководството и дебата за сите отворени прашања, како основа за рефлектирање на политиките на партијата во јавноста. Искуството кое го носат со себе најголемиот дел од нашите пратеници помага во конзистентност и единство, особено при носење на важни законодавни прашања и поддршка на процеси кои се од интерес за државата. За незадоволството кај ...

Информацијата за американското повлекување на персоналот од регионот, како и британското предупредување до превозниците за зголемените закани за поморската безбедност, дојдоа само неколку часа откако Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека станува „помалку убеден“ во успехот на преговорите со Иран. The New York Times Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска ...

Утре, четвреток во 13 часот, пред Книжарницата под отворено небо кај „Рекорд“, во центарот на градот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи музичко интермецо, практично концерт наминување со музика од современи автори чиј предзнак е минимализмот. ,Станува збор за музика која и во најголемиот метеж едноставно не можете да ја одминете. Звукот на Рихтер, Еинауди и Федел носи естетски квалитети кои пркосат на секој обид кич културата да стане ...

Бројот на жртви во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа надмина 55.000, соопшти Министерството за здравство во понеделник. Министерството не прави разлика помеѓу цивили и борци, но рече дека жените и децата сочинуваат повеќе од половина од загинатите. Од друга страна, Израел вели дека ги таргетира само милитантите и го обвинува Хамас за смртните случаи на цивили, обвинувајќи ги милитантите дека се кријат меѓу цивилите бидејќи дејствуваат ...

Скопје заслужува градоначалник со визија и вредности кои граѓаните сакаат да ги гледаат во водењето на главниот град. Очигледно е дека многу работи во управувањето со Градот треба да се променат за да стане модерен, одржлив и европски. Во дефинирање на политиките за претстојните локални избори активно учествувам, пред се поради повеќе од 25 годишното искуство во решавање на проблемите на животната средина, но и комуналните проблеми. Локалната ...

Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“. Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку, наведе Маск на Икс. Трамп и Маск минатата недела разменија навреди на социјалните мрежи, при што извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ законот за трошоците и ...

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил. Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се ...

Новата исламистичка власт во Сирија денеска побара од жените да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи. Од луѓето се бара да носат конзервативни костими за капење на јавните плажи или брегови (буркини или костими за капење што го покриваат целото тело). Од пливачите и посетителите на плажата воопшто се бара да носат соодветни костими за капење и да се однесуваат во согласност со јавниот вкус, се наведува во соопштението ...

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници. На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле ...

Ученик од седмо одделение во Основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград бил приведен на разговор во полиција поради сомнение дека внел нож во училиштето и наводен ‘список за ликвидација’. Момчето било сослушано во полиција по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Надлежните органи интензивно работат на утврдување на сите околности околу овој инцидент. Засега не е познато што точно се наоѓа на спомнатиот список, но ...

Илјадници луѓе синоќа маршираа низ улиците на Њујорк протестирајќи против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Протестот, во кој учествуваа главно млади луѓе, дел од нив со маски, започна од плоштадот Фоли и продолжи кон Јужен Менхетен. Многу демонстранти носеа плакати со пораки како „ICE надвор од Њујорк“, критикувајќи ја федералната имиграциска полиција за зголемување на апсењата на мигранти и баратели на азил ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. ...

Сузана Јошевска Атанасовска: Најпосле имам впечаток дека силите на правосудството се здружени воспоставениот систем никогаш да не се промени. Иако навидум го критикуваат, на сите им одговара ваква безнадежно лоша состојба и од ден на ден допринесуваат истиот да стане се поотпорен на промени. Зошто? Затоа што им дава совршен изговор и оправдување. Се разбира, се додека тие или нивен близок не се најдат недајбоже под истрага или на обвинителна ...

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати апел до власта поврзан со отворањето на долгоочекуваната градинка во градот, за чие отворање пред периодот на локалните избори, тој веќе две недели ја барал министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но вели дека не добил ниту одговор на барањето за средба. Како КРИЗЕН градоначалник, се обраќам со искрена молба до претседателот на Владата и министерката за ...

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град ...

Киjив и Одеса беа под уште еден масовен руски напад во раните утрински часови на 10 јуни, во кој беа вклучени балистички ракети и беспилотни летала. Експлозии се слушнаа низ целиот главен град додека системите за воздушна одбрана ги напаѓаа целите, пишува Кијив Индепендент, пренесува ЦивилМедиа. Четири лица беа повредени во Киjив, според локалните власти. Во меѓувреме, во јужниот град Одеса, двајца мажи беа убиени, а најмалку осум цивили беа ...

Девет лица загинаа во пукање во училиште во австрискиот град Грац, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе Би-Би-Си. Меѓу жртвите има ученици и наставници, а се верува дека напаѓачот се самоубил во училишниот тоалет. Според јавниот сервис ОРФ, речиси еден час по пријавеното пукање, во тек е голема полициска операција. Полицијата соопшти дека училиштето е успешно евакуирано. „Ситуацијата е безбедна“, соопшти полицијата. „Не се очекува ...

Ќенан Алиу: Не е работа на премиер постојано да нагласува која партија треба да се реформира и како да се реформира, бидејќи тоа е прашање што во крајна линија им припаѓа на членовите на партијата, тие знаат дали ќе ја реформираат партијата или таа ќе остане каква што е. И кога зборуваме за реформа на партијата, ве прашувам – дали навистина мислите дека ВМРО-ДПМНЕ што ја предводите е реформирана партија? Без сомнение, не. Бидејќи реториката, ...

Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем, напиша градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил за градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски Таа повторно ја критикуваше иницијативата на градоначалникот за градење хемиски фабрики и висококатници во општината и покрај тоа што, вели таа, од Град Скопје дале негативно мислење. Дали ти ги праша жителите на ...

Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува ( друго образложение нема), пишува Слободан Трендафилов, ...

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното ...

Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци. Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. -Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информира Град ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. ...

Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер на американската администрација. Околу 300 војници на калифорниската Национална гарда беа распоредени на улиците на Лос Анџелес во неделата за да помогнат во смирувањето на третиот ден од протестите против имиграциските мерки на претседателот Доналд Трамп, потег што демократскиот гувернер ...

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници честопати немаат граници, а за жал, светот повторно е сведок на тортурата што ја трпат воените заробеници Овој пат, еден од украинските војници кој беше во руско заробеништво, ослободен при една од размените, го покажа своето тело и тврди дека за време на заробеништвото му биле направени страшни лузни, посочувајќи дека претрпел грозоморно физичко насилство. По размената, украинскиот воен ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои луѓе во неговите редови им недостасува хуманост и не го гледаат моменталното страдање на Палестинците во разурнатата енклава од војната, објавија денеска израелските медиуми. Ги гледам тие видеа, тие слики и тие се срцепарателни, рече Венс во подкастот на комичарот Тео Вон, кој тој го опиша како „ужасна“ снимка од Газа. ...

Полицијата освен бизнисменот Ристо Крмзов, обезбедила уште две лица во врска со истрагата за злоупотреби и затајување данок, кои се проценуваат дека достигнале околу 15 милиони евра. Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
71%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
0.0
68%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
81%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.41
79%
1020
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
79%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1022
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209