Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Уставниот суд информира дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите. Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. -Во тек е втората фаза од постапката во која се ...
Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал (29), обвинет за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, претходно соработувал со повеќе американски владини агенции, вклучувајќи ја и ЦИА, за време на неговата служба во Авганистан, дознава Фокс њуз. Лаканвал влегол во САД веднаш по повлекувањето од Авганистан во 2021 година, како дел од програмата на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, ...
На вториот ден од 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Македонија, што се одржува во Европскиот парламент, во Стразбур, Франција, со кој копретседаваат пратеничката проф. д-р Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, пратениците од Собранието на Македонија и европратениците од Европскиот парламент, како што информираат од собраниската прес-служба, се фокусираа на перспективите на пристапниот процес, ...
Македонската филхармонија денеска, во 20 часот, ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“, со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концертот за виолина и оркестар во Де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи Сергеј Хачатријан од Ерменија, еден од водечките виолинисти на денешната музичка ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,5 денари за литар, ...
Македонскиот КИЦ во Белград, до 29 ноември, е организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г. Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела на ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повод најавените продажни поттикнувања „Блек фрајдеј“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. -Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги ...
Досега имаме 20 пријави за деца од кои седум по епидемиолошките анкети се изјаснуваат дека воопшто немале контакт со кујната во училиштето. Овие 20 пријави се само од деца, имаме телефонски дојави од четворица учители од тоа училиште, но немаме се уште официјално пријава од нивна страна. Ако земеме предвид дека има и многу мали ученици не знаеме колку е веродостоен исказот, колку можеме на него да се потпреме. Од тоа што ни го кажуваат ...
Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул го нагласи значењето на Западен Балкан за ЕУ Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, по посетата на Западен Балкан, на Берлинскиот форум зборуваше за важноста на членството на регионот во Европската Унија и „напуштањето на дипломатската зона на удобност“, објавува „Газета експрес“. Тој тврди дека процесот на проширување на ЕУ останува базиран на заслуги, како и дека инвестирањето ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката е веќе потпишана. – Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така ...
Во Србија деновиве расте позитивна тензија во врска со наводен неформален бриселски нацрт-извештај за стратегијата за проширување на ЕУ Во српската јавност изминативе денови се истакнува наводното постоење на нацрт-извештај за стратегијата за проширување на Европската Унија, во кој, како што пренесуваат српските медиуми, се нагласува оти нерешените билатерални прашања меѓу земјите од Унијата и земјите што не се членки треба да се решаваат ...
Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34 отсто во реализација на инвестициите и на капиталните и на приватните во третиот квартал – истакна денеска премиерот ...
Активностите во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одвиваат согласно планираната динамика, а ИПАРД апликациите се во фаза на евалуација – истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашањето поставено од пратеникот Бојан Стојановски. Министерот нагласи дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од ...
Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде. Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека денеска нејзини инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. Државниот санитарен и здравствен ...
Пензиите ќе бидат исплатени и тоа скоро ќе се види, потенцираше денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во одговор на пратеничко прашање на Јованка Тренческа од СДСМ. – Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само неколку дена од денеска. Ќе бидат исплатени тие пензии, и во 2026 и во 2027 и ...
Обвинителката од Основното јавно обвинителство во Штип, Билјана Тошева Анакиева на почетокот на судењата за петмината инволвирани во убиството на турскиот државјанини истакна дека ќе докаже дека убиството е сторено на дрзок начин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“-Штип. Таа истакна дека имаат докази за сторените кривичните дела на обвинитетите во овој случај. Од обвинителката беше посочено дека на 8 мај 2025 година е извршено дрско, ...
Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податок. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа за стандардот на граѓаните и ќе продолжат со субвенционирањето на струјата за домаќинствата. -Ние се ...
Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ Христо Узунов останува запаметен како главен војвода на македонските чети од струшко- охридскиот крај, на Македонската револуционерна организација (МРО). Тој бил и член на Горскиот штаб за Охридскиот револуционерен реон во текот на Илинденското востание од 1903 година. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, ...
Соработката меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните е значајна во процесите поврзани со креирање на конкурентни студиски програми фокусирани на студентите велат од Економскиот факултет Прилеп, каде денес се одржа форумот „guadguple helix”, при што беше укажано на моделот на четирикратна спирала на динамична и повеќеслојна интеракција меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумни. -Ваквата соработка ...
Среде иницијативите за постигнување мир, водечките европски лидери упорни во намерата за свое воено присуство во Украина Европските лидери се обидуваат да ги истуркаат своите планови за поддршка на Украина со мултинационална воена сила доколку земјата успее да постигне мировен договор со Русија, објавува „Политико“. Среде голем број дипломатски иницијативи за постигнување мир во Украина, таканаречената Коалиција на подготвените во вторникот ...
Враќањето на воената служба е проект со високоризични политички влогови за францускиот претседател Враќањето на доброволната воена служба, како голем потфат во неговиот „заглавен“ петгодишен мандат, не е без политички импликации за францускиот претседател Емануел Макрон, смета париски „Фигаро“. Неговата улога како врховен командант му овозможува да ја врати иницијативата во Франција, и покрај тоа што неговата моќ се ниша по распуштањето на ...
За уривање на облакодерот на „Вјесник“ во Загреб, кое најверојатно ќе се изврши со минирање, ќе бидат потребни стотици килограми експлозив, изјави професорот од Рударско-геолошко-нафтениот факултет, Марио Добриловиќ, пренесе Хина. Иако точниот датум сè уште не е познат, професорот Добриловиќ, кој беше на терен, потврди дека уривањето ќе се изврши за неколку недели, откако ќе се изработи проектот. Добриловиќ истакна дека минирањето е ...
Солунските дебранци уште пред првата половина на XIX век беа речиси на исто ниво со светогорските манастири за народните дела. Козма го знаеше тоа, затоа беше горд на тие родољубиви и патриотски градители, дојдени од далеку, кои инаку ја формирале срцевината на тој град. Дебранците ги полнеа училиштата, црквите и општествените згради. Тие беа најистакнати и најтрудољубиви мирни солунски граѓани. Само Грците беа немирни и најголеми противници. ...
Бебе што бега од диносаурус со песна на Лејди Гага во заднина. Жени што се натпреваруваат која ќе го исчисти тепихот прва. Мачки што танцуваат на задните нозе… Такви нешта до неодамна беа само дел од нашите соништа, чија содржина и порака не успеавме да ги дешифрираме, но денес тоа е реалност. Станува збор за генерирана содржина со вештачка интелигенција на социјалните мрежи, на кои технолошките гиганти нè воведуваат во нова ера. „Мета“ и ...
Нова колекција на Ирина Тошева Колекцијата „Џан“ на дизајнерката Ирина Тошева претставува современа интерпретација на ала турка – традиционална ориентална облека од 19 век носена во Македонија. Инспирирана од богатите силуети, рачната изработка и украсните детали како срма, гајтани и фини ткаенини, Тошева ја претвора оваа естетика во современ, одржлив моден јазик. Колекцијата ја истражува облековната историја на регионот, но истовремено ја ...
Од печат излезе најновата, четврта збирка кратки раскази од Живко Грозданоски, прозаист, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Книгата, која носи индикативен наслов „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“, содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. – Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата литература, зашто, соочувањето со себеси е, ...
Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор. Убиството, за кое 60-годишниот беше ...
Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа во гостување на „ТВ Сител“ рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но, она што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ...
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент За тоа како се развивал рудникот „Злетово“ од почетоците до крајот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век најмногу можеме да дознаеме од објавените ...