Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил проверки и донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопштија дека објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула” во ...

Само оваа среда на 4 јуни, од 10.30 до 14.30 часот, Скопје ќе добие нова еднодневна и уникатна автобуска линија за млади! ЈСП пушта вонредна линија што не само што ќе ве однесе до посакуваната дестинација, туку ќе понуди и необично искуство. Се тргнува од Студентскиот дом „Гоце Делчев“, се кружи низ градот со постојки на најактивните младински точки (ФИНКИ, Архитектонски, Пошта, Рекорд, УКИМ, Капитол, Пелагонија…) и се враќа назад. На оваа ...

Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на минатата недела спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови,а во еден случај запленети се 30 илјади евра – соопштија денеска од Царинската управа. Бил спречен и нелегален влез на мигранти. Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронашле дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со С.А. (39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 1 јуни годинава на булевар „Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Како што соопшти денеска МВР, во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг. Од ноќеска на полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 денари/литар, ...

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. – Бугарија и Северна Македонија треба да ...

Дали јадете помалку од порано, но масните наслаги не се топат? Ако сте се потрудиле да го намалите внесувањето калории, редовно вежбате и ја следите вашата исхрана, но маснотиите остануваат, не сте единствени. Иако во теорија консумирањето помалку калории отколку што телото користи – калориски дефицит – води до губење маснотии, практиката е често посложена. Фитнес-тренерот Даниел Шенфелд објаснува зошто луѓето не успеваат да ги согорат мастите ...

Хрватска Хрватската јавност со загриженост ги регистрираше најновите податоци на Евростат за состојбата со демографијата во рамките на Европската Унија, но пред сѐ на оние информации што се однесуваат на Хрватска. Имено, податоците на Евростат покажаа дека во ЕУ стапката на фертилитет паднала на рекордно ниско ниво, додека во исто време расте процентот на постаро население и јазот помеѓу потребите на пазарот на трудот и отпорот кон имиграцијата. ...

Србија До крајот на 2025 година, Србија би можела да го добие најстрогиот Закон за безбедност во сообраќајот досега – со трајно одземање на возила, нулта толеранција на алкохол и алкобрави што нема да дозволат стартување на возилото без претходно тестирање на возачот. Новиот закон може да донесе дури 18 измени, а некои од нив ќе бидат најстрогите правила за возачи досега воведени во Србија. Трајно одземање на возило Една од предложените мерки ...

Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование, велат од Владата. Додаваат дека ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што, како што ...

Британски аналитичар: Британскиот воен аналитичар Александар Меркурис, во својата анализа, чии делови се објавени во јавноста, тврди дека „земјите од Европската Унија сè уште се надеваат дека ќе ја потиснат Русија од Црно Море“. Аналитичарот нагласува дека Европа сè уште не научила никакви лекции од искуството од изминатите години. Затоа, сè уште се обидува да го милитаризира Црно Море. И тоа јасно покажува дека „ЕУ сè уште сака да ја потисне ...

Во САД регистриран американски концепт за промена, меморандум на Стејт департментот, во кој се повикува на создавање „цивилизациски сојуз за обединување на христијанските земји“ Деновиве, Самјуел Самсон, виш советник во Бирото за демократија, човекови права и труд во САД, го навести постоењето на „американски концепт за промена“ на идеолошката матрица на ваквата ЕУ, односно на неолибералниот концепт на Брисел. За вакво нешто, медиумите пишуваат ...

Четврта година по ред од 3 до 7 јуни на спортските терени и во Градскиот парк во Велес ќе се одржат „Спортските игри – Велес“, настан што прерасна во вистински спортски бренд на градот и пошироко. Настанот има цел да ги промовира физичката активност, тимската работа и солидарноста преку вклучување млади, спортисти, институции, организации и сите граѓани што се залагаат за здрав и активен начин на живот. Спортските игри претставуваат најголем ...

„Во потрага по нешто“ е насловена изложбата на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, чие отворање е закажано за утре, во 18 часот, во Музејот на современата уметност. Дикон е добитник на престижната награда „Тарнер“ (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за континуирано преиспитување на смислата и значењето на ...

„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. Хофмастер, К.М. Вебер, Ф.Лехар, К.Дитерсдорф, Г.Хуе, Х.Виењавски, Д.Мијо, В.А. Моцарт, Ф.Менделсон, ...

Цената од 3.900 до 4.000 евра за унца е реална за претстојниот период. Клучни двигатели на растот се интензивните купувања од страна на централните банки, ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и падот на довербата во американскиот долар Цената на златото достигнува историски максимуми, централните банки продолжуваат да купуваат. Според најновите податоци од Светскиот совет за злато, глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од 2025 ...

Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина Втората рунда разговори меѓу руските и украинските делегации, насочени кон отворање пат за потенцијално примирје, се одржа вчера во палатата „Чираган“ во Истанбул. Преговорите беа закажани да започнат во 13 часот по локално време или 12 часот по средноевропско време. Состави на преговарачките тимови Составот на руската делегација беше ист како и во претходната рунда – помошникот на рускиот ...

Најмалку едно лице загина во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Турција рано утрава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 километри во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, во објава на X изјави дека ...

Кој сѐ може да аплицира за средства од Оперативниот план за вработување на Владата? Какви мерки се планираат и колку пари следуваат по одделен апликант? За граѓаните и читателите на „Нова Македонија“, економскиот тим во нашиот медиум направи кус и полезен осврт. Ги пренесуваме деталите Осврт кон Оперативниот план за вработување, документ на македонската влада Владини претставници деновиве најавија нова поддршка за самовработување, за што од ...

Македонскиот народ и држава имаат богата вековна традиција и голем број крупни настани, кои се трајно врежани во колективната национална меморија на македонскиот народ и со кои се потврдуваат и отсликуваат посебноста на македонскиот народ и неговиот вековен идентитет. За да се освежат сеќавањата на некои од нив, редовно ја објавуваме рубриката Датуми за паметење, преку која секој месец издвојуваме настани поврзани со македонската историја и со ...

Изборот за претседател на Полска во личноста на Карол Навроцки, според мислењата на консултираните политиколози, „одговара на реализмот во меѓународните односи, кој го признава националниот суверенитет и не бара негово укинување“. Навроцки инсистира на значајна ревизија на либералната идеологија, ако не и за целосно нејзино демонтирање. Според соговорниците, Навроцки, многу слично на трампизмот, не признава „границите на националните држави да ...

Анета Трајкова за време на своето истражување во Франција пронајде два гена, клучни регулатори на процесот на клеточно репрограмирање, претворање на телесните клетки во матични клетки, чија функција е ветувачка за развој на терапии во доменот на регенеративната медицина. Поразбирливо кажано, нашата сонародничка во своето истражувачко работење го изучуваше процесот на т.н. клеточно репрограмирање. На пример кога еден ембрион се формира, тој се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ . Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот. -Ја поддржувам средбата на ниво на лидери бидејќи имам впечаток дека нема да има прекин на огнот пред нашата средба ...

Европската слободна алијанса (ЕСА) во свој извештај, меѓу другото, заклучува дека положбата на припадниците на македонскиот народ во Република Бугарија не може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од страна на европските институции. Според ЕСА, проблемот со македонското малцинство е многу стар, сериозен и се потребни итни мерки. Во извештајот многу јасно се вели дека негирањето и дискриминацијата на македонското малцинство ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана на Унгарија и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина. „Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината. Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата“, напиша Орбан на своите социјални мрежи при што додаде: ...

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на 98,9 евра за мегават час при што производната цена во РЕК Битола која лани беше 128 ...

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје“ свечено ќе биде отворен вечерва, во 20.30 часот, во Музејот на современата уметност, со изложбата „Панк. супкултура. социјализам. архиви и фотографија од Словенија“ – голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, ...

Министерот за одбрана на Украина, и главен преговарач Рустем Умеров по втората рунда директни преговори со Русија во Истанбул, изјави дека Киев предложил следниот круг мировни преговори да се одржат до крајот на јуни. – И предлагаме на руската страна следниот состанок да се одржи помеѓу 20 и 30 јуни – посочи Умеров. Тој додаде дека дотогаш треба да се договори и средба помеѓу украинскиот и прускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир ...

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на Светската здравствена организација и шеф ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука за поднесување иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против едно јавно комунално претпријатие за сомнежи за спроеведени незаконски постапки за набавки во врска со третман на градска депонија од пожари. Подносителот, како што информира известителот по предметот Билјана Каракашова Шулев на денешната 19-та седница, во пријавата навел дека за ист или сличен ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
1.54
71%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
54%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
9.77
25%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315