Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА). Бербок беше единствен кандидат за оваа позиција, поради што гласањето беше само формалност. Претседателот на ГС на ОН претежно има претставничка улога и мандат од една година. Бербок официјално че стапи на функцијата на 9 септември, непосредно пред почетокот на општата ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави дека постои „вистинска можност да се стави крај на војната“, оценувајќи го моментот како „посебен“. Зеленски учествува на самитот на шефови на држави од источниот блок на НАТО и нордиските земји. – Русија е принудена да се вклучи во дипломатски процес – изјави Зеленски, додавајќи дека Европа и САД располагаат со супериорно оружје во однос на Русија. ...

Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград. Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања. Несреќата се случила околу 10:50 часот утрово. Според директорот на тоа училиште, Љубомир Вукиќевиќ, кој е на пат кон ...

Фискалната консолидација продолжува и понатаму. Она што сме го напишале во фисакалната стратегија е наша обврска, кон која целиме и која ја реализираме. Отстапување од тоа нема. Во однос на пет отсто од БДП за НАТО, ние во овој момент сме земја која е од оние земји кои најмногу издвојува, односно два отсто е обврската. Речиси сме во првите неколку земји кои издвојуваат блиску до два проценти, соопшти денеска на прес-конференција министерката за ...

Во едно современо и транспарентно општество, статистиката претставува огледало на реалноста. Таа е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме. Статистиката овозможува граѓанска вклученост, јавна отчетност и социјален дијалог. Без квалитетни и независни податоци – нема ниту квалитетна демократија, порачаа денеска говорниците за време на Свечената академија по повод 80 години од основањето на Државен завод за статистика, како и 25 години од ...

Премиерот Христијан Мицкоски по средбите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и официјални лица, во Вашингтон изјави дека впечатоците се исклучително високи, одговарајќи на новинарски прашања, за можен договор за слободна трговија, денеска на настан за одбележување 80 години од државен завод за статистика во Скопје. Премиерот нагласи дека на средбите била истакната стратешката соработка и знаењето на ...

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА. Јахоски, како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата. Во соопштението се наведува дека Јахоски, кој го оштети Буџетот на државата за 167 ...

Најмалку 13 авиони беа уништени во Русија, а уште повеќе беа оштетени во специјална операција на Безбедносната служба на Украина – изјави раководителот на Центарот за борба против дезинформациите при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина – Андриј Коваленко. Коваленко го објави ова на Телеграм – објави Танјуг, повикувајќи се на Укринформ. На 1 јуни, Безбедносната служба на Украина спроведе специјална операција наречена „Пајакова ...

Владата нa последната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа со што вршиме намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониските царински стапки да почнат да се применуваат од 1 јули 2025 година, односно од наредниот месец. Станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во ...

Поттикнати од интересот и ангажманот на вработените и клиентите во првиот циклус на иницијативата, како и од потребата за континуирана промена на секојдневните навики во насока на поздрава и поодржлива иднина, со гордост го најавуваме почетокот на Триглав Зелена Лига vol. 2. Проектот, кој што Триглав Осигурување го реализира во партнерство со Challenger, оваа година добива нова, проширена димензија. Покрај главната цел – заштеда од 365 тони CO₂ ...

Во пештерата Свинска стрна забележана е дива мачка со редовниот мониторинг на пештери во Националниот парк Галичица, соопшти денеска Црвен крст Охрид. Дивата мачка е загрозен вид, а редовниот мониторинг е во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“. -Редовниот мониторинг во пештерите и надвор од нив е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми ...

Германија На Германија ќе ѝ бидат потребни дури 260.000 активни војници за да ги задоволи растечките одбранбени барања на НАТО, предупреди шефот на воениот синдикат на земјата, што е нагло зголемување во однос на официјалната цел на владата од 203.000. Оваа цел првпат беше поставена во 2016 година, години пред почетокот на војната во Украина и пренасочувањето на НАТО кон одбранбените капацитети. Оттогаш, Бундесверот се стреми кон раст. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува во првиот квартал од оваа година стапката на растот на Бруто домашниот производ (БДП) да биде меѓу три и четири проценти. -Јас тоа го кажувам во изминатиот период и очекувам конечно во првиот квартал од оваа година да покаже едно консилидирање, да бидеме во првите пет-шест би рекол економии во Европа. Во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ(БДП) на раст, да речеме би ...

Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон – соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. -Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот се уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме информации за десетина деца кои се отстранети од тестирањето кои се фатени дека ...

Работната верзија од Извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е, важна, значајна, бидејќи, првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историска неправда и дека ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик, но европарламентарци имаат поинакви мислења. – За жал, од страна на некои негови колеги, ...

Израелско-палестински конфликт Претставникот на Хамас, Басем Наим, тврди дека Хамас добил „официјален одговор“ од Израел на предлогот за прекин на огнот што го изнесе американскиот специјален претставник Стив Виткоф. Овој израелски одговор, вели Наим, „не исполнува ниту едно од праведните и легитимни барања на нашиот народ, што вклучува итен прекин на непријателствата и крај на хуманитарната катастрофа што се одвива во Газа“. Но, додава тој, ...

Разговор со проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска од Институтот за тутун во Прилеп Болестите кај растенијата се сериозна закана за глобалната безбедност на храната, бидејќи уништуваат приближно 10-16 отсто од вкупниот принос на културите годишно. Деструктивниот потенцијал на болестите на растенијата е значително зголемен со современите земјоделски практики. Габите предизвикуваат повеќе од една третина од вкупните загуби кај економски важните ...

Со побрз карго и патнички превоз до поголем број превезени патници и стока Реконструкцијата на постојната пруга по должината на коридорот 10, но и изградба на нова најавуваат надлежните, како и железничко поврзување со аеродромот во главниот град. Тоа не е сѐ, меѓу плановите за заживување на железничкиот превоз е и подобрување на искористеноста на железничкиот прстен околу Скопје, со кој, според надлежните, ќе се намалат метежите во градот и ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите за предлогот на ЛДП истакна дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. -Да го видам законот. Инаку, ако принципиелно заборуваме за една изборна единица, јас тоа го кажав и во Парламентот, бидејќи беше поставено пратеничко прашање дека ние со Законот за локална самоуправа ја игнорираме дијаспората итн. Јас еве дадов ...

Викендов во домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода се одржа промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски-Космонаутко, а со илустрации на Наташа Костовска. На инклузивната промоција настапија: Мијата, Космонаутко и славејчињата, Беира Беки Салифоска и Леон Мемиш Апостоловски, а авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска накратко ја претставија сликовницата. – Ова е една од ретките ...

Експертски опсервации на американскиот професор Ричард Д. Волф во неговиот аналитички проект „Економски ажурирања“ Новите царини, измените со конкретните административни потези на новата влада во САД, мерките што ги преземаат, но и ефектите од одлуките на корпорациите и големите бизнисмени се меѓу главните теми во анализата на кои се осврна американскиот професор Ричард Д. Волф. Професорот во анализата со наслов „Економски ажурирања“, ...

Додека светот брзо бара одржливи решенија за борба против климатските промени, Швајцарија повторно докажува дека е пионер во иновациите што ги комбинираат екологијата и технологијата. Во срцето на Алпите, железниците сега ќе имаат дополнителна енергетски моќна функција – производство на чиста сончева енергија. Швајцарскиот стартап „Сан вејс“ започна со инсталирање соларни панели директно на активни железнички пруги, отворајќи ново поглавје во ...

Животни Дресерка на кучиња од Чикаго откри опасна навика што родителите треба да ја избегнуваат со своите миленици за безбедноста на своите деца. Шир Лимазати е сертифицирана дресерка на кучиња, која поседува деветгодишен чоколаден лабрадор ретривер по име Ченс и компанија што ја именувала по своето домашно милениче, но и поради нејзината филозофија за дресурата и самиот живот. Шир не само што ги учи родителите како да работат и да го дресираат ...

Јуни во Кинотеката на Македонија носи богата, внимателно курирана филмска програма што се движи низ темите на телесноста, идеалот, отпорот и културната меморија. Од антологиската класика на европскиот модернизам, до ангажирани современи дела и регионални гласови, јунската понуда ги зближува различните филмски поетики, а го збогатува и самото искуство на гледање како чин на размисла, анализа и емоционален ангажман. На програмата е филмската ...

Книгоиздавателството „Панили“ објави нова книга од еден од најдаровитите и најсестрани македонски автори, Паскал Гилевски. Насловена „Мит и стварност“, книгата е сублимат и синтеза на неговото шестдецениско творечко – преведувачко и критичарско искуство и претставува значаен влог и за есеистиката и критиката во Македонија, воспоставувајќи толкувачки координати со книжевни великани на кои Гилевски претходно им има посветено големо внимание ...

Македонски Брод Општина Македонски Брод преку стратешки план ги категоризираше сместувачките капацитети, што беше прв чекор за развој на туризмот. Вториот чекор е изработка на туристичка мапа, која ќе ги содржи сите можности што ги нуди Поречието. Реализацијата на стратешкиот план, според градоначалникот Жарко Ристески, ја вршат со цел развој на општината Македонски Брод. – Планот за локален развој на Општина Македонски Брод е изработен со ...

Со овој музички фестивал сметаме дека ќе го збогатиме културното живеење на градот и регионот и ќе придонесеме Струмица да стане културен и уметнички центар на Балканот, истакнува Васил Атанасов, селектор на фестивалската програма И оваа година, во еден од најубавите месеци, Струмица повторно ќе ужива во звуците на класичната музика, изведена од врвни уметници што гостуваат на фестивалот. Фестивалот на класична музика „Класика – интернационален ...

Општина Илинден Во средното општинско училиште „Илинден“ продолжува инвестирањето во нова и напредна опрема од електротехничка струка за да се создаде иновативна и стимулативна средина за учење и стекнување трајни и одржливи знаења и вештини. Деновиве градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети средното училиште, при што заедно со пратеничката Драгана Бојковска и директорот на училиштето, Зоран Арсовски, направи увид во ...

Објавена е нова книга во едицијата „Арго“ на издавачката куќа „Или-или“. Се работи за „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ од Ксенофонт, во превод од старогрчки на македонски јазик на Светлана Кочовска-Стевовиќ. Тоа е љубовен роман од првите векови на нашата ера. Авторот нè води на возбудливо патување низ источниот Медитеран на кое судбината немилосрдно ги раздвојува двајцата главни протагонисти ставајќи ја на тест нивната љубов. На ова ...

Во периодот од 28 до денеска, во Скопје се одржува мултидисциплинарниот истражувачки проект „Градот како сцена: Еколошки иднини“, кој ги поврзува современите просторни практики со урбаната еколошка трансформација. Преку серија работилници и јавно предавање, проектот се занимава со начините на кои градот има потенцијал за трансформација во сцена за заедничко и солидарно дејствување, низ принципите на демократијата и меѓусебното поврзување. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
1.54
71%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
54%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
9.77
25%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315