Украинскиот напад врз руски стратешки бомбардери за време на викендот ја зголемува опасноста од погрешна проценка и ескалација – изјави американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. – Нивото на ризик значително се зголемува – изјави Келог за телевизијата „Fox News“. – Кога напаѓате дел од националниот систем за преживување на противникот, односно неговата нуклеарна тријада, тогаш ризикот расте, затоа што не знаете како ќе реагира ...

Посветеноста на НАТО кон неповратниот пат на Украина кон членство останува, но земјата никогаш не добила формално ветување за влез во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел. – Украина е поканета на Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Хаг за неколку недели“ – изјави Руте пред состанокот на министрите за одбрана во Брисел и додаде дека деталната програма наскоро ќе биде објавена. На новинарско прашање ...

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи ...

Издвојувањата на ниво од пет отсто од БДП за одбранбените трошоци од страна на членките на НАТО нема да биде само нивно ветување, туку обврска, брифираа извори од Мисијата на САД при Алијансата во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Пактот во Брисел. – Мирот преку зајакнување не бара ништо помалку од подеднаков придонес на сите сојузници. Секој сојузник мора да се обврзе да инвестира најмалку пет отсто од БДП во ...

Полицијата и Државниот пазарен и инспекторатот за труд извршија контрола во кумановски угостителски објекти, изречени се седум глоби за правни и физички лица кои работеле спротивно од Законот за угостителство и три од Државниот инспекторат за труд, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20:00 до 4:00 часот на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. – При контролата, ...

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, преку својот адвокат, побара привремено ослободување од затвор поради влошена здравствена состојба, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение од Меѓународниот резидуален механизам за кривичните судови во Хаг. Во барањето се наведува дека медицинската служба на судот го информирала Младиќ и неговото семејство дека болеста му е неизлечива и дека е преминато на палијативна нега ...

Проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди. Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел, истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на пре-конференција. Еден од приоритетите на Народната банка, нагласи, е инфлацијата. – Знаеме дека имавме два моменти кои беа клучни во изминатиот период што се случуваа и не можат да се средат ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки. Во врска со можноста за интерпелација на уставен судија, Судот веќе официјално има соопштено став на 13 март 2025 година, информираат од Уставниот суд, по најавеното барање за интерпелација на претседателот на Уставниот суд. Во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Уставниот суд во март годинава, излезе со став дека ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова денеска на прес-конференција во Собранието информираше дека на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е разгледан Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи, со кој се предлага намалување на прагот за репрезентативност на синдикатите од 10 отсто на 5 отсто во Економско социјалниот совет (ЕСС). Како што кажа, оваа измена има јасна цел – да создаде поправедни и ...

Бугарија ги исполнува условите за приклучување кон еврозоната од 1 јануари наредната година, соопшти денеска Европската комисија при претставувањето на вонредниот извештај за подготвеноста на земјата за воведување на заедничката европска валута. ЕК препорачува Советот на ЕУ да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната од почетокот на 2026 година. Комисијата потсетува дека сите држави членки на ЕУ стануваат дел од еврозоната штом ги исполнат ...

Следниот датум за преговори меѓу Русија и Украина ќе се утврди кога двете страни ќе бидат подготвени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Очигледно е дека ќе биде потребно време за да се разгледаат разменетите нацрт-меморандуми. Кога страните ќе бидат подготвени, ќе се договорат за датумот на следната рунда преговор – посочи Песков. Тој додаде дека Украина го нападнала Кримскиот мост и дека имало експлозија, но дека не се ...

Новиот план за инвестиции во одбраната ќе биде главната тема на Самитот на НАТО што кон крајот на месецов ќе се одржи во Хаг, чиј суштински аспект е поголемо инвестирање за да се задоволат потребите на зголемената побарувачка и за да се зголеми одбраното производството, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. – Светот станува се поопасен. Постои брутална војна на Русија против Украина, закана од тероризмот и интензивирање ...

Одложувањето на гласањето на Предлог-извештајот за земјава во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), во кој главните забелешки беа барањата на бугарските европратеници околу македонскиот јазик и идентитет, за дел од македонските амбасадори значи голема победа на македонската дипломатија и излегување на вистината на виделина. Амбасадорот Ивица Боцевски и поранешен специјален претставник при унгарското претседателство во ...

Претседателот на Движење Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами смета дека е комплексно прашање дали при парламентарни избори треба да има една наместо шест изборни единици. Во рамки на коалицијата „Вреди“ сè уште немаат формирано став за ова прашање, но Касами со најава дека тоа ќе се направи по што ќе дадат и образложение. – Ова е едно комплексно прашање. Не е едноставно да се произнесеме сè уште во рамките на „Вреди“ се формира како став ...

Вештачката интелигенција (ВИ) е неминовност и ќе го обликува нашето живеење. Нема да го замени човекот, но луѓето кои ја користат ќе ги заменат оние што не ја користат. Тоа ќе се случи секаде, и во јавната администрација и во приватниот сектор и во продажбата и во купувањето. Се надевам постои свесност кај домашните компании дека ова е иднината, дека ќе се приклучат кон новите трендови и дека ќе се адаптираат на предизвиците, порача денеска ...

Хрватска Од оваа недела, родителите на учениците во основните и средните училишта во Хрватска немаат дозвола да влегуваат во училиштата. Со оваа мерка, која важи за последните две недели од наставната година, се забрануваат родителските средби и индивидуалните разговори со наставниците. Мерката е утврдена со новиот Правилник за начини, постапки и елементи на вреднување на учениците, а целта е да се намали притисокот врз наставниот кадар во ...

Оперативниот план за вработување за 2025 година предвидува повеќе средства и ќе опфати рекорден број од над 16.500 лица активни баратели на работа, истакна заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. -Оперативниот план за 2025 година има многу измени и новини во однос на претходните, како по својот опфат и обем на некоја од мерките, така и преку воведување на нови мерки. Кај најпопуларната мерка за самовработување, поддршката е ...

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа, велат од Владата. -3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки ...

Грција Вчера пишувавме за новите законски прописи во Србија во однос на сообраќајот, а денеска ви ги претставуваме новите казни во Грција. Пред почетокот на сезоната на годишни одмори, добро е да се знае што може да ги очекува возачите, за да не се соочат со непријатни ситуации. Имено, Грција воведува построги казни за сообраќајните правила. Новиот нацрт-закон за сообраќајот на патиштата (во Грција) носи ригорозни мерки за возење под дејство на ...

Кога се грижиме за јазикот се грижиме и за себе, за нашите деца за споменот на нашите претци, порача министерот за култура Зоран Љутков на денешната промоција на поштенската марка изработена по повод 80 години кодификација на македонскиот јазик. Министерот во своето обраќање посочи дека човекот без јазик е исто како дрво без корен. -Низ годините нашиот јазик изгради мостови од селските училишта до големите универзитети, од народната песна до ...

Повторно Брисел со протекционизам кон Софија. Иако европската јавност и особено Европската комисија се уверија во низата политички и законски неуспеси на Бугарија, раст на корупцијата и перење пари, загрижувачка инфлацијата и осиромашување, тежок политичкиот застој (Бугарија имаше седум избори во последните четири години), Софија повторно, од некоја неразбирлива причина, добива шанса. Така, денеска, на 4 јуни, Бугарија очекува позитивна оцена од ...

Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на условите за заемот од Велика Британија. -Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5 отсто. Ние ќе имаме доста пониска – вели Николоски ...

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени ...

Се движиме кон дигитално општество, но не смееме да бидеме следбеници на трендовите, туку треба да ги креираме заедно со развиените држави. Ова прашање не познава граници, секоја земја, дури и најмалата, ако има добар ИТ потенцијал кај кадарот и добри навики кај граѓаните, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави квантни чекори напред, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на ...

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува сите љубители на македонскиот јазик, културата и историјата да присуствуваат на престојниот настан по повод одбележувањето на 80 години од законското официјализирање на македонскиот правопис. Свеченоста ќе се одржи на 5 јуни 2025 година (четврток), во хотел „Аполонија“ – Гевгелија, со почеток во 19 часот. Излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и публицистот Мишо Китаноски, кои ќе дадат ...

Гавраните се меѓу најинтелигентните птици, а нивните вештини за решавање проблеми се извонредни – можат да користат алатки, да решаваат загатки, па дури и да планираат за иднината. Тие исто така покажуваат социјална интелигенција, формирајќи силни врски и вклучувајќи се во кооперативно однесување со други гаврани Гавранот е голема црна птица од семејството на враните. Тој илјадници години има добар соживот со човекот, а во некои области е толку ...

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина Во Брисел изминатите два дена се одржа нова рудна преговори во рамките на дијалогот Белград-Приштина, кој се води со посредство на ЕУ. Тоа беше првото учество на Петер Соренсен како посредник, откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари. Првиот ден, дијалогот (завчера) се водеше со косовската делегација, а вчера и со српската. Заменик-премиерот на Косово во технички мандат, ...

Македонскиот метал бенд „Конспираси“ (Conspiracy) на 5 јуни, четврток, во „Буква“ (старо кино „Култура“) во центарот на Скопје, во пресрет на излегувањето на својот втор студиски албум, насловен „Заговор“, кој ќе се појави на дискографскиот пазар утредента, на 6 јуни, преку издавачкатауќа „Мртов коњ“ ќе одржи слушачката промоција. Настанот почнува во 21 часот, а на самото место ќе бидат достапни цедиња и маици со дизајн инспириран од албумот. – ...

Концертот на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет во Скопје беше вистински спектакл! Со својата темпераментна изведба на народни игри, раскошни носии и автентична музика, ансамблот ја поведе публиката на патување низ различни региони на Хрватска. Гостувањето на македонскиот ансамбл „Танец“ дополнително го збогати ова незаборавно искуство. Атмосферата беше полна со енергија и емоции, а концертот дел од годишната програма на ...

Овој викенд, Факултетот за туризам и бизнис-логистика, УГД, ја одбележи 16-та традиционална Туристичко–гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот во хотелот „Аполонија“, Гевгелија На едно место се собраа академската заедница, локалните власти, претставници на министерствата, експерти, студенти, локални жители и заедно ја изнесоа на пиедестал туристичко–гастрономската понуда на Гевгелија, преку обраќања, панел-дискусии и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
46%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.08
48%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
28%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
51%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
49%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
73%
1016
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315