Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска изјави дека нема да бидат дозволени санкции кон Русија кои негативно влијаат врз бугарската економија и додаде дека денеска ќе се дознаа како ќе гласа Бугарија за предвидените санкции од Европска Унија (ЕУ) за Русија. – Војната во Украина одамна ги надмина рововите и се прошири на економијата, енергетиката, спортот, културата, а сега почнува да ја опфаќа и религијата. Мислам дека времето за крстоносни ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се заблагодари на кинескиот и на рускиот лидер, Си Џинпинг и Владимир Путин, за неутралниот став за време на конфликтот со Иран, оценувајќи дека тие две држави не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. Зборувајќи на прес-конференција за време на Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп ја поздрави кинеската и руската воздржаност од, како што рече, вмешување во ...
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на ...
Шпанскиот доктор Себастијан Ла Роса објаснува дека најсилниот природен третман против брчки и уморен изглед е квалитетниот и навремен сон. Сонот е еликсир на младоста, квалитетниот и навремен сон ја обновува кожата и го забавува формирањето брчки. Сонот е клучен, но често потценет фактор за здравјето на кожата. Нарушувања како што се несоница и работа во смени, како и нарушување на циркадијалниот ритам, предизвикуваат воспаление, дисфункција ...
Извештај на Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис) од 16 јуни 2026 година Автор: Доне Прентоски, соработник на „Нова Македонија“ од Германија Според најновиот извештај на Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис), бр. 203, од 16 јуни 2026 година, на крајот на 2025 година во Германија живееле 83,5 милиони луѓе, што е за 110.000 лица помалку отколку една година претходно Имиграцијата не може да го надомести ...
ДВЕ ГОДИНИ НОВА ЕНЕРГЕТСКА ВИЗИЈА: МИНИСТЕРСТВОТО ШТО ГО ПОСТАВИ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ Кога групацијата Светска банка деновиве предупреди дека потрошувачката на електрична енергија во Македонија до 2040 година ќе се зголеми за дури 26 проценти како последица на новите технологии, стана јасно дека прашањето на енергетиката одамна престана да биде само секторска тема. Денес енергетската сигурност е прашање на ...
Гувернерот Трајко Славески останува на ставот дека се потребни законски измени со кои ќе се регулира определувањето на провизиите на банките. – Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам како јавно добро, јавна услуга која по ништо не е различна од снабдувањето на граѓаните со електрична енергија, со вода, природен гас, телекомуникациски услуги – изјави денеска Славески по ...
На 16 јуни 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања, информираат од Кабинетот на гувернерот Трајко Славески. -Во однос на ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел изјави дека државата со засилено темпо инвестира во развојот, модернизацијата и опремувањето на Армијата, со цел унапредување на националните одбранбени капацитети и исполнување на НАТО-стандардите. – Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети, кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку ...
Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29. семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, за прв пат во Албанија, во годината кога се одбележува 30-годишнината од АГСМ. Учествуваа околу 40 претставници на словенските малцинства од цела Европа. Настанот беше организиран заедно со Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое го претставува Македонското малцинство во Албанија. -Фокусот беше ставен на состојбата на Македонската ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски уникатен полускапоцен камен. Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. – Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени ...
Прво издание на литературната манифестација „Дванаесет тивки ѕвезди 1943“ Таму во прекрасното Моклиште, близу Ваташа, каде што се наоѓа спомен-обележјето на дванаесетте ваташки младинци и каде што секојдневно во зелената трева чекорат нозете на некоја нова младост во слобода, во саботата на 13 јуни 2026 година, во организација на Здружението на поети и писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци, се одржа првата литературна манифестација ...
Утре (19 јуни) во Швајцарија, САД и Иран официјално ќе потпишат меморандум за разбирање, отворајќи го патот за 60-дневни разговори заради трајно завршување на меѓусебниот воен судир, а и војната на Блискиот Исток. Истовремено, со меморандум за разбирање меѓу САД и Иран би се поставиле нови рамки на нуклеарната програма на Иран. Во продолжение е текстот на нацрт-меморандумот од 14 точки за моментален и траен крај на војната на сите фронтови, ...
Неколку интересни дискусии на европратениците при изјаснувањето за извештаите за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора Тони Гламчевски од Франција Меѓу дискусиите на европратениците интересна беше забелешката на португалскиот европратеник Антонио Тангер Кореа во името на групата на Патриотите за Европа, кој е известувач во сенка за Босна и Македонија и поранешен претставник на Европската Унија за Западен Балкан, а бил ...
Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера вечерта од Струмица, на одбележувањето на 36 години од постоењето на партијата, се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и порача дека сите отстапувања прецизно ги нотира, ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта. Нагласи дека од утре ќе почне да работи на оваа тема, откако во финиш се екипирањето и промените ...
Од наш агол И „втората европска лига“ бара отстапки?! Државничката храброст денес се мери со способноста да се одбранат националните интереси, а не со подготвеноста да се прифати секоја уцена Постојат моменти во историјата на еден народ кога политиката престанува да биде дневна пресметка меѓу партии и станува прашање на историска одговорност. Македонија очигледно се наоѓа токму во таков момент. Долги години македонската јавност беше уверувана ...
Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија го објавува конкурсот за годишната награда „Ладислав Баришиќ“, наменета за необјавен авторски текст од областа на современата визуелна уметност, визуелната култура и критичката теорија. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941–1991), историчар на уметност и ликовен критичар чие дејствување остави значаен белег во македонската културна јавност. Неговите текстови се препознаваат по ...
Во издание на издавачката куќа „Илика“ излезе илустрираната стихозбирка „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска и Руки Чуки. Книгата претставува шаренолика компилација од четириесет и две слатко-горчливи, интимни, меланхолични, но и хумористични песни на Бојана Низамовска, кои се визуелно поддржани со колоритните илустрации на уметницата Руки Чуки. Песните, како и илустрациите, обработуваат теми од секојдневието во главниот град, богати се ...
Од печат излезе книгата „Поглед однатре: Правен факултет ’Јустинијан Први’, 1960-2006“ од Светомир Шкариќ, еден од најистакнатите македонски правници, универзитетски професори и автори во областа на уставното право. Книгата претставува уникатно сведоштво за развојот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, виден низ личното искуство на авторот како студент, асистент, професор и активен учесник во академскиот живот во периодот од 1960 ...
Во неделата која следува, здружението за културна мотивација КУЛТИ ВАТОР од Скопје во соработка со неколку организации и здруженија на лица од посебните категории на граѓани а претежно за деца и младинци, ќе го реализира фестивалот на детски претстави насловен како “ЖАПЧИЊА 2026“ (претставата за деца и младинци „Среќно Семејство“ во режија на Елизабета Клинчаревска Младеновска) Претставите кај најмладите од овие категории, имаат за цел да им ...
Четвртото издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“, во организација на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи од 20 до 26 јуни во Скопје. Во рамките на четирите фестивалски вечери ќе биде претставен широк спектар на танцови форми – од класичен и современ танц, преку џез израз, па сè до експериментален движечки јазик. Покрај тоа, во оф-програмата ќе се одржат ...
Завршна вечер на „Класика меѓународен фестивал Струмица“ Завршната фестивалска вечер во НУЦК „Антон Панов“, како достојна круна на јубилејното петто издание на „Класика меѓународен фестивал Струмица 2026“, ни подари ретко доживување: музика што не се слуша туку се вдишува. Дуото „Ту белоус“ на брачниот пар Ана Коловска и Александар Коловски не настапи како двајца музичари, туку како едно тело со две дишни мембрани, два мева што создаваат ...
Храна што треба да ја јадете ако имате висок холестерол Овесната каша со бадеми и малини е полна со влакна. Варениот грав е добар извор на влакна. Наутот е богат со диетални влакна. Диететските влакна се вид на јаглехидрати што се наоѓаат во растителната храна што човечкото тело не може да ги вари. Сепак, тие играат важна улога во здравјето на луѓето и треба редовно да ги консумираме. Го подобруваат варењето Диететските влакна го подобруваат ...
Европската комисија денеска го претстави извештајот за состојбата на дигитализацијата во Европската Унија, со оценки и препораки за земјите членки. Според податоците, 98,6 отсто од Европејците имаат покриеност со мобилни мрежи од петтата генерација, додека 60 отсто поседуваат најмалку основни дигитални вештини. Во делот за Бугарија, во извештајот се наведува дека земјата располага со добра телекомуникациска инфраструктура и дека дигиталните ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се предвидува продолжување на прекинот на огнот, отворање на Ормускиот Теснец и почеток на преговори за траен договор меѓу двете земји. Документот беше потпишан по завршувањето на самитот на Г-7, за време на свечена вечера во дворецот Версај, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и други гости. -Штотуку го потпишав – им ...
Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур дискутираше за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот и европратеник Томас Вајц Во дебатата за извештајот на Томас Вајц се слушна порака за Македонија, имено дека „Македонија е потребна во ЕУ, но не треба да се мешаме во нејзиниот политички систем и во нејзините рамки. Ова оди многу подалеку од Копенхашките критериуми и тоа ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот нуклеарен чадор останува најголемата гаранција за слободата и безбедноста во Европа. На прес-конференција во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, Руте рече дека САД во моментов го преиспитуваат својот придонес во силите на НАТО, пред сè во однос на распределбата на одговорностите за спроведување на одбранбените планови. ...
Во Струмица вечерва беше одбележан 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, а лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски порача дека државата повторно добива енергија, надеж и перспектива за напредок. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека предизвиците со кои се соочува земјата се големи и наследени од минатото, но нагласи дека Владата презема сигурни чекори кон подобрување на состојбите. – ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, од одбележувањето на 36-годишнината на партијата во Струмица порача дека стратешка цел на државата останува полноправното членство во Европската Унија, но без отстапки поврзани со македонскиот идентитет, јазик и култура. – Местото на граѓаните на Македонија е на масата во Брисел како полноправна членка на Европската Унија, но тоа нема да биде спринт, туку маратон – истакна Мицкоски, ...
Демократијата подразбира право на промена, а не догма за континуитет на претходни владини обврски, кои, згора на сè, се и противправни Една од најконтроверзните бриселски тези што се пласираат во македонската јавност е дека „секоја нова влада мора безусловно да ги преземе и спроведе политиките и обврските на претходната власт“. Таквиот став не само што е политички спорен туку и суштински ја доведува во прашање смислата на демократијата или, ...