
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија. Како што информираа од Кривичен, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат како „Адитив“, по ценење на наводите, како и приговорите на обвинението, донесол ...
На раскошно украсени епитафи и со традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ја осветија Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони, носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство, братства и сестринства, по вечерната служба тргнаа од храмот „Свети Георгиј“ и поминаа низ струшките улици придружувани од долга поворка ...
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во моментов во Тетово е на средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во изјава за Алсат, Села истакнува дека станува збор за тековна средба меѓу тесното раководство на АА и ДУИ. – Тоа е редовен состанок на Фронтот, тесното раководство на АА со раководството на ДУИ и ќе дискутираме за политичката ситуација – рече Села. Прашан дали лидерот на едното крило на ...
Новата германска федерална влада, предводена од канцеларот Фридрих Мерц, одлучи значително да го намали бројот на комесари, специјални претставници и координатори. Меѓу позициите што ќе бидат укинати е и функцијата на специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан. Според документот за резолуција објавен од БИЛД, владата планира да укине вкупно 25 позиции на својата прва седница. Одлуката опфаќа широк спектар на позиции, ...
Соединетите Американски Држави и Израел водат неформални разговори за тоа Вашингтон да предводи привремена управа во Газа по крајот на војната, објави денеска новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на извори запознати со дискусиите. Информацијата ја пренесе и „Тајмс оф Израел“ кој неведува дека „според пет извори, кои побарале да не бидат именувани бидејќи не се овластени да зборуваат за темата, разговорите се фокусираат на формирање ...
Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии. Парламентарната седницата повторно беше прекината бидејќи победничката партија на февруарските избори, Движењето Самоопределување, не доби доволно гласови за да формира комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Демократскиот сојуз на Косово, трета партија по ...
Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работниот ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Македонија. Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето ...
Раководителот на Кардиналскиот колегиум, кој ќе го избере следниот папа, за време на литургијата во Ватикан пред почетокот на конклавата, повика да биде избран тој „кој им е потребен на Црквата и човештвото во овој тежок, сложен и исполнет со проблеми пресвртен момент во историјата“. Во својата проповед во базиликата „Свети Петар“, Италијанецот Џовани Батиста Ре повика „единството на Црквата“ да се „одржи“ на „овој избор од исклучителна ...
Претседателката на ЕП, Роберта Мецола упатила предупредување до Европската комисијата дека „заобиколувањето на Европскиот парламент“ при предлагањето на одлуката за воспоставување на иницијативата „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), вредна 150 милијарди евра, би можело да резултира со покренување правна постапка против неа пред Судот на правдата на ЕУ. Во допис до претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во кој увид имал ...
Кардиналите од целиот свет се собраа изутрината на свечена миса во базиликата „Свети Петар“ во Рим, пред почнувањето на конклавата која ќе избере наследник на папата Франциск – пренесуваат агенциите. Литургијата, предводена од шефот на Колеџот на кардинали, Италијанецот Џовани Батиста Ре, почна во 10 часот по локално време. Таа му претходи на првото гласање на 133-те кардинали доцна попладне. Ова е најразновидната конклава во 2.000-годишната ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои „по овој основ овој месец не добиле студентски оброк“. Нагласи дека проблемот се решава и ...
Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со ...
Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира првпат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел ...
Косово Единаесеттиот обид за конституирање на косовското собрание – не успеа! И овој пат, како и претходните двапати, не беше можно да се формира изборна комисија за тајно гласање за претседател на Собранието, како што побара движењето Самоопределување. Имено, 56 пратеници на Самоопределување гласаа за избор на комисија за гласање за претседател на Собранието, а еден пратеник беше против. Претседателот рече дека и овој пат, како и минатиот пат, ...
Клучната улога на полициските службеници во обезбедувањето на јавната безбедност и борбата против криминалот и корупцијата беа во фокусот на денешното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. На свеченоста во Центарот за обука на МВР во Идризово беа нагласени постигнатите резултати, како што е намалувањето на криминалитетот за речиси пет проценти и сузбивањето на 14 организирани криминални групи. На настанот беше испратена порака ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, на 5 мај утрото, двајцата осомничени со умисла извршиле грабнување на лице, на сила влечејќи го за рацете и рамењата, по што го внеле во нивниот автомобил БМВ Х5. Во возилото и физички го нападнале, ...
Копенхагенските критериуми се тие кои ќе нѐ направат стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање, а се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова на заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Оценувајќи ги како традиционално пријателски ...
Од Владата за „Нова Македонија“ посочуваат дека дефинитивни договори сѐ уште нема, но дека се форматирани заемни рамки за идните потенцијални инвестициони проекти и дека тие не се ограничени само на една област туку дека со потенцијалните инвеститори се разговара за повеќе области. Премиерот Мицковски од претстојниот инвестициски бран очекува „меѓу две и три милијарди евра за Македонија“… Реализацијата на најавите за нов инвестициски бум се ...
Намалувањето на непродуктивните трошоци, одредени резултати од напорите за подигнување на економската активност, како и домаќинското и транспарентно работење се главните причини за намалување на јавниот долг за 4,7 процентни поени (пп), до нивото од 57,7 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) Регистрирано намалување на јавниот долг за 4,7 процентни поени (пп), до нивото од 57,7 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) По подолг период ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни. Одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на општина Штип, Мицкоски напомена дека се уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците. – Логично е да има прераспредлба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. – Во официјална работна посета на нашата држава, денеска престојува претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво. Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете држави, како и можностите за ...
Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. Мицкоски упати честитка до сите полициски припадници за нивната посветеност и храброст, испраќајќи порака дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. – Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички ...
Босна и Херцеговина Во Њујорк денеска се одржува седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се дискутира за сложената политичка ситуација во Босна и Херцеговина. Ставот на Република Српска ќе го претставува српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ. Владата на Република Српска веќе го поднесе својот извештај (што го пренесуваме во рамка, подолу), во кој се наведува дека раководството на РС ...
Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска. – Разузнавањето и надзорот на терористичките модули со седиште во Пакистан покажаа дека претстојат нови напади врз Индија, поради што беше неопходно да се преземат превентивни напади – рече Викрам Мисри, главен секретар на индиското ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во неделата го најави отворањето на „Алкатраз“, озлогласен поранешен затвор, кој ќе служи како место за „најсуровите и најнасилни криминалци во Америка“. – Му наложувам на Бирото за затвори, заедно со Министерството за правда, ФБИ и секретарот за внатрешна безбедност, повторно да го отвори значително проширениот и реновиран „Алкатраз“ за да се сместат најсуровите и најнасилни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во продолжение на својата „царинска војна“, објави дека ќе воведе 100 отсто царини за филмови произведени во странство. Во објава на платформата Трут соушал, Трамп рече дека ги овластил Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД да воведат 100 отсто царини за „сите филмови“ што влегуваат во САД, а се продуцирани во странство. – Филмската индустрија во Америка умира многу ...
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје , утре, 7 мај, во кино салата Фросина со почеток во 13.30 часот ќе се одржи комеморација за прерано починатиот македонски музичар, композитор, текстописец, аранжер и музички продуцент, Тоше Поп Симонов. Настанот симболично се организира токму на местото каде што Тоше ги направил своите први посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како гитарист на тогашната ...
Лемурите се примати со влажен нос од суперсемејството Lemuroidea, поделени во осум семејства и составени од 15 рода и околу 100 постојни видови. Тие се ендемски вид на островот Мадагаскар. Повеќето постојни лемури се мали, имаат зашилена муцка, големи очи и долга опашка. Тие главно живеат на дрвја и се активни ноќе Лемурите имаат сличност со другите примати, но еволуирале независно од мајмуните и човеколиките мајмуни. Поради многусезонската ...
Настанот „Пристап до финансии за успешна дигитализација“ ќе се одржи утре, во просториите на ИНОФЕИТ – Скопје, во организација на „Солвео“ и „Европскиот дигитален иновациски хаб“. Настанот е наменет за мали и средни претпријатија што сакаат да ја забрзаат својата дигитална трансформација и да ја зголемат својата конкурентност преку пристап до финансиска поддршка. – Преку презентации и панел-дискусии ќе добиете практични информации за актуелни ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност. Тој оддаде почит и на сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата. – Овој ден е посветен на вас, на сите полициски службеници ширум Македонија, на луѓето кои секојдневно професионално ...