Ирачкиот премиер Али ал-Заиди нареди итно свикување на Министерскиот совет за национална безбедност, откако во текот на ноќта Саудиска Арабија и САД извршија воздушни напади врз групи поврзани со Иран во источен Ирак, пренесе „Турција денес“ Како што соопшти Безбедносната медиумска ќелија, Заиди, кој воедно е и врховен командант на ирачките вооружени сили, побарал Советот веднаш да се состане поради, како што е наведено, „безбедносните ...

Собранието на денешната 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд. За нејзиниот избор гласаа 64 пратеници, без гласови „против“ и без воздржани. Пред гласањето, пратеникот Сали Мурати од Европскиот фронт побара точката да биде повлечена од дневниот ред, укажувајќи на, како што рече, административни и хронолошки грешки во доставената биографија на кандидатката. Мурати посочи дека во документот стои оти ...

Реализацијата на тековните проекти во енергетскиот сектор, усогласувањето на законската регулатива со европските стандарди и идните инвестиции беа во фокусот на денешната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и вршителката на должност амбасадор на САД во земјава Никол Варнс, пренесе МИА. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопштија дека на средбата било ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата. За време на посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, Мисајловски истакна дека Министерството за одбрана годинава е фокусирано на реализација на најголемите проекти за модернизација. – ...

Вест како повод за новинарска анализа: За инцидентот што нагло ги зголеми стравувањата за нова претстојна воена ескалација од светски размери или „тотална светска војна“ Тензиите меѓу Иран и Украина нагло се зголемија откако иранските власти соопштија дека со украински напад е погоден ирански трговски брод во Касписко Море, при што еден морнар загинал, а уште еден член на екипажот бил ранет. Според Техеран, станува збор за „акт на агресија“ ...

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за исплата на директните плаќања за земјоделците за 2025 година, со што ќе се заокружи процесот на подмирување на заостанатите субвенции наследени од претходната власт, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на инфраструктурни проекти во Делчево, Мицкоски рече дека Владата наследила неисплатени двегодишни програми за директна ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево го повика Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги испита, како што рече, повеќе од 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар од 2021 година, оценувајќи дека тогашните надлежни институции не презеле соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата дека Владата не направила доволно за состојбата во Гостивар, Мицкоски ...

Саудиска Арабија соопшти дека, во координација со Централната команда на САД (CENTCOM), извршила целни воздушни напади врз милитантни групи поддржани од Иран во Ирак. Според саудиските власти, операцијата била одговор на неодамнешните напади со беспилотни летала врз саудиски нафтени постројки, за кои Ријад ги обвинува проиранските милиции. И американската војска потврди дека, заедно со саудиските вооружени сили, биле нападнати цели поврзани ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и бензините, како и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Тој порача дека Владата ќе продолжи со политиките насочени кон заштита на животниот стандард и одржување на ценовната стабилност. Мицкоски изјави дека движењата на светските цени на нафтата сè уште се променливи, но дека тие остануваат значително под нивото од 100 долари за барел. – ...

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Бесник Џемаили е избран за нов заменик-претседател на Комисијата, функција што ќе ја извршува во наредните шест месеци. Изборот е спроведен согласно принципот на ротација, при што редоследот е утврден според азбучниот ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ. Тој информираше дека мандатот на актуелната заменик-претседателка Софија ...

Цените во Европа: Македонија е најевтина, Исланд речиси четирипати поскап За потрошувачката кошничка во Европската Унија во просек се потребни 100 евра, во Македонија се потребни помалку од 50 евра, а во Исланд за истата кошничка треба да се издвојат речиси 184 евра. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за нивото на цените во Европа, кои уште еднаш ги потврдуваат длабоките ценовни разлики помеѓу северот и југоистокот на ...

Основното јавно обвинителство во Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривичното дело „избегнување плаќање акциза“, откако на граничниот премин Богородица биле откриени 5.000 штеки цигари без акцизни маркички. Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи недозволена стока преку државната граница. Тој со камион-влекач и ...

Собранието попладнево со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, пренесе МИА. Во текот на расправата, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека ребалансот е насочен кон зачувување на економската стабилност, поттикнување на развојот и одговорно управување со јавните финансии. Од друга страна, опозициските пратеници тврдеа дека предложените измени не се ...

Владата донесе одлука да го продолжи процесот за вработување на преостанатите 300 специјализанти од вкупно 600 предвидени со владината одлука од 2024 година, а постапката треба да заврши до крајот на годинава, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. На денешната прес-конференција, Клековски изјави дека по застојот во реализацијата на проектот, Владата на вчерашната седница донела одлука повторно да го отвори процесот за вработување. ...

Епидемијата во Гостивар покажува знаци на смирување, откако во последното деноноќие се регистрирани 71 нов случај – бројка која, според министерот за здравство Сашо Клековски, е на нивото пред почетокот на епидемијата кон крајот на јуни. На денешната прес-конференција, Клековски изјави дека подобрувањето на состојбата се должи на подобриот квалитет на водата во градскиот водовод и на континуираното и соодветно хлорирање. – Сметаме дека ...

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнаа превентивна кампања со која апелираат до возачите да не користат мобилен телефон додека управуваат со моторно возило. Преку силна порака до јавноста, институциите предупредуваат дека и само еден момент невнимание може да има трагични последици. – Секое патување започнува со една едноставна одлука – да седнеш зад воланот. Мислиме ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска е одржан работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку видео-врска се обрати директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. Како што информира Мицкоски во објава на социјалните мрежи, на состанокот бил разгледан досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, следните ...

Со грант од два милиони евра од Европската Унија, Царинската управа започнува проект за воведување паметни системи на граничните терминали, со цел целосна автоматизација на царинските постапки, побрз проток на стоки и поефикасна борба против корупцијата. Од Царинската управа информираат дека веќе е потпишан договор со избраниот изведувач за набавка на неопходната опрема, по спроведената постапка за јавна набавка. Имплементацијата на проектот ...

Министерството за здравство го претстави проектот за темелна реконструкција, проширување и модернизација на Клиничката болница во Тетово, чија проценета вредност изнесува 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра. Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со заменик-министерот Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Тетово Билал Касами, претставници на Светска банка ...

Со дела од македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето. Концертот под мотото „Звук што расте“ се одржа вчеравечер на „Охридско лето“ донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта ...

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот. Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица осомничени за корупција поврзана со полагање стручен испит во областа на стоматологијата. Според истрагата, студентка со паричен надомест обезбедила да добие уверение за положен испит без да го поседува потребното знаење. Од МВР информираат дека Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги на 27 јули до Основното јавно обвинителство за ...

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 40 минути. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да возат внимателно, да ...

Сè пожешките ноќи, кои се последица на климатските промени, го нарушуваат сонот на луѓето низ светот. Новите истражувања покажуваат дека просечниот човек денес губи повеќе од 50 часа сон годишно или речиси седум ноќи сон поради високите ноќни температури. Бидејќи тропските и топли ноќи – кога температурата во текот на ноќта не паѓа под 20 Целзиусови степени – се сè почести, последиците сѐ повеќе се одразуваат врз здравјето на населението. ...

Персонализираната мРНА-вакцина против рак што ја развиваат руски научници претставува едно од најамбициозните достигнувања во современата онкологија. Според академикот Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар „Гамалеја“, досегашните резултати даваат основа за оптимизам, а тој изразува уверување дека терапијата ќе покаже значителен успех кај пациентите. За разлика од класичните вакцини, чија цел е да спречат појава на ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (20) Десеттомниот опус насловен „Патописи“ (Seyahatnâme) од османлискиот автор Евлија Челеби претставува фундаментален споменик на исламската и турската книжевна традиција. Во квантитативна и квалитативна смисла, овој масивен литературен потфат се издвојува како најдолгото и најсеопфатно патописно дело создадено во рамките на османлиската културна сфера. Неговата вредност ...

Седум лица со потврдена западнонилска треска во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а еден од пациентите е во тешка здравствена состојба и се наоѓа на респираторна поддршка, информира директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за 76-годишен жител на Скопје, кој веќе една недела е сместен на Одделот за интензивна нега. Според д-р Цана, пациентот не патувал надвор од државата пред да се зарази. Останатите ...

Збогување со актерот Гоце Тодоровски Пензионираниот актер на Драмскиот театар во Скопје, незаборавниот Цанде од „Солунски патрдии“ и еден од најпопуларните и најпрепознатливи македонски актери, почина на 75-годишна возраст. Од Драмскиот театар во Скопје велат дека со заминувањето на Гоце Тодоровски, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. – Гоце ...

Осумте регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава не ја одразуваат реалната распространетост на вирусот, туку претставуваат само „врв на епидемиолошката санта мраз“, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски. Во објава на Фејсбук, Даниловски посочува дека сите досега евидентирани пациенти развиле тешка, невроинвазивна форма на болеста со зафатеност на централниот нервен систем, но нагласува дека тоа не значи дека вирусот ...

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди југозападна Јапонија се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивната потрага по преживеани под урнатините, пишува „Би-би-си“. Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Геолошкиот завод на САД (USGS), односно 7,1 според Јапонската метеоролошка агенција (JMA), доцна во вторникот ја погоди префектурата Кумамото. Потресот предизвика големи оштетувања на патната ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58