Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 30 јули во земјава се потврдени 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на проценката на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно ...
И покрај изјавата на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот дека епидемијата на циклоспороза е ставена под контрола, низ САД продолжуваат да се регистрираат нови случаи на инфекција со паразитот Cyclospora cayetanensis. Според најновите податоци на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), само во периодот од 21 до 28 јули се евидентирани околу 2.500 нови случаи. Од почетокот на мај досега се ...
Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена ...
Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар денеска привеле 58-годишен жител на селото Равен, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени дрога и муниција. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето Д.С. е лишено од слобода околу 7:30 часот, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При ...
Климатските промени ја влошуваат сушата во Европа бидејќи поради екстремните горештини резервите од вода испаруваат, наведуваат научниците во истражувањето објавено оваа недела. Ниските нивоа на водата ги нарушуваат транспортот, земјоделството и индустријата во некои земји како Романија и Грција. Многу европски земји ова лето страдаат од суви услови. Франција стравува дека би можела да го има најмалиот род на пченка во последните 50 години, ...
Двегодишно дете од Куманово било хоспитализирано откако се затруло со средство за разредување на боја, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога од Општата болница во Куманово известиле дека кај нив било донесено двегодишно дете со симптоми на труење. По укажаната прва медицинска помош, детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што е ...
ОД КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА ДО АСНОМ, ОСВРТ НА ЕДЕН ФРАГМЕНТ ОД ХЕРОЈСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА Историјата на народите не се создава само во миговите на победа. Понекогаш најсилните историски процеси започнуваат во моменти кога изгледа дека идејата е поразена. Таков е патот од Крушевската Република во 1903 година до АСНОМ во 1944 година. Меѓу овие два датума има 41 година исполнети со востанија, војни, политички пресврти, страдања, надежи и ...
Дебатите за Законот за правична застапеност како повод Од малцински привилегии кон мерит-систем Повеќе од две децении по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Македонија повторно отвора една од најчувствителните политички и уставни дилеми: дали инструментите што беа создадени како механизми за стабилизација по конфликтот од 2001 година треба да останат трајна карактеристика на политичкиот систем или, пак, е време државата постепено да ...
Од Крушево до АСНОМ – зборови што останаа да ја чуваат македонската меморија Илинден не е само датум. Тој е историска вертикала што ги поврзува генерациите Македонци во нивниот стремеж за слобода, државност, достоинство и духовен опстанок. Од Крушевската Република во 1903 година, преку Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, до современата независна македонска држава, идејата за Илинден продолжува да живее не само во учебниците и ...
Проектот „Скопје 63/63“ претставува единствена средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година. Поетската антологија, подготвена од Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија. Проектот е дополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик сведочат за архитектонското наследство што го ...
Ноќта е време кога телото закрепнува од секојдневните напори. Меѓутоа, кога температурите остануваат високи и по зајдисонце, телото не успева доволно да се олади, поради што закрепнувањето не е целосно. Недостигот од сон е поврзан со полошо расположение, послаби когнитивни способности, намалена продуктивност и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и ослабен имунитет. Иако квалитетот на сонот е под влијание на многу фактори, научниците ...
„ЃАВАТО“ НЕ ГО СПАСУВА САМО ЕЗЕРОТО ТУКУ И ЈА ПОТСЕТУВА МАКЕДОНИЈА ДЕКА ВОДАТА Е НАЈГОЛЕМОТО НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО Дваесет часа беа потребни повторно да се наполнат цевководите на хидросистемот „Ѓавато“ откако шест месеци мируваше. Но зад тие дваесет часа се крие приказна што трае повеќе од две децении – приказна за едно езеро што неколкупати било на работ на исчезнување, за држава што сфатила дека природата не може да се остави сама на себе и ...
Саудиска Арабија објави формирање на нов воен сојуз за заштита на пловидбата во Црвеното Море и околу стратешки важниот теснец Баб ал-Мандеб, откако нејзини бродови повторно беа цел на напади. Според саудиските власти, алијансата ја сочинуваат 14 држави, меѓу кои Кувајт, Катар, Бахреин, Пакистан, Турција, Египет и Јордан. Целта е да се обезбеди слободна навигација, сигурност на меѓународните трговски патишта и непречено глобално снабдување со ...
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, ...
Со најавените температури до 40 степени Целзиусови во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека значително се зголемува ризикот од труење со храна и апелира граѓаните да бидат особено внимателни при купување, транспорт, чување и подготовка на прехранбените производи. Од АХВ посочуваат дека високите температури претставуваат ризик и за здравјето на животните, поради што е неопходно навреме да им се обезбедат ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на 64.250 евра, кои биле откриени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички управуван од грчки државјанин. Од Царинската управа информираат дека против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд, а непријавените девизи се запленети. При влезот во државата, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување, ...
Редакциски уводник Постојат датуми што ги бележиме во календарот затоа што се државни празници. Постојат и датуми што ги славиме затоа што нè потсетуваат на значајни историски настани. Но постојат и ретки денови што ги надминуваат календарот, политиката и времето. Денови што стануваат дел од идентитетот на еден народ. За Македонија таков ден е 2 Август – Илинден! Во македонската историја има многу славни личности, многу храбри битки, многу ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се постигнати значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Според МВР, засилената координација меѓу организациските единици, побрзата размена на информации и заедничките акции овозможиле поефикасно откривање и разбивање на криминалните мрежи што се занимаваат со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните камери од системот „Безбеден град“ официјално се ставени во функција на дел од територијата на општина Дебрца, по успешно завршените технички тестирања, пренесе МИА. Станува збор за камерите поставени на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, кои ќе овозможат постојан сообраќаен надзор и поефикасна контрола на прекршоците. Од МВР најавуваат дека во наредниот период ...
Турските власти денеска привеле 51 лице во рамки на истрага за наводни неправилности при јавни тендери и фалсификување документи, меѓу кои е и градоначалникот на округот Етимесгут во Анкара, Ердал Бешикчиоглу. Бешикчиоглу, кој на локалните избори во 2024 година беше избран како кандидат на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), пред влегувањето во политиката беше познат актер. Најголема популарност стекна со главната улога во ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што го погоди јапонскиот остров Кјушу се искачи на 30, соопшти јапонската влада, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите, пренесе „Еуроњуз“. Земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој пред два дена ја погоди јужна Јапонија, предизвика големи разурнувања. Уништени се бројни домови, оштетени се мостови, а на повеќе локации избувнаа пожари. Повеќе од ...
Четири лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција, каде што заклучно со 29 јули се потврдени вкупно 42 случаи на инфекција, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според неделниот извештај на ЕОДИ, дури половина од новорегистрираните случаи се откриени во текот на изминатата седмица, што укажува на забрзано ширење на вирусот. Од вкупниот број заразени, 37 пациенти развиле симптоми на зафатеност на централниот нервен ...
Во Софија денеска се одржа првиот состанок на заедничката работна група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовката и реализацијата на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8 – еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување на двете земји, пренесе МИА. Со состанокот претседаваа заменик-министерката за транспорт на Македонија, Калтрина Зеколи Шаќири, и заменик-министерката за транспорт на Бугарија, Цвета Тимева, во ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која разговарале за економските приоритети на земјата, реформските процеси и можностите за понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете држави, пренесе МИА. За средбата министерката информираше преку објава на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека акцентот бил ставен на ...
Водата во струмичките села Рич и Белотино повторно е безбедна за пиење, соопшти денеска Општина Струмица, откако најновите лабораториски анализи потврдиле дека таа е здравствено исправна, пренесе МИА. Според соопштението, од водата биле земени нови примероци, а микробиолошките и физичко-хемиските испитувања покажале дека таа ги исполнува законските и стручните стандарди за безбедност и може непречено да се користи за пиење. Од Општината ...
Во СВР Скопје од 2022 година до денес се евидентирани вкупно 1.275 случаи на семејно насилство, а податоците покажуваат значително зголемување на бројот на случаи што се процесуираат по брза постапка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Информацијата беше презентирана при посетата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се разговарало за работата на службата, ...
Хируршкото одделение на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп започна со примена на минимално инвазивна хирургија за лекување на препонска кила, со што пациентите добиваат современ оперативен третман што овозможува побрзо закрепнување и пократок престој во болница. Станува збор за лапароскопска ТАПП (Transabdominal Preperitoneal) техника, при која преку три мали отвори се поставува специјална мрежа зад перитонеумот, со што се намалува ...
Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација, информираше директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за пациенти на возраст од 76 и 66 години, кои се лекуваат на Одделот за интензивна нега. Дополнително, за уште тројца пациенти примени со дијагноза акутно воспаление на мозокот и мозочната обвивка се чекаат ...
Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка. Проектот, чија вредност е проценета на речиси 6,7 милијарди денари, ...