Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) во првата половина од 2026 година спровел речиси 22.000 инспекциски надзори, а во делот на откупот на земјоделски производи издал 409 решенија, меѓу кои наредби, опомени и задолженија. Ова денеска го соопшти директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, кој посочи дека Инспекторатот во моментов се соочува со сериозен недостиг на инспектори поради пензионирање на кадарот. – Инспекторатот континуирано е на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, порача дека Владата нема да дозволи изградба на дата-центри доколку тие имаат негативно влијание врз животната средина. Тој нагласи дека нема да се дозволи сечење шуми, ниту какви било штетни последици врз водата, воздухот или природата заради реализација на вакви инвестиции. – Нема да дозволиме никаков негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се ...

Вкупно 147 пензионери во Македонија остваруваат исплата од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно од вториот пензиски столб, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) со пресек на 30 јуни 2026 година. Според анализата, за овие корисници е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, а просечната месечна нето исплата изнесува 9.878 денари. Просечниот ...

Анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар продолжуваат и во текот на викендот, а засега не може да се предвиди кога забраната за нејзино користење за пиење ќе биде укината, изјави денеска во Штип министерот за здравство Сашо Клековски. Тој појасни дека секојдневно се земаат примероци од повеќе кориснички места и дека водата ќе може повторно да се користи за пиење само откако три последователни анализи ќе покажат дека е здравствено ...

Компаниите од денеска можат електронски да добиваат Уверение за квалитет за земјоделски производи, преработки и стоки, како и Уверение за квалитет В1 – Сертификат за извоз на вино, преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Новите услуги ги претставија министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски, кои истакнаа дека електронските сертификати ќе имаат ...

Бродски и транспортни компании се подготвуваат да потрошат милијарди евра за изградба на нови пристаништа за да го заобиколат Персискиот Залив Бродските и транспортните компании се подготвуваат да потрошат милијарди евра за изградба на нови пристаништа во близината на устието на водниот пат широк 35 километри. Тие имаат цел да ги заштитат трговските врски со Персискиот Залив така што ќе им овозможат на бродовите да го заобиколат Ормускиот ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против две физички лица и едно правно лице, поради сомнение за даночно затајување со кое, според истрагата, Буџетот на државата е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението, првопријавениот Н.О., државјанин на Турција и реален сопственик и управител на компанијата во периодот од 2016 до 2021 година, по поднесувањето на ...

Историски трилер Привремено престојуваше во прекрасна вила во Џихангир во близината на сарајот Долмабавче. Долго време се подготвуваше за враќање во Македонија. Сега таму, во Европа, започнаа да дуваат пријатни ветрови иако татковината врескаше од неправди. Одамна беше кога како момче од десетина години мораше да се раздели од домот и заедно со татка си да се упати во белиот свет по корка леб. Судбината сакаше неговиот татко да го даде за ...

НОВИ УСПЕСИ ЗА „СКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „Синелинк индастри дејс“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски ...

Изложба на Игор Тошевски и ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е отворена во Музејот на современата уметност. – Во време кога честопати се повторува дека „ништо не може да се направи“, изложбата тргнува од едно поинакво прашање: што ако токму малите поместувања, прекините, погрешните преводи, гестовите на двоумење или отстапување можат да ги направат видливи структурите што вообичаено остануваат скриени? Во тој контекст, уметноста не се ...

Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција. Концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје. Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на ...

Во Германија трошоците за домување растат четири пати побрзо од платите Пронаоѓањето стан за изнајмување во Германија станува сè потешка и поскапа задача. Новите податоци покажуваат дека цените на кириите растат со темпо што далеку ги надминува примањата на граѓаните, создавајќи сериозен јаз меѓу приходите и трошоците за домување. Според најновиот извештај на порталот за недвижности „Имовелт“ (Immowelt), рекламираните кирии во најголемите ...

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ Површината на шуми погодени од пожари во Амазонија минатата година паднала на најниско ниво во последните 40 години, според годишниот извештај на бразилската иницијатива за мониторинг на животната средина. Во текот на 2025 година пожарите зафатија околу 3,1 милиони хектари шума, што е за околу 80 проценти помалку отколку во 2024 година. Бројот на пожари исто така се намалил на нивото на цел Бразил. Вкупно 12,7 милиони хектари ...

Вечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво. -Имајќи предвид ...

Полската полиција пронајде кратер широк околу десет метри и остатоци од неидентификуван објект во поле во округот Билгорај, откако воените радари претходно регистрирале објект што влегол во полскиот воздушен простор за време на масовните руски напади врз Украина. Според полската армија, неидентификуваниот објект бил забележан како се движи кон запад, но по кратко време исчезнал од радарските системи. Поради синоќешните руски напади, особено ...

ИНЦИДЕНТОТ ВО КАСПИСКО МОРЕ – СПОЈКА ЗА УКРАИНСКАТА И БЛИСКОИСТОЧНАТА ВОЈНА?! Во јавноста се појавија информации за украински напад врз ирански трговски брод во Касписко Море. Тоа предизвика многу безбедносни анализи за можните последици доколку конфликтот навистина почне да се прелева кон просторот што досега беше релативно изолиран од директните борбени операции. Касписко Море одамна не е периферија на светската политика. Тоа е „мекиот ...

Најмалку пет лица загинаа во силното невреме што го погоди југоисточниот дел на Бразил, јавуваат локалните медиуми. Бурата, проследена со ветрови посилни од 100 километри на час, предизвика голема материјална штета во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и во други градови. Невремето корнеше дрвја, откорнуваше покриви од куќи и уриваше ѕидови, а во повеќе региони беа регистрирани и големи прекини во снабдувањето со електрична енергија. Бурата, која се ...

Во секое старо македонско село има приказни што не можат да се најдат во учебниците и архивите. Тие не се запишувале на хартија, туку останувале во паметењето на луѓето и се прераскажувале од колено на колено. Некои со текот на времето станале легенди, а некои останале како нерешени животни мистерии. Таква е и приказната што повеќе од еден век живее во демирхисарското Слепче. Слепче отсекогаш било познато како печалбарско село. Речиси секое ...

Историски трилер Истанбул 1923… – Имаме договорен сигнал, драг господине – кочинарот се поднаведна за да го слушнат во кабината од пајтонот. – Дали си сигурен, Карпис Карапетјан? – Апсолутно, господине Гаврило Колароски. – Престани да ме титулираш, човеку! – Кога сме во акција, практикувам одредена дистанца. – Марш! Низ вратата од кабината се провре висок, силен маж. Во раката држеше бастун. Беше облечен во модерна облека од „времето на ...

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски околу уставните измени како повод Пораката што странските дипломати постојано ја повторуваат изминатите четири години е дека без уставни измени не е можен пробив на земјава во евроинтегративниот процес, додека на македонските забелешки за евентуалните идни вета, странците само ги спуштаат рамениците изразувајќи надеж дека можеби нема да ги има. Од друга страна, скептицизмот во домашната ...

Властите во Словенија прогласија портокалова и црвена фаза на опасност од пожари за крајот на оваа недела, поради екстремно високите температури и зголемениот ризик од избувнување пожари. Црвена фаза, која означува многу висока опасност од пожари, е прогласена за подрачјата Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата на сила е портокалова фаза, што укажува на ...

Недвижностите континуирано поскапуваат Цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, но интересот за купување или поседување сопствен дом не стивнува. Последниве години цените на становите постојано се во нагорна линија, што е особено забележливо во главниот град, а во последно време и во нашиот најголем туристички центар. Податоците на Народната банка покажуваат дека цените на недвижностите во земјава постојано се ...

Соединетите Американски Држави и Франција ѝ обезбедиле на Украина разузнавачки информации што ѝ овозможиле да ја мапира руската противвоздушна одбрана и да ги идентификува рутите по кои дроновите со долг дострел можат да ги заобиколат системите за одбрана и да стигнат до своите цели, објави британскиот весник „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на украински извори. Според весникот, американските и француските разузнавачки служби помогнале и во ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната недела да дојде до позначително намалување на цените на дизелот и бензините, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата размислува за намалување на акцизите или на ДДВ за горивата, Мицкоски изјави дека акцизната политика се анализира на секои две ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни слабости во работењето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), меѓу кои недоволна контрола на здравствените услуги, доцнење во дигитализацијата, слабости во лекувањето во странство и неажурирани цени на здравствените услуги и лековите. Во Извештајот за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на ФЗО за 2024 година, ДЗР изразува мислење со резерва, наведувајќи дека, ...

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска одржа работна средба со претставници на словенечката инженерска и технолошка компанија ИНЕА од Љубљана, на која беа разгледани можностите за нова инвестиција во земјава, пренесе МИА. Според информациите од Дирекцијата за ТИРЗ, компанијата ја разгледува можноста за инвестиција вредна најмалку 15 милиони евра, која би донела отворање на минимум 100 нови работни места. На состанокот ...

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи е назначен за специјален пратеник на Владата за Европската Унија со седиште во Брисел, објави тој денеска на својот профил на Фејсбук. Фетаи соопшти дека Владата на вчерашната седница донела одлука за негово именување на оваа функција. Претходно, ваквата најава ја соопшти и копретседателот на коалицијата Влен, Изет Меџити. Во објавата, Фетаи им се заблагодари на Владата и на премиерот ...

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 16 степени, а максималната ќе достигне 36 степени. Според прогнозата на Управата за ...

Двајца пожарникари загинаа при интервенција на голем пожар што избувна на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ретимнос, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијални информации, нивното противпожарно возило останало заглавено меѓу огнените јазици за време на интервенцијата. Пожарот избувнал околу 14.30 часот во подрачје со ниска вегетација. Во неговото гаснење учествуваат 110 пожарникари, шест пешадиски тимови, 27 ...

Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди југозападна Јапонија се искачи на најмалку 18, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Кумамото на островот Кјушу, а локалните власти предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми бидејќи сè уште има лица кои се водат како исчезнати. ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32