Повод: Претседателот на Унгарија потпиша указ за уставни измени, претходно усвоени во унгарскиот парламент, со кои му престанува и неговиот мандат како шеф на државата Пишување набрзина на ново политичко-правно поглавје во една држава речиси никогаш не минува без турбуленции. Тоа деновиве најдобро се гледа во Унгарија, каде што новата влада на Петер Маѓар направи потег без преседан во поновата европска историја. Имено, унгарскиот парламент ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...

Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации, соопшти градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Како што информираше тој, во текот на ноќта биле расчистени повеќе ...

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Силјановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...

Најмалку девет работници загинаа, а се стравува дека уште најмалку 15 лица се заробени по експлозија во тунел во индиската сојузна држава Сиким, пренесе „Ројтерс“. Несреќата се случила вчера на градилиште на државната електроенергетска компанија на реката Тиста, во селото Самарданг. Окружниот претставник Субаш Гимиреј изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на течен природен ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции, соопшти вечерва МВР. – Невремето предизвика најголеми последици на ...

По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба, информираше АРМ на социјалните мрежи. – Брзата реакција, професионалноста и несебична посветеност уште еднаш ја потврдија подготвеноста на Армијата да биде со граѓаните во моменти кога е најпотребна помош – се вели во објавата. По ...

По успешното прво издание, фестивалот „Скопје се лади“ се враќа по вторпат и на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во Скопје во најголемата летна музичка сцена во државата. Годинашниот фестивал носи ексклузивен настап на светски познатиот диџеј и продуцент Бурак Јетер, кој за првпат доаѓа во Македонија. Како автор на глобалните хитови „Tuesday“ и „My Life Is Going On“, кој е главна тема на серијата „Мани хајст“, Бурак Јетер е едно од ...

Кога си дете, сè изгледа едноставно: ако ги имаш очите на татко ти, а носот на мајка ти, тоа значи дека генетиката функционирала како што треба. Во реалноста, секоја секунда во нас се случува остра поделба на наследството. Добиваме точно по 50 отсто ДНК од секој родител, иако многу популарни написи тврдат дека гените на таткото се „посилни“ или „поагресивни“. Но вистината е дека постојат работи кога машкиот хромозом или еволутивниот дизајн на ...

Некогаш резервирани главно за спортисти и рекреативци, протеинските пудинзи денес станаа еден од најбараните производи во супермаркетите. Протеинските пудинзи ги преплавија полиците во продавниците, а многумина се прашуваат дали навистина толку се здрави или сето тоа е само уште еден маркетиншки тренд? Многуте протеини, тоа што имаат малку шеќер и привлечното пакување создаваат впечаток дека се здрава алтернатива на класичните десерти. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 50 проценти за широк спектар производи од Канада, обвинувајќи ја Отава за дискриминаторски третман на американските автомобили, алкохолни пијалаци и млечни производи, пренесе „Ројтерс“. За воведувањето на мерката, Трамп се повика на член 338 од Законот за царини од 1930 година, кој му овозможува на претседателот да воведе казнени царини до 50 проценти за земји за кои се ...

Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17 до 21 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8.300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има зголемен ...

Да се зајакнат трговските односи меѓу Македонија и Индија со цел во следните пет години да достигнат барем 400 милиони американски долари во трговска размена, со што вистински ќе се реафирмираат односите меѓу двете земји, беше главната порака од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје на којшто се обратија и претседателките на Гордана Силјановска Давкова и Друпади Мурму. Силјановска Давкова во своето обраќање посочи ...

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со ...

Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема ...

Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информираше Центарот за управување со кризи. – Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на улица „Женевска“ број 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на улица „Методија Митевски“, ...

Последиците од случајот со водата за пиење и денеска беа присутни во Гостивар – граѓаните продолжија да подигнуваат флаширана вода од пунктовите низ градот, во Општата болница продолжија прегледите на пациенти со стомачни тегоби, а пред судија на претходна постапка беа изведени тројцата осомничени во истрагата за случајот. На седумте пункта за дистрибуција на флаширана вода, поставени од Владата, во текот на целиот ден граѓаните подигнуваа ...

Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Македонско-индискиот бизнис форум што ...

Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење, информираше на денешната прес-конференција Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на СОЗР Ивица Томовски и ...

Бројот на прегледи на заболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува и претпоставка е дека тоа е заради првите мерки, изјави попладнево министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. – Според последниот извештај имаме преполовување на бројот на нови прегледи, односно првпат прегледани пациенти, односно 293 нови случаи. Тоа е преполовување во однос на саботата, кога беше врвот на епидемијата. ...

Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“, ...

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање на состојбата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на новинарско прашање околу соработката со локалните власти и дали ќе има проширување на истрагата за одговорноста на други лица за загадувањето на водата во Гостивар. – Факт е дека заклучно со денес, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на ...

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. – Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за ...

По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар. Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално ...

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од силниот ветер во Кисела Вода падна дрво, летаа лимени конструкции и огради, корпи за отпадоци и останати помали предмети. Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток. Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги ...

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти што се користат на Охридското Езеро, со цел да го провери нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски, пренесе МИА. Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги и ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се спроведени соодветните царински постапки согласно важечките ...

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. – Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.12
20%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
2.68
36%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.19
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.68
22%
1012
weather icon

Љубљана

38ᴼ / 37ᴼ
0.89
25%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
6.71
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.35
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.74
33%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.92
30%
1013
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 39ᴼ
0.45
19%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
5.44
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05