Историски трилер Пристанот Истанбул… Параходот „Осман Гази“ се закотви во истанбулскиот пристан. Беше пријатна ѕвездена ноќ. Колароски се симна и побара пајтон. Во раката држеше голема патна торба. Само што ја пренесе нарачката и се смести во кабината, внатре му се придружи полковникот Федоров. Во раката држеше револвер. – Нова адреса, момче – полковникот зборуваше лош турски. – Вози за Касим-паша. За детали кога ќе стасаме таму! – И сега? – ...

Историски трилер По договореното со Гаврило Колароски, Карпис Карапетјан се симна кај тврдината Анадол. Тоа беше дел од планот што го смисли Гаврило Колароски. Бидејќи луѓето што се во таинствени мисии во секого од опкружувањето гледаат противник, Карапетјан беше мошне внимателен кога преправен во грбавец стапна на копно. Потоа веднаш капариса пајтон, кој го одведе во Истанбул. Во вилата постоеја подрум и скривница во која беше сместен ...