Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 отсто од американските гласачи кои учествуваа во анкетата изјавија дека ...

Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е задолжителна целосна законска постапка, што во случајот не ...

Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дисоктеката „Пулс“ во Кочани во март 2025, ризикувајќи го својот живот, е меѓу 16-те добитници на годинашната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, им ја доделува наградата на млади од 13 до 20 години, кои со своите дела поттикнуваат позитивни ...

Свонзи – Стотици фанови им се придружија на ожалостените во понеделник на погребот на поп-ѕвездата од Велс, Бони Тајлер, а обожавателите ја пееја песната на ѕвездата „It’s a Heartache“ додека нејзиниот ковчег беше носен во црква. Ѕвездата со рапав глас, позната по низа хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина во Португалија минатиот месец на 75-годишна возраст. Повеќе од 1.000 луѓе се собраа пред црквата пред погребот во ...

„Одисеја“ на Кристофер Нолан е на пат да влезе во историјата на бокс офисот со тоа што ќе постави рекорд што ниту еден филм со рејтинг R досега не го достигнал. Епот се приближува кон пресвртница што би го симнала „Дедпул и Вулверин“ од неговиот трон на сите времиња. Епот на „Универзал Пикчрс“ заработи 1,29 милијарди долари ширум светот во првите 31 ден од кино-емисионирањето, според „Бокс Офис Моџо“. Моментално заостанува зад вкупниот ...

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ...

„444“ објави фотографија според која сменетиот унгарски премиер Виктор Орбан се дружи со сестрата на новиот унгарски премиер петер Маѓар во Опатија. „Нашиот читател наиде на возбудлива бригада во Опатија, Хрватска доцна во неделата навечер: иако сликата е за жал заматена, сепак е препознатливо како Виктор Орбан како шета во друштво на Антал Роган и Марија Шмит. Според описот на нашиот читател, фотографијата е направена таму каде што Орбан ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини во неделата за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на Лиса Хора, планина во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Бабиш рече во видео на Фејсбук дека ги берел цвеќињата додека се сеќавал на починатиот колега од неговото движење АНО со кого претходно се искачил на планината. „Можеби прекршив некој закон, за што се извинувам и дефинитивно ќе платам казна доколку е потребно, ...

Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ од денеска може да го очекуваат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност. Управата за јавни приходи ја започна исплатата за последното тримесечје. Парите ќе бидат префрлени директно на трансакциските сметки на граѓаните кои ги исполнуваат условите и во изминатиот период пријавувале фискални сметки преку апликацијата. Повратот се пресметува врз основа на скенираните фискални сметки, а ...

На непристапен терен на планината Даутица, во раните утрински часови бил пронајден 35-годишен параглајдерист од Полска, кој претходно пријавил дека слетал на непознат терен над селото Стровија. Тој вчера во 20:30 часот пријавил во СВР Битола дека по слетувањето долго пешачел и дека е изморен, но не е повреден. По преземените мерки, околу 03:00 часот на 17 август, полициски службеници од Полициското одделение Ропотовo и Полициската станица ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(52) од ...

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка. Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалила дека негувателката ја стиснала за ногата. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, ...

Бројот на регистрации на нови бизниси во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, додека бројот на банкроти се зголеми за 5,7 проценти, објави денес Евростат. Регистрациите на нови бизниси се намалија во пет од осумте следени сектори. Најголем пад се случи во индустријата, каде што бројот на нови регистрации се намали за 3,6 проценти. По него следуваат секторот за угостителство и ...

Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, опремата и сето друго што се ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска потпишале договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на Македонија Сузана Тунева Пауновска, со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на територијата на Општина Гази Баба. „Со оваа услуга создаваме дополнителна поддршка ...

ДУИ реагира на именувањето на армијата како „македонска“ на денот кога се слави нејзиното формирање, оспорувајќи го исто како Грција и како Бугарија правото на државата да се именува со придавката. -На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“. Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го намали обемот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја за одвраќање на Северна Кореја, и покрај предупредувањата на воени претставници од двете земји дека режимот на Ким Џонг-ун учи нови тактики на војување од војната во Украина. Трамп истакна дека „не е задоволен“ од американското учество во маневрите, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер, но ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла. -Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјоделство да ја уништиме по негово барање ...

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на болеста. МЗШВ информира и дека ...

До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес кај ...

Доколку забележите мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, пријавете во Агенцијата за храна и ветеринарство, апелира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој вели дека тие се резервоари на западнонилскиот вирус. Досега била пријавена мртва птица во Гостивар, но кај неа не бил изолиран вирусот. „Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. Имаме апел за пасивно пријавување, односно сите граѓани кои ќе најдат ...

Нафтените деривати од полноќ ќе се продаваат по значително повисоки цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми малопродажните цени во просек за 4,85 проценти. Согласно новата одлука, најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари, па литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98,00 денари. Цените на бензините се бележат раст од 4,50 денари по литар, со што ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 91,50 ...

Назначена за раководител на уредничката содржина на Vogue, Клое Мал се чини дека го следи примерот на Ана Винтур во однос на тоа како ни ги доставува и очекуваните и неочекуваните. Винтур и Мерил Стрип беа непредвидени (но многу добредојдени) ѕвезди на насловната страница претходно оваа година, додека Арина Сабаленка исто така беше неочекувана девојка на насловната страница во мај. Друго изненадување е тоа што Кристијано Роналдо и Џорџина ...

Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци, уништени се 40 – 50 стада, финансиските загуби се големи, секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Бараме од државата побрзо да ја организира вакцинацијата на овците и да го преиспита обесштетувањето кое во моментов е многу ниско, само ...

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на Денот на Армијата, Мисајловски им се заблагодари на сите вработени за нивниот труд, посветеност и професионалност, нагласувајќи ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

Шведско-британскиот фармацевтски гигант „Астра Зенека“ соопшти за нов неуспех прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“ нешто повеќе од еден месец по прекинувањето друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека „волрустомиг“, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа – информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот додаде ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Платина

49319.25