Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентираа Оперативниот план за вработување за ...
Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го номинираше Мајкл Јанг од Јута за амбасадор на САД во Србија, објави Белата куќа. Србија нема амбасадор од Соединетите Американски Држави од јануари 2025 година, кога истече мандатот на претходниот амбасадор Кристофер Хил. Со декретот од 1 јуни номинирани се и амбасадори на САД за Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како што објави Белата куќа, Роналд Џонсон од Масачусетс беше ...
Мечка повреди четири лица во станбена област во Фукушима во североисточна Јапонија во вторник. Ова е последен во серијата напади во дел од земјата каде што мечките сè повеќе влегуваат во населени области во последните години, објавува Euronews. По извештајот од фабриката за челик Фукушима за напад врз двајца вработени, полицијата и пожарникарите се упатија кон местото на настанот во областа Сасакино. Снимките од безбедносните камери ...
Климатолошките научници сè повеќе се оддалечуваат од едно од најпесимистичките сценарија за глобално затоплување, верувајќи дека развојот на обновливи извори на енергија, климатските политики и побавниот раст на емисиите на стакленички гасови го направиле тоа малку веројатно. Ова е сценариото RCP 8,5, кое се користи со години за проценка на последиците од многу високите емисии на стакленички гасови. Според оваа проекција, просечната глобална ...
Жителите на Карпош, а и скопјани, се прашуваат што стана со градоначалникот на општината Сотир Лукровски. Него никаде го нема, како да исчезнал од земјава, иако е пријавено дека е на боледување. Денеска пак реагираа партиите што се претставени во општинскиот Совет. „Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО ги трпат граѓаните. Од Лукровски и додека формално ја извршуваше ...
Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, смета дека ниедна земја, без разлика во колку тешка состојба и да е, не смее да има предност и по скратен пат да влезе во ЕУ. Таа треба да го изоди патот на преговори и реформи и потоа да стане дел од Унијата. Затоа, смета, земјите што имаат право да станат членки на Европската Унија, првенствено се оние од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. – Што се однесува до предлогот на ...
Војната во Иран одеднаш го претвори она што започна како година на прекумерна понуда на глобалните пазари на нафта и течен природен гас (LNG) во најлошото нарушување на снабдувањето со нафта и гас во историјата. Три месеци откако започнаа нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, светот веќе изгуби милијарда барели сурова нафта, цените на нафтата и гасот најдоа нов, многу повисок праг и паѓаат речиси секојдневно со голема ...
Летовите кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот „Шарлроа“ беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа погодени околу 40 товарни летови. „Скајс“ потврди дека воздушниот ...
Зголемувањето на енергетската ефикасност и справувањето со климатските промени не претставуваат само добра еколошка политика, туку и добра економска политика и политика во интерес на здравјето на населението. Северна Македонија е особено погодена во зимскиот период кога загадувањето на воздухот достигнува високи нивоа. Токму затоа значајни се реформите што се прават во делот на енергетиката, порачаа учесниците на денешниот панел за размена на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонскиот разговор поради ескалацијата на конфликтот во Либан, што се заканува да ги попречи разговорите со Иран, објавува „Аксиос“, повикувајќи се на информирани извори. Според еден од нив, Трамп му рекол на Нетанјаху: „Ти си ебано луд! (You’re fucking crazy) Да не бев јас, ќе беше во затвор. Ти го спасувам задникот. Сега сите те ...
Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со организацијата Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), го најавува отворањето на новиот повик за доделување стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Овој повик е наменет за сите редовни студенти кои се запишуваат на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основната мисија на оваа програма е да ...
Македонскиот културно-информативен центар во Софија и оваа година достојно ја претставува македонската култура на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во бугарскиот град Созопол и претставува еден од најзначајните меѓународни културни настани во регионот. Како што соопшти КИЦ Софија, фестивалот обединува уметници, музичари, писатели и културни дејци од повеќе земји, создавајќи простор за културен дијалог, ...
Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни. Законодавството на ЕУ ...
Во вторникот во Калифорнија (и уште во неколку други американски држави) се во тек гласањата на примарните избори за кандидати за различни политички функции. Демократите и републиканците го избираат својот кандидат за гувернер на Калифорнија. Трката во Калифорнија стана една од најлудите во живата меморија, затоа што нема ниту еден изразит фаворит. Мултикултурализмот во сончевата држава е изразен и со плакатите на гласачките места. На ова ...
Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. – Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на ...
Во присуство на високи претставници од Сојузното министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет на Германија, Германската амбасада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вчера (1 јуни) во Долно Лисиче беше отворено демонстрациско поле за тестирање методи за адаптација кон климатските промени во земјоделството. Активноста се спроведува со поддршка од германската влада преку Германското друштво ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во втората половина на јуни ќе се одржат разговори со коалициските партнери, на кои ќе се разгледуваат идните чекори во функционирањето на Владата и можните кадровски решенија. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и евентуалната реконструкција на Владата, Мицкоски рече дека конечните разговори ќе следуваат по завршувањето на тековните ...
Додека граѓаните чекаат реформи и европска иднина, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблизок соработник на Мицкоски и втор човек во државата, се обраќа на 7. состанок на локалните лидери на Кина, заедно со српската делегација. Во земја која полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек на владата отворено промовира стратешка соработка со Кина? Човекот кој јавно се дружи со „Ноќните волци“ на Путин, кој ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп, САД да испратат противвоздушни системи Патриот. Барањето на Зеленски уследи по синоќешните руски напади врз пет украински градови, при што загинаа најмалку 14 луѓе, десетици се повредени, а голем број се заробени под урнатините. Според украинското военовоздухопловство, Русија синоќа врз Украина лансирала 73 проектили, од кои осум хиперсонични ...
Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и дали можеби постои можност за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, Мицкоски порача дека нема да поддржи „авантура без извесен крај“ и нема да направи поместување додека не добие гаранции дека во иднина ќе нема нови условувања од бугарска ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност. – Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, ...
Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, што почна со изградба во 2023 година. На отворањето присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, . Базенот е од затворен тип со должина од 25 метри и ширина од 9 метри, кој по пуштањето во употреба, ќе биде ...
Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ, пишува во ...
Во слабо осветлено телевизиско студио, еден од најбогатите луѓе во Унгарија е на работ на солзи. Почеток на мај е, неколку недели по општите избори со кои се стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а рекламниот магнат Балаши Ѓула има да објави нешто. Ѓула му кажува на новинарот дека штотуку ги предал своите бизниси на државата, заедно со дел од своите приватни заштеди. Дури донел и нотарски заверен акт – правен документ со кој ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија- Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година. „Изразивме неповолно мислење во однос на ...
По кафезите против дронови, оклопите од трупци и гуми на бомбардерите, руската војска посегна по уште едно необично решение. Камионите сега добиваат специјални црно-бели шари насочени кон збунување на системите за вештачка интелигенција што ги контролираат украинските дронови. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи во последните денови покажуваат руски воени камиони „Урал“ и „КамАЗ“ покриени со необични црно-бели шари. Некои личат ...
„Џонсон Мети“ ги објави резултатите за крајот на фискалната година што покажуваат континуиран напредок во однос на стратегијата да стане фокусирана и агилна групација што генерира готовина. Компанијата оствари значително подобрување во генерирањето готовина и го одржа про-форма растот на основната оперативна добивка, додека маржите на „Clean Air“ се зголемија и имаше напредок во одлучувачките промени во портфолиото. Слободниот паричен тек се ...