Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Музичарот Мик Џегер во своето најново интервју изјави дека едвај чека повторно да се врати на турнеја со легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“, со што дополнително ги поттикна гласините за можно враќање на групата во блиска иднина. Легендарниот британски состав во моментов се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). Албумот ќе биде издаден на 10 јули во продукција на „Полидор Јуниверзал мјузик“ ...
Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ беше споделена објава во која се посочува дека суво дрво се скршило и оштетило возило до степен што тоа веќе не било за употреба. Во објавата, скопјанката Марија објаснува дека дрво на улицата Волгоградска 4 имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а можеби и повеќе, а другото до него, кое исто така стоело суво, се скршило и го оштетило возилото на ...
Селин Дион најави серија од десет нови концерти во Париз во мај 2027 година, по 16-те настапи кои ќе ги одржи во септември и октомври оваа година. – Новите термини планирани од 8 до 29 мај, се закажани со цел да се одговори на заинтересираноста на обожавателите, соопшти нејзиниот тим. Дополнителните концерти се воведени поради огромниот интерес на фановите кои сакаат во живо да ја доживеат магијата на оваа музичка ѕвезда од Квебек, која оваа ...
Сообраќајот повторно се подобрува во Дубаи, масите во рестораните се полнат, а воздушниот сообраќај во голема мера е обновен. На површината, животот во туристичката престолнина на Заливот изгледа речиси сосема нормално. Но, под површината лежи посложена реалност – додека инфраструктурата функционира, довербата на патниците сè уште не е целосно обновена. Хотелите, авиокомпаниите и угостителите сега работат понапорно од кога било за да ги ...
После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот, стои во соопштението на политичката партија Левица. Според Левица, Оливер Миланов, инаку стоматолог по професија, и како што се вели во соопштението „по некоја случајност ...
Репрезентацијата на Холандија без некои големи ѕвезди во составот, но со фудбалери кои постојано се борат за највисок пласман на Светските првенства. Популарните „лалиња“ последен пат загубија во финалето на СП 2010 од Шпанија, а на претходниот Мундијал загубија во четвртфиналето од Аргентина на пенали. Селекторот на Холандија, Роналд Куман во март годинава ја истакна својата амбиција. – Наша цел е да го освоиме Светското првенство, изјави ...
Телекомуникациската кула на Водно, еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје во изминатата деценија, влегува во завршна фаза пред официјалното пуштање во употреба. Според информациите споделени од директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, сите градежни активности на објектот се завршени и преостанува уште административната постапка за добивање употребна дозвола. „Сите градежни активности се завршени, ...
Драматичните снимки направени со камера за тело, објавени од израелската војска, покажуваат војници како се движат низ урнатините на средновековна тврдина на врвот на ридот пред да го кренат израелското знаме. Израел тврди дека го вратил стратешки важниот замок Бофорт во јужен Либан. „Ова е одлучувачка фаза и одлучувачка промена во нашата политика. Ја пробивме бариерата на стравот“, рече Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, на 24 мај ...
Огромното мнозинство од луѓето кои минатата година станаа германски државјани го задржаа своето оригинално државјанство, согласно новите правила за двојно државјанство на Германија, покажува анкетата на истражувачката група „Mediendienst Integration“. Уделот на новонатурализирани граѓани кои поседуваат повеќе од едно државјанство се движеше од 85 до 98 отсто во градовите што ги собраа податоците, покажа анкетата. Повеќето од оние што не ...
Шесте најголеми економии на Европската Унија постигнаа заеднички договор за тоа како да ги интегрираат пазарите на капитал, во обид да го протуркаат договорот низ политички заглавениот Брисел. Шесте најголеми економии во Европската Унија повикаа на забрзување на Унијата на капиталните пазари, со цел да се забрза усвојувањето на регулативите во Брисел, според писмото испратено до Европската комисија во петокот. Писмото го потпишаа Германија, ...
Нецели 30% реализација на капиталните расходи за урбанистичко планирање, само 8,2% остварување на инвестициите во јавниот превоз. Јавните инвестиции во секторите кои треба да го подобрат квалитетот на животот , водоводна инфраструктура, депонии, енергетска ефикасност, се остварени со околу 50% или помалку, пишува Порталб. Во 2025 година , и покрај финансиската инјекција од Унгарскиот кредити, општините со “лазечко темпо“ ги реализирале ...
Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски наведе дека „планот за долгорочни санкции“ се спроведува чекор по чекор и дека нападите имале значително влијание врз руската енергетска инфраструктура. Тој додаде дека околу 40 отсто од примарниот ...
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...
Либанските власти синоќа соопштија дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за „заемно прекинување на нападите“ со Израел, откако Доналд Трамп изјави дека двете страни му ветиле деескалација во Либан пред израелско-либанските разговори во Вашингтон. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека му нагласил на Трамп дека Израел ќе напаѓа „терористички“ цели во Бејрут доколку Хезболах не ги прекине нападите врз израелските ...
Маж застрелал шест лица на различни локации во градот Маскатин во американската сојузна држава Ајова, по што извршил самоубиство, соопшти локалната полиција. Прелиминарната истрага покажува дека трагичниот настан започнал по семејна расправија. Според досегашните информации, полицијата во Маскатин, град сместен на брегот на реката Мисисипи, засега работи врз верзијата дека пукањето е поврзано со домашен конфликт. Надлежните органи ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа. Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15 проценти. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со трговски договори кои дозволуваат такво намалување. Покрај тоа, мерката предвидува повластена ...
Двајца војници, еден од САД и еден од Обединетото Кралство, загинаа за време на несреќа при воена вежба во северен Ирак, соопштија синоќа британскиот министер за одбрана и американската армија во одделни соопштенија, пренесе ДПА. Британскиот министер за одбрана Џон Хили пред Долниот дом на Обединетото Кралство синоќа изјави дека „вчера во северен Ирак се случила несреќа при воена обука во која загинал припадник на британската армија“. Хили ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на Бутел и Ѓорче Петров. -На ден 02.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов. (Општина Ѓорче Петров), соопшти РЦУК по добиено ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...
Најмалку седум лица загинаа во руските напад врз Украина во текот на ноќта, соопштуваат локалните власти. Бројот на загинатите во Киев се искачи на три, соопшти шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко преку Телеграм. „Потврдена е смртта на три лица во Киев“, наведе Ткаченко, откако претходно информираше за 29 повредени, меѓу кои и две деца, во нападите врз неколку делови од украинската престолнина. Во два станбени ...
Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални и ...
Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, ќе се реализира денеска. – Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“ ќе се одржи на Факултетот за образовни науки ...
Од 2 до 13 јуни 2026 година, со почеток од 20 часот, парковите низ Општина Центар ќе се претворат во кино под отворено небо за сите деца, млади и семејства. „Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм составен од кратки приказни, преку кои децата учат за почит, другарство, култура на однесување и мали навики што прават ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека не е загрижен за судбината на мировните преговори со Иран бидејќи, како што вели, тие станале „здодевни “. „Искрено, не ми е гајле дали се завршени. Навистина не ми е гајле. Воопшто не ми е гајле“, рече Трамп во интервјуто. Трамп нагласи дека верува оти долготрајните преговори го изгубиле својот смисло и моментум. „Мислам дека станале многу здодевни“, ...
Шефот на македонската димпломатија Тимчо Муцунски вели дека Владата останува на своето инсистирање за гаранции дека нема веќе да има барања поврзани со историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ од страна Бугарија во процесот на пристапните преговори за членство во Европската Унија. На ова, дополнително, се надоврзува и инстирањето на македонската страна официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови ...
Ако тој за кого постои сомневање дека извлекувал информации од компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката и е суспендиран, тогаш како може Гордана Сиљановска-Давкова изјавува дека нема афера со можна шпионажа. Ова го постави како дилеми поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ. На прашањето на уредникот Васко Попетревски – „Претседателката во неколку јавни настапи вели дека не може ...