Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го повика рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на разговорите за прекин на војната во Украина и рече дека Европа мора да биде вклучена во секој евентуален договор. Зборувајќи заедно со својот мексикански колега Роберто Веласко во Мексико во четврток, Вадефул рече дека конфликтот достигнал фаза каде што напорите за постигнување договор и прекин на конфликтот стануваат сè ...

Актерот Џејмс Хенди, познат по своите улоги во филмовите „Џуманџи“, „Логан“ и „Топ Ган: Маверик“, беше убиен на 82-годишна возраст откако беше брутално избоден во својот дом во Лос Анџелес, а синот на неговата партнерка е осомничен за неговото убиство. Холивуд беше потресен од веста за смртта на актерот Џејмс Хенди, ветеран на филмската и телевизиската сцена кој имаше повеќе од сто улоги во текот на својата речиси петдецениска кариера. ...

Фјучерсите (терминските договори) од индексот S&P 500 паднаа во четвртокот навечер, додека трговците го чекаа извештајот за работни места во мај. Акциите на Lululemon Athletica паднаа за 11% по работното време во четвртокот, откако компанијата за спортска облека ги намали своите насоки за заработка и приходи за целата година, наведувајќи неповолни услови. Перспективите на компанијата за тековниот квартал, исто така, беа под очекувањата на ...

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски упатено до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака средба. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го направи тоа“, изјави Песков. Зеленски во ...

Европската индустрија може да се соочи со губење на дури 1,3 милиони работни места оваа година ако конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ги зголеми цените на енергијата, предупреди во среда европската комисарка за социјални права и работни места Роксана Минзату. Според проценките на Европската комисија, автомобилскиот сектор може да претрпи најголем удар, каде што се изложени на ризик до 600.000 работни места. Особено ранливи се енергетски ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...

На свеченото отворање на 15-от јубилеен Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во Созопол, Република Бугарија, Организациониот одбор на фестивалот му ја додели Големата награда за особени заслуги и придонес на директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски. Ова високо признание претставува значаен настан не само за добитникот на наградата, туку и за македонската ...

Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само втората тенисерка која од квалификациите стигнува до финале на Гренд слем турнир, а пред неа тоа и успеа на ...

Со претставата „Мачкина глава на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп ќе биде отворен јубилениот, 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На јубилејното отворање на Фестивалот, од 19 часот ќе му претходи изложбата „60 години театарска меморија“ што ќе опфати патека на театарот од првите почетоци во 1965 година до денес. – За отворањето на годинашниов, јубилеен 60-ти ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира. „Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- ...

Француската фудбалска репрезентација синоќа претрпе пораз во пријателскиот натпревар во Нант, каде што беа поразени со 2-1 од Брегот на Слоновата Коска. Иако „Сините“ водеа на полувреме со голот на Рајан Черки (45′), „Слоновите“ го свртија резултатот во второто полувреме со головите на Гела Дуе (53′) и Амад Дијало Траоре (84′). Овој пораз ја прекинува серијата без пораз на францускиот тим и носи доза на загриженост пред претстојното Светско ...

По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар денска ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска. Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), денеска ќе биде промовирана книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, нејзина поранешна студентка и авторка на магистерски труд посветен на македонската книжевност за деца. Со тоа, настанот ...

Пленарно предавање: „Животот како уметничко дело: филозофија на романтизмот “, на проф. д-р Венко Андоновски ќе се одржи денесска во организација на Школата за докторски студии и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “. -Како еден од најзначајните современи македонски автори и универзитетски професори, проф. д-р Венко Андоновски со своето богато научно, книжевно и општествено дејствување става траен придонес во развојот на хуманистичките науки ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...

„Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата, што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија. Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на економскиот развој, конкурентноста, иновациите, задржување на ...

Свечено отворање на настанот „Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Сарај 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје. Како што се наведува во соопштението на Црвениот крст на РС Македонија настанот свечено ќе го отвори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани оперативните сили и капацитети на Црвениот крст, како и симулациска вежба за одговор при ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...

Премиера на претставата „Идеален маж“ според Оскар Вајлд, во режија на македонскиот режисер Александар Поповски и со музика на композиторот Кирил Џајковски, денеска ќе биде изведена на големата сцена на Хрватското народно казалиште (HNK) во Загреб. Како што информираат организаторите, сите пет изведби на претставата во јуни се однапред распродадени, што, според нив, сведочи за силниот интерес на публиката за новиот заеднички проект на ...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“. На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска ...

Еден ден пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Германија и Франција објавија нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“. На одреден начин тоа е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Во него се наведува дека политиката на проширување треба да добие нов поттик, со цел Унијата да се заокружи како вистинска европска унија. Новиот пристап би ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави отворено писмо до Владимир Путин на својата веб-страница. Во него, украинскиот лидер предложи прекин на огнот по целата линија на фронтот и средба лице в лице на шефовите на држави на неутрална територија. „Украинскиот лидер нема работа во вашиот главен град, исто како и рускиот лидер во Киев. Постојат земји кои традиционално се домаќини на лидери за решавање на прашања од војна и мир. ...

Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот достигна рекордни 98,3 билиони долари минатата година, што претставува раст од 8,7 проценти во споредба со претходната година, според ново истражување на „Капџемини“. Според анализата, главните двигатели на растот биле закрепнувањето на финансиските пазари, растот на берзите и зголемувањето на вредноста на инвестициските портфолија, вклучувајќи акции, обврзници и приватен капитал. Минатата ...

Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската ...

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ...

Доколку неговите предвидувања се покажат точни, нè очекува еден од највозбудливите турнири во историјата на фудбалот. Јоаким Клемент, математичар познат по правилното предвидување на победниците на последните три Светски првенства, објави ново предвидување за Светското првенство во 2026 година. Според неговиот модел, холандската репрезентација би можела да стане нов светски шампион. Неговата анализа не се потпира на моменталната форма или ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.51
39%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.65
64%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.29
57%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.99
47%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.65
61%
1020
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
57%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.71
57%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
43%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.91
39%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.47
68%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
90%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.05
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Цинк

0.00