Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Соединетите Американски Држави најавија значителна промена во својата енергетска стратегија, планирајќи инвестиции од стотици милиони долари за обнова на индустријата за јаглен, вклучувајќи и изградба на нови енергетски капацитети, кои би биле први такви проекти во земјата по повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба потврди дека за оживување на овој сектор ќе бидат издвоени 700 милиони долари. Според ...
Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани со реалниот пазар, беше речено на денешната конференција во Стопанската комора. Како што порачаа учесниците, ...
Откако јавноста почна да се чуди зошто требаше да го спроведат со лисици и да му изречат мерка притвор на екс директорот на Царинска управа Стефан Богоевски за 1.800 евра мито, а да нема притвор за осомничените во скандалот со стотици милиони евра во случајот „Мазут“, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со други толкувања. Според Бране Петрушевски, митото од 1.800 евра претставувало само прва од неколкуте исплати поврзани со тендер вреден 18 милиони ...
Лашкоска: Инвестициите во комуналниот сектор се инвестиции во отпорноста на заедниците и европската иднина на државата Скопје, 5 јуни 2026 – Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа ...
Летото на северната полутопка почнува на 21 јуни, а иако сме на само две седмици од официјалниот старт, сепак, временската прогноза покажува дека тоа се двоуми да дојде. Така, времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно, во делови од ...
Делегациите на земјите учеснички пристигнуваат во Тиват, Црна Гора, каде што денес се одржува самитот на Европската унија – Западен Балкан. Пристигнувањето на делегациите се одвива според протоколот, пред почетокот на работниот дел од самитот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на Европската унија се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора како следна членка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европската ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од денешниот самит ЕУ-Западен балкан во Тиват каде цврсто се држи за рака со францускиот лидер Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка. Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ја повтори изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени треба да се усвојат за да може земјата да продолжи на европскиот пат. „Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го почне ...
СДСМ прашува дали има дил меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, еден од осомничените во случајот „Мазут“. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. „Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони ...
Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани. „Изминатиот период сведоци ...
Градоначалникот, Бобан Стефковски сподели дека денеска имал особена чест во Општина Гази Баба да ги прими учениците од ООУ „Дане Крапчев“, за кои вели дека испишале историја, освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра. „Во конкуренција од 55 држави и повеќе од 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на самиот светски врв и уште еднаш докажа дека Македонија ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете” по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. ОВР Кичево ...
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата армија напредува во сите правци секој ден и ѝ припиша заслуга за освојување територија поголема четири пати од Украина. „Неодамна, нема да го наведам бројот на населби, бидејќи се плашам да не направам грешка, но приближно два милиони четиристотини четириесет илјади квадратни километри се ставени под контрола од страна на руската армија“, рече тој на состанокот на раководителите на ...
Силна експлозија одекна во романското цивилно пристаниште Констанца во петок наутро кога беше активиран морнарички дрон. Според првичните информации, во експлозијата немало жртви, а властите наредиле итна евакуација на пристаништето непосредно пред инцидентот. Романското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за вид морнарички дрон кој активно се користи во војната во Украина, нагласувајќи дека романската армија не поседува такво ...
Вчера се одржа првиот состанок на Управниот одбор на проектот за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Шведската даночна администрација (Skatteverket), кој се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). На состанокот беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. Членовите на Управниот ...
По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот. Монодрамата „Ој, животе“, создадена според култниот текст на актерот и публицист Јосип ...
БРИСЕЛ — Група обвинета дека е проруска и промовира псевдонаука и теории на заговор во кои се вклучени вонземјани доби зелено светло да одржи настан во Европскиот парламент во Брисел. Кога беа покренати поплаки за контроверзната организација која се наоѓа во просториите на Парламентот, телото кое се занимава со администрацијата рече дека „нема доволно основи за спроведување истрага“. Глобалниот истражувачки центар „АлатРа“ одржа настан во ...
Новите туристички модели стануваат сѐ попопуларни, а во последниов период е особено во подем MICE туризмот, специјализирана форма на деловен туризам што ги обединува професионалните настани, конференциите, корпоративните средби, како и наградните патувања за вработени и партнери, со туристички и луксузни искуства. Турција, пак, продолжува да се издвојува како една од најатрактивните MICE дестинации во светот, обезбедувајќи им на ваквиот тип ...
Невидениот неуспех на Германија да освои едно од ротирачките места во Советот за безбедност на ОН предизвика интензивна рунда на самоиспитување во Берлин и покрена прашања за нејзините претензии за меѓународно лидерство под водство на Фридрих Мерц. Гласањето во Советот во средатa, на кое Австрија и Португалија беа избрани на двегодишен мандат заедно со Тринидад и Тобаго и Зимбабве, беше удар за владата на Мерц, која се бори да се ...
Најновите информации се дека нема да има Тиватска декларација, а причините за ова засега се непознати, објавува репортерот на Н1 која го следи самитот ЕУ-Западен Балкан. Медиумите објавија дека постои француско-германски нон-пејпер, документот вчера го објави и Ројтерс, а во него се споменува постепено приклучување на земјите-кандидатки кон Европската унија, но останува да се види дали и тој ќе биде усвоен. Претседателот на Европскиот ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција изјави дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, а меѓу најзначајните инвестиции ја посочи набавката на нова механизација за комунална хигиена. Градоначалникот истакна дека една од клучните теми на кои се работи е урбаната мобилност и одржливиот ...
Вчера во близина на Железничката станица во Скопје избувнал пожар откако се запалило насобрано ѓубре, предизвикувајќи густ чад кој можел да се забележи од поголема оддалеченост, сведочат граѓани за порталот „МКД.мк“. Според сведоштвата на граѓаните за порталот, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало граѓани кои чекале автобус на постојката која се наоѓа веднаш под самата Железничка станица. Исто така, граѓани кои се нашле во ...
Лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан се собираат денес во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан. Се очекува самитот да се фокусира на напредокот во преговорите за пристапување, спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан, предлозите за постепена интеграција на земјите кандидати и регионалната соработка. Во пресрет на самитот, Европскиот Западен Балкан направи интервју со европската комесарка за проширување Марта Кос. ...
Со поддршка на Светска банка изградени се околу 103 км локални патишта, а со истата поддршка најавено е одржување и подобрување на состојбата со хигиената во општините. – Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, ...
Коментирајќи го отвореното писмо од претседателот Володимир Зеленски објавено на 4 јуни вечерта во кое се предлага лична средба со Владимир Путин, прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков повтори дека украинскиот лидер може да дојде во Москва. „Зеленски може да дојде во Москва во секое време. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков (цитиран од ...
Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), првпат по закрепнувањето од ...
Македонскиот ИКТ-сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарда евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки Digital Bridge & Business ICT Forum организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE – информира денеска МАСИТ во соопштение, што МИА го пренесува интегрално. „Анализата на ...
БИТОЛА – Расте револтот на тутунопроизводителите по веста дека и оваа недела нема да им да бидат исплатени парите за субвенциите за реколтата 2025-2026. Парите им се ветуваа од април, па во мај и само добиваат пораки да се стрпат, а денеска кога изминува првата недела од јуни, им пропадна надежта дека субвенциите ќе легнат на нивните сметки. Наместо пари добија извинување од претседателот на Сојуз на тутунски здруженија, Кире Ристевски дека ...
Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња. Во 2020 година, ...
НУ Камерен оркестар на Битола, синоќа во Офицерски дом, одржа јубилеен концерт, посветен на три годишнината од формирањето. Уметниците, членови на оркестарот извеоа програма која го отслика неговиот досегашен уметнички пат, зрелост и континуиран стремеж кон квалитетна концертна продукција. На концертот одржан под диригентска палка на маестро Борјан Цанев, беа изведени дела од различни стилски периоди и музички изрази, создавајќи богата ...