Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“ на кое настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија. За крај на фестивалската вечер беше отворена изложбата „Флора“ на академската сликарка ...

Нов ден, нови искушенија на граничните премини од Македонија кон соседните земји, поради смената на туристите, а на Табановце во правец кон Србија и поради наплатата на казни за сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ или „Безбедна држава“, што почна да се ефектуира за странските државјани од 19 овој месец. Какви сцени ќе има може само да се претпостави, во можеби најтоплиот ден годинава. За денеска и кај нас и во ...

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото ...

Вашингтон – Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...

Киев – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во посета на Киев во знак на солидарност пред одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина, јави ДПА. Шефот на германската дипломатија пристигна со специјален воз на централната станица во главниот град и во првата изјава по доаѓањето ја осуди ескалацијата на руските напади со беспилотни летала и ракети. Вадефул ја обвини Москва за „неселективни убиства на ...

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...

Синсинати– Американските тенисери Френсес Тиафо и Брендон Накашима ќе играат во полуфиналето на АТП Мастерсот 1000 во Синсинати, САД. Ова е епилогот по нивните четвртфинални мечеви против Италијанецот Лоренцо Мусети, односно Тејлор Фриц од САД. Резултати: Накашима – Фриц 7:6 (11:9), 4:6, 6:3 Тиафо – Мусети 7:6 (7:2), 7:5. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Коболи (Италија) – Филс (Франција). Синсинати– Американските тенисери Френсес ...

Денеска е сабота, 22 август 2026 година, 234-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 131 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 24 минути. Денов трае 13 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 16 часот и 11 минути, а нема да зајде ова деноноќие. Денеска е сабота, 22 август 2026 година, 234-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 131 ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал. На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот и практичната примена на вештачката интелигенција. Под мотото ...

Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го започна процесот на префрлање на 725 милиони долари во ОН, јавија американски медиуми кои имале увид во известувањето од Конгресот. Експертите за финансии и помош проценија дека исплатата би била чекор кон решавање на долгот на САД кон ОН, кој изнесува неколку милијарди долари. Парите, споменати во писмото на Стејт департментот до Конгресот од 4 август, треба да бидат исплатени ...

Најмалку пет лица се убиени, а 52 повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз југоисточниот украински град Кривиј Рог, објави денеска воениот гувернер на регионот Дњепропетровск, Олександр Ханжа, на платформата Телеграм. Меѓу погодените цели е и најголемиот трговски центар во градот. Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наоѓа околу 350 километри југоисточно од главниот ...

На Украинците повеќе не им е дозволено да ја гледаат меѓународно познатата руска анимирана серија „Маша и мечката“ во нивната земја. Владата во Киев денеска воведе санкции за продуцентите на серијата и ги опиша руските цртани филмови како закана за националната безбедност. – Само во 2025 година, YouTube каналот на украински јазик за „Маша и мечката“ имаше над 800 милиони прегледи, објави министерката за култура Татјана Бережна на Фејсбук. ...

Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме напредна држава во којашто секој ...

Пожарот над Никушак е под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојачнче Ангелов. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани три ...

Милано – Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на Гренд слем турнирот УС опен поради проблемот со десното колено. Тој веста ја објави социјалните мрежи. Синер се подготвуваше во Монте Карло последните денови, но со својот тим процениле дека сè уште не е подготвен за настап. „Иако работев напорно со својот тим и со медицинскиот тим, моравме да донесе тешка одлука, дека оваа година нема да се натпреварувам на УС опен“, напиша ...

Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра. „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот ...

Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...

БИТОЛА = Во моментот се откупуваат раните сорти грозје. Шардоне се откупува по цена од 29,5 денари, ризлингот по 29,5 денари, а темјаниката по 35,5 денари за килограм. Се очекува бербата на овие сорти да заврши до овој понеделник. Меѓутоа, најголемиот проблем оваа година не е само откупната цена, од која лозарите не се задоволни. Многу поголем проблем е што лозарите немаат договори за продажба на грозјето од сортите вранец и кратошија, велат ...

Дисциплинскиот комитет на ФИФА ги објави казните за инцидентите по финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина. Со десет натпревари пауза е казнет аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, а шпанскиот репрезентативец Гави со еден. Казните важат исклучиво за репрезентативните натпревари и нема да влијаат на клупските настапи на играчите. Во одлуката се опфатени и други аргентински репрезентативци. Нахуел ...

Неколку лица се повредени во напад со меч што се случи во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата, соопштија локалните власти, додека медиумите јавија дека полицијата го застрелала и го привела напаѓачот. „Добивме дојава за сериозен насилен инцидент во училиште во Фагерста. Полициските екипи веднаш излегоа на терен“, се наведува во соопштението на шведската полиција. Според информациите од општината Фагерста, ...

Здружението за Одржлив Развој САТ – Скопје информира дека повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на релација Попова Шапка-Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Столбовите биле сечени со брусилица. Овој вид на зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, ...

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември. Претходната лиценца требаше да истече на 22 август. Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји. Пред ...

Во јуни годинава просечната нето-плата во Македонија изнесувала 48.381 денар, што е за 1.163 денари помалку од исплатената нето-плата во мај која изнесувала 49.544 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Тоа е номинално помалку за 2,3 отсто, а реално за 1,9 отсто. На годишно ниво сликата е малку порозова, бидејќи, според податоците на ДЗС, просечната нето- плата била поголема за 6,4 отсто, во номинален ...

Новата сезона во англиската Премиер лига, која започнува денес со натпревар помеѓу бранителот на титулата Арсенал и Ковентри (21 часот), носи голем број важни промени во правилата. Целта на новите мерки е да се забрза играта и да се воведат построги казни за доцнење, кои опфаќаат земање тајм-аути, третман на повреди и употреба на ВАР технологија. За разлика од Светското првенство одржано ова лето, каде што играчите добиваа жолт картон ако ја ...

По следните избори доаѓа правдата во Македонија, а Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе одговараат за сè што прават изминатите две години, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „По следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. Никола Груевски избега, Христијан нема да избега“, рече Филипче. ...

Производите во рамки на т.н. училишна кошничка ќе бидат означени и поставени на видно место, со јасно истакнати цени, а попустот ќе биде прикажан и на самата фискална сметка Пред стартот на новата учебна година, Министерството за економија и труд до Владата достави предлог-одлука за воведување училишна кошничка за попуст на училиштен прибор до 15 проценти. „Училишната кошничка, во консултации со трговците на големо и мало кои продаваат ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42