„Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари. Според обезбедените ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, во петок, на 5 јуни, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на ...

Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот. Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и ...

Дванаесетгодишниот Томо Поповски од Скопје е избран за еден од победниците на глобалниот ликовен конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025, организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што претставува четврти пат млад уметник од Северна Македонија да биде препознаен меѓу победниците на светско ниво. Ученик во седмо одделение во ООУ „Кочо Рацин“, Томо победи во категоријата од 9 до 12 години со својот ...

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. -И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска. Кога дошла на ...

Утрово украинските социјални мрежи и новински куќи беа преполни со објави и фотографии споделени од руските канали на Телеграм. Жителите на Санкт Петербург, вториот по големина град во Руската Федерација и родниот град на Владимир Путин, масовно објавуваа фотографии и видеа на социјалните мрежи од украински дронови кои, како на парада, полека летаа над различни области на Санкт Петербург и го погодија нафтениот терминал таму. Буквално во ...

Aqua Park Пробиштип, едно од најпрепознатливите летни дестинации во Македонија, денес официјално ја отвори својата 15-та јубилејна сезона, означувајќи го почетокот на уште едно лето исполнето со водени атракции, музика, релаксација и динамична забавна програма за сите генерации. Aqua Park Пробиштип повторно ги отвори вратите за посетителите од целата држава, продолжувајќи ја приказната која веќе петнаесет години претставува симбол на летна ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал денеска им доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта во Македонија кои учествуваа на работилница за креирање забавни ученички активности што поттикнуваат поддршка, заедништво и почитување на различностите меѓу учениците. Работилницата беше организирана од МОН и ОБСЕ и им овозможи на наставниците нови практични ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Б. во својство на службено лице – директор на Царинската управа, С.М. во својство на службено лице – помошник директор во Царинската управа, Д.Г. во својство на овластено лице во правно лице, А.С. во својство на вработено лице во правно лице и против едно правно лице, поради постоење основи на ...

Шестмина вработени побарале лекарска помош откако вдишале чад при гаснење пожар во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Пожарот избувнал вчера околу 9:50 часот во една кабина од машкиот тоалет. Вработените успеале сами да го изгаснат огнот со противпожарни апарати и хидранти, пред да се прошири во другите простории. „При гасењето, поради вдишување чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во ...

Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина. Редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. Оттука, неделните извештаи на Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат ...

Данската премиерка Мете Фредериксен денес ја претстави својата трета влада, која обединува четири партии и носи низа промени на најважните министерски места. Според соопштението од кабинетот на данскиот премиер, Фредериксен останува на чело на владата, која има вкупно 21 министер, од кои 11 се жени и 10 се мажи. Една од најважните промени се однесува на Петер Хумелгард, кој ја напушта функцијата министер за правда и го презема ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите ...

Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот ...

Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица „Макпетрол“ Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во 08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и ...

Украински дронови погодија енергетски и воени објекти во Санкт Петербург рано во средата, неколку часа пред меѓународните гости да се соберат на водечкиот економски форум на градот, што беше удар за Владимир Путин. Неколку беспилотни летала со долг дострел се урнаа во складишта за нафта откако руската воздушна одбрана неуспешно се обиде да ги собори. Имаше гласни експлозии, а црн чад се издигаше високо над градот од пламениот нафтен ...

Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е уште една потврда дека Европската унија ја гледа Македонија како дел од европското семејство, но и потсетник дека напредокот зависи од исполнувањето на обврските што државата веќе ги има преземено, вели денеска во соопштение ЛДП. Либерално-демократската партија смета дека крајно време е политичките партии да покажат одговорност и да понудат решенија, наместо да ја одржуваат ...

Вториот форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“, ќе се одржи на 10 јуни 2026 година, во Едукативниот центар М6 во Скопје, со почеток во 12 часот. Форумот се одржува по повод Светскиот ден на франшизата, кој се одбележува на 10 јуни, и има за цел да даде значаен придонес кон афирмацијата, развојот и подоброто разбирање на франшизниот модел во нашата земја. Настанот е во организација на Македонската Национална Асоцијација за Франшизен ...

Со денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната изјава на претседателот на Ебропскиот совет, Антонио Кошта се појавува на површина главното прашање: дали владејачката партија воопшто сака Македонија да влезе во ЕУ. Кошта вчера по средбата со премиерот Христијан Мицкоски jа зацементира политиката на ЕУ за нашата држава порачувајќи дека – усвојувањето на договорените уставни измени останува „единствениот начин за формално започнување на ...

Спортската дипломатија како алатка за градење доверба, поврзување и економска соработка беше во фокусот на Самитот за спортска дипломатија што денеска се одржа во Скопје, каде беше најавено формирање регионален „Western Balkan Sport Diplomacy Hub“, со цел унапредување на соработката меѓу земјите од регионот и пошироко. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, истакна дека иницијативата има за цел спортот да се ...

По осум успешни изданија исполнети со позитивна енергија и мотивација, РЕсет платформата на „Реплек“ на 6 јуни пристигнува во Кавадарци, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава посветени на здравите навики, активниот животен стил и грижата за добросостојбата. Настанот ќе се реализира со поддршка и учество на фитнес инструкторите Елена Бубало и Младен Тодоровски, кои преку заеднички тренинг и мотивациска атмосфера ќе ги поттикнат ...

Јакуб Меншик испиша историја на Ролан Гарос. Имено, 20-годишниот Чех го победи Жоао Фонсека со 6:4, 6:3, 7:6(3) и за прв пат во својата кариера стигна до полуфиналето на Гренд Слем. Меншик со тоа стана првиот тенисер роден во 2004 година или подоцна кој стигнал до првите четири на Гренд Слем турнир. Тој, исто така, стана најмладиот Чех во историјата кој стигнал до полуфиналето на голем турнир. „Почнав малку нервозно, но потоа на крајот од ...

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во ...

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...

Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, соопшти Општина Карпош преку социјалните мрежи. Со проектот „Нашето патување на Јупитер“, учениците од 4а, како што велат од Општина Карпош, покажале дека љубопитноста, знаењето и тимската работа можат да донесат меѓународен успех. Од таму упатија искрени честитки до ...

СДСМ забележува дека на денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш се отвора предмет за Стефан Богоев. „Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно ...

Државата повторно се задолжи. Овој пат, 260 милиони евра. Ништо посебно и ништо чудно, се навикнавме. Наместо за суштината, партиите како на лицитација се наддаваат кој повеќе во свое време го зголемил јавниот долг. За лицитаторите, едно потсетување. Спиралата на раст на долгот се откачи 2009 година, кога се прекинаа преговорите со ММФ од властa предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Потоа СДСМ го ѕидаше долгот. Актуелната власт континуирано го ...

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен откако ќе му биде дадено кралско помилување, објави денеска министерот за правда на земјата. На Шинаватра му остануваат за дослужување нешто повеќе од три месеци од неговата едногодишна затворска казна, откако минатиот месец беше условно ослободен по осум месеци затвор, објавија британските медиуми. Според официјалниот кралски весник, кралот Маха Ваџиралонгкорн им дал ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...

Ужасна несреќа се случи во Бразил кога 31-годишна жена падна низ лабав капак од шахта и директно во канализацијата. Надзорните камери го снимија моментот кога капакот, веднаш по нејзиниот пад, се врати на своето место и буквално ја зароби жива под земја. Професионалната готвачка Фабијана Роза била на пат кон работа утрото и несвесно стапнала на металниот капак. Тој одеднаш се преврте под нејзината тежина, предизвикувајќи таа да падне во темна ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.29
38%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.61
58%
1021
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.57
52%
1020
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.61
48%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.81
54%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.71
58%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1016
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.03
36%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.37
37%
1019
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
56%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
4.02
71%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
7.7
100%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Цинк

0.00