Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци. Како дополнителна мерка, во функција е ставена и мобилната ...

Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците. „Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови. Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони. ...

Бергамо – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. ...

Македонските деца имаа можност да играат заедно и против некои од најголемите спортски имиња во светот на Ол-стар натпреварот организиран во рамки на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, каде што беше одбележан и јубилејот 30 години од постоењето на манифестацијата. Како што соопштуваат од Спортски игри за млади, во традиционалниот ревијален натпревар, тим составен од спортски легенди и претставници на УЕФА, меѓу ...

Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната ...

Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи препораките за постапување. На 19 август, во Град Скопје се ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...

Вашингтон – Меланија Трамп се појави за прв пат јавно по 31 ден, а нејзините следбеници веднаш беа привлечени од еден детаљ во нејзината облека. Првата дама, 56, му се придружи на претседателот Доналд Трамп, 80, во Градината со рози во Белата куќа на настан за проширување на нејзината иницијатива за подобрување на системот за згрижување деца во САД. Меланија последен пат се појави јавно на 19 јули на финалето на Светското првенство. Таа ...

Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ, го стартуваше настапот на Медитеранските Игри со сигурна победа во осмафиналето во категоријата до 57 килограми. Македонката без проблеми славеше во дуелот со Ана Куорво, добивајќи ја борбата со резултат 2:0 и веќе може да се подготвува за следниот предизвик. Рељиќ во денешното четвртфинале ќе се соочи со Шаима Туми од Тунис, а борбата е закажана за во 15:38 часот. Борбите во оваа ...

Рига – Сиим Калас, поранешниот премиер на Естонија и долгогодишен еврокомесар, почина на 77-годишна возраст, објави на социјалните мрежи неговата ќерка, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. – Со длабока тага морам да објавам дека мојот драг татко, Сиим Калас, почина синоќа, напиша Каја Калас. Сиим Калас извршуваше повеќе високи функции во Естонија откако земјата стекна независност во 1991 ...

Киев – Две лица загинаа во денешните руски ракетни напади во близина на Киев, за време додека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул е во посета на главниот град на Украина, јави ДПА. Во Киев се огласија сирените за воздушен напад за време на настан со ветерани на кој присуствуваа Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Русија започна напад со балистички ракети врз блискиот град Бориспиљ, каде што се ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче при денешната посета на тиквешкиот регион најави дека ќе се поднесе закон – пет денари повеќе за секој килограм грозје. – Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите, кои сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година – истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот ...

МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), ...

Лионел Меси е казнет за инцидент за време на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Филаделфија Јунион (2:2), објави Дисциплинската комисија на МЛС. Аргентинската ѕвезда ќе мора да плати казна, чија висина не е откриена, но нема да биде суспендиран и ќе може нормално да игра за Интер Мајами. МЛС го казни Меси за кршење на правилото на лигата кое забранува контакт со лицето, главата или вратот на противничкиот играч со рака. Инцидентот се случи во ...

Мицкоски ја прогласи Македонија под ДПМНЕ за прва или втора во регионот по економски раст, без да каже ниту кој е тој ‘регион’, ниту според која споредлива статистичка серија го добил пласманот. Последните официјални податоци за првиот квартал од 2026 година се дека во Западен балкан сме четврти од шест земји, односно, пред нас се Косово, Албанија и Србија, се наведува во соопштението на Левица. „Манипулација е обидот една квартална стапка на ...

Вашингтон – Керолајн Ливит ја напушта Белата куќа, но останува во политичкиот круг на претседателот Доналд Трамп. Таа потврди дека се враќа во супер PAC MAGA Inc. откако ја напушти својата позиција како портпаролка на крајот на август. Ливит (28) го објави ова вчера за време на лет на Air Force One, објави Unilad. Во разговор со новинарите, таа рече дека ќе се врати на работа за групата каде што претходно беше портпаролка, но не откри каква ...

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...

СДСМ објави дека просечната месечна нето плата за јуни е намалена за 1.163 денари во однос на мај.. Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави вчера Државниот завод за статистика. „Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски. Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела ...

Екстремните горештини донесоа привремено ограничување во железничкиот сообраќај во земјава. Возовите денеска во периодот од 11 до 17 часот ќе се движат со максимална брзина од 50 километри на час. Мерката е превентивна и има за цел да се намали ризикот од деформации на железничката инфраструктура предизвикани од високите температури. При силна топлина металните шини се шират, што може да влијае врз нивната стабилност, особено при движење на ...

Очигледно, во недостаток на конкретни идеи, предлози и проекти за граѓаните на Центар, ВМРО-ДПМНЕ одлучи и денеска да продолжи со истата манипулација што ја пласираше вчера, реагираше со соопштение градоначалникот Горан Герасимовски. Иако фактите им беа јасно и прецизно соопштени, повторно ја повторуваат лагата дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за изработка на мобилната апликација. Уште еднаш, за да нема простор за намерно ...

Манхајм – Триесет и пет полицајци беа повредени, а неколку фудбалски навивачи беа приведени во нередите на синоќешниот натпревар од Купот на Германија меѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн, соопшти полицијата. Вкупно 85 лица побараа медицинска помош, а осуммина беа префрлени во болница, пренесува ДПА. Околу 23.500 гледачи присуствуваа на натпреварот на стадионот Карл-Бенц во Манхајм во петокот вечерта, вклучувајќи околу 3.500 гостински ...

„Ратевските бамбурци“ се прогласени за нематеријално културно наследство на Македонија, што претставува значајно признание за една од најавтентичните традиции на Ратево и Малешевијата. Според Општина Берово, традицијата на Бамбурците се негува повеќе од пет века и се пренесува од генерација на генерација. Преку препознатливите маски, обреди и симболика, Ратевските бамбурци претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на овој ...

Даблин – Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните ...

Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, синоќа во интервјуто во „Тема на денот“ на телевизија Сител, предупреди дека вториот пензиски столб е ставен во ризик и дека власта размислува да посегне по средствата што граѓаните ги издвојуваат за своите идни пензии. Филипче потсети дека во време на Владата на СДСМ пензискиот систем се менаџираше одговорно и имаше методологија со која пензионерите однапред знаеа колкаво зголемување ќе добијат. ...

На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа, жители од неколку скопски приградски населби и села денеска се соочуваат со повеќечасовен прекин на струјата. Од ЕВН Македонија АД соопштија дека струја нема да има во делови од општините Петровец и Гази Баба, при што на одредени локации исклучувањата ќе траат и до седум часа во текот на денот. Најголемиот дел од исклучувањата опфаќаат локации на подрачјето на Петровец. Според известувањето од ...

Филмот „17“ на Косара Митиќ освои три, а „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума има една награда на 32. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа, објави „Умно“. Ова е голем успех за нашиот филм воопшто. Митиќ ја доби Специјалната награда за промоција на родовата рамноправност. Наградата е основана во партнерство со Mastercard и се доделува на дебитант чија работа се одликува со силен авторски глас и придонес кон родовата ...

Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира Отворено студио во чии рамки ќе биде поставена изложбата на селектирани фотографии од селата во горно-демирхисарскиот регион, што ги направија претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка. Посетителите воедно ќе имаат ексклузивна можност да го погледнат и документарниот филм „Крајолици на човештината“, во режија на Јана ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53