Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се ...

Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...

Бостон – По застојот со корона пандемијата, луксузниот пазар повторно расте, но неговиот купувач се менува. Статусот и видливото лого ја губат моќта, додека времето, здравјето, долговечноста, квалитетот и искуствата стануваат нова валута на престижот. Во исто време, најбогатите клиенти стануваат сè поважни за индустријата, а генеративната вештачка интелигенција од технолошки експеримент се претвора во нов начин на откривање и купување луксуз. ...

Лондон – Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува ...

На 24 август (понеделник), во рамките на BookStar 2026, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку ...

Дванаесет луѓе загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во Киев рано утринава од нападите на Русија со балистички ракети, соопштија украинските власти, додавајќи дека во нападот биле оштетени бројни објекти и бил прекинат доводот на електрична енергија во делови од украинската престолнина. Пожар избувнал во деветкатна станбена зграда во градската населба Соломјански, при што биле уништени нејзините горни катови. Во овој дел од градот загинале ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во изминатиов период до него стигнале повеќе предлози за продолжување на автобуската линија број 35, која во моментов сообраќа на релација Железничка станица – Ново Лисиче – Железничка станица Скопје Север. Предлогот, како што вели Костовски, бил оваа линија да продолжи до Радишани, со што Општина Бутел би добила директно автобуско поврзување со друг дел од градот, пред сè со ...

До 23 август, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Контејнерите се достапни на осум локации – во Ергеле, Трубарево, Скопско Поле, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма. Од јавното претпријатие апелираат граѓаните навремено да го одлагаат кабастиот отпад и тоа исклучиво во поставените контејнери, со цел да се спречи создавање диви депонии и оставање отпад на ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир ...

Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект, објави 4news.mk Засега нема официјални информации ...

На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Северна Македонија и Србија, вчера беа забележаниредици странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени од камерите на системот „Безбеден град“. „Срамота што прават Македонците“, е само еден од лавината коментари на социјалните медиуми по вчерашната примена на системот „Безбден град“ за странци, поради што на излез од државава се направи голем метеж. „Бебзеден град“ ...

Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година. Експертите предупредуваат дека ...

Една жена почина, а друга е сериозно повредена откако дрво падна врз нив за време на силни бури што предизвикаа голема штета во делови од Германија во текот на ноќта, соопшти полицијата. Две жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф во западната покраина Рајнска област-Фалц, околу 50 километри јужно од Келн. Како што се приближувала бурата, тие побарале засолниште под белведер. Бурата искорнила дрво во близина и го ...

Европол предупреди во 2022 година дека криминалните мрежи сè повеќе го насочуваат отпадот од Западна Европа кон Централна и Источна Европа, дека криминалците користат легални компании за нелегални трансакции со отпад, а УНОДЦ неодамна предупреди дека отпадот завршува во земји со благи казни. На барање на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вонредна седница на хрватскиот парламент ќе се одржи во денес и утре поради опасен отпад ...

Синсинати – Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути. Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од ...

Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...

Враќањето на Македонија на Евровизија во 2027 е навистина значајна работа – особено затоа што последен пат настапивме во 2022 во Торино со Андреа Коевска со песната „Circles“ и не влеговме во финале. Македонија досега 19 пати настапила на Евросонг. Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со “Не зори, зоро” на Копров. Директорот на МРТ, Зоран Ристовски, сега и во мај потврди дека ...

Без електрична енергија денека ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН Македонија. Без електрична енергија денека ќе останат дел од корисниците од Општина Гази ...

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје ќе биде отворена денеска во Конгресниот центар во Охрид. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р ...

Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со ...

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на ...

Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот на САД би можел да се искачи на 50 билиони долари за ...

Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. На ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во филмот „Кон запад, во Запата“ се ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Денеска е четврток, 20 август 2026 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 14 часот и 16 минути, а ќе зајде во 23 часот и 3 минути. Денеска е четврток, 20 август 2026 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината ...

Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба. Бертран Бе ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител, говорејќи околу економската состојба во државата, истакна дека доколку се направи компаративна анализа помеѓу владите на СДСМ и ДУИ и сегашната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ како коалициони партнери, се доаѓа до заклучок дека просечната плата сега расте за 70% месечно повеќе, а старосната пензија е за цели 325% побрзорастечка на месечно ниво споредено со ...

Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение за евроинтеграциите. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител. – Никој тоа не го спори, ниту пак некогаш досега некој тоа го спорел. Кога бев во Тиват, темите што јас ги разговарав со францускиот претседател Макрон и канцеларот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75