Битолскиот бенд „Фолтин“, во годината кога одбележува 30 години кариера, ја промовира авторската колекција облека „Фолтин гардеробер“, направена во соработка уметникот Зоран Кардула. „Овојпат музиката ја гледаме, ја допираме, ја носиме и ја поттикнуваме да патува во нова форма“, велат од „Фолтин“. Од бендот додаваат дека „Фолтин гардеробер“ не е само колекција облека, туку поинаков начин музиката да продолжи да се споделува и надвор од ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го искритикува новиот министер за правда Јетон Шасивари дека не е ниту уставно, ниту законски, ниту етички министерот и претседателот на Уставниот суд да се среќаваат јавно или приватно, бидејќи ја доведува во прашање независноста на двете институции.Апасаиев во објава на Фејсбук насловена како „Што беше тоа поделба на власта“ раскажа анегдота каков одговор добил екс премиерот Бранко Црвенковски кога ...

Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 снимања ...

Од 26 август во скопското кино Синеплекс ќе игра документарецот на Милчо Манчевски, „Добри луѓе“. Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и со родители на загинатите, еден месец по пожарот на 16 март во кој загинаа 63 лица. На иницијатива на Манчевски и во соработка со Синеплекс, целиот приход од билетите ќе биде дониран преку „Сапорт Кочани“ за помош на жртвите и преживеаните од ...

По реакцијата на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија за неинтонирањето на албанската химна вчера на фолклорниот фестивал во Пустец, со објава преку социјалната мрежа X се огласи премиерот на Република Албанија, Еди Рама. Според Рама, гадоначалникот на Пустец, Пали Колефски, побарал да се изведе и албанската химна, но бил игнориран, по што се извинил за грешката што не е негова. Рама вели дека Колефски се покажал како ...

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...

По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...

Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната ...

Од сите парфеми на заситениот пазар, малкумина привлекле толку внимание како Dior Sauvage. Од неговото лансирање во 2015 година, тој стана најпродаваниот мирис во светот, заземајќи го првото место и во машката и во женската категорија, а наводно се продава по едно шише на секои 30 секунди. Неговиот успех е тешко да се оспори, но станува збор за многу препознатлив мирисен состав. Со свеж и зачинет бергамот, земјен пачули и чадена ванила, ...

Хаг – Претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане, денеска предупреди за „крај на меѓународното владеење на правото“ откако САД воведоа санкции врз неа. Вашингтон постојано го обвинува МКС за „политизирани дејствија“ и „насочување кон Израел“ откако судот издаде налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со војната во Газа. „Санкциите против мене овојпат се нешто што донекаде го очекував, па затоа не ме ...

Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, и директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид. Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на реализација на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија. ...

Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики и во унапредувањето на ...

Општина Илинден соопшти дека почнува проект со кој кујната во градинката „Гоце Делчев“ ќе се пренамени за дополнителни простории, со што ќе се создадат услови за згрижување на уште 50 деца и градинката ќе има вкупен капацитет за околу 650 деца. Постојниот кујнски простор во градинката ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални со отворањето на новата централна кујна чија изградба е во завршна фаза. -Во рамки на ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. – Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на ...

БРИСЕЛ — НАТО се подготвува за многу реалната можност следниот француски претседател да направи голема дупка во алијансата.Додека алијансата се бори со сомнежи околу одбранбената посветеност на Вашингтон кон Европа и се вооружува за да се подготви за евентуален напад од Русија, неодамнешните француски анкети покажуваат дека околу половина од француските гласачи на изборите следната година ги поддржуваат тврдокорните кандидати кои имаат ...

Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...

За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за споредба на просечната старосна пензија во време на претходната и актуелната Влада, посочи дека на месечно ниво таа се зголемува за 325 проценти повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ потенцирајќи дека е подготвен аргументирано да зборува за тие податоци. – Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка по она мое интервју дадено на еден национален медиум, ...

Милано — Max Mara продолжува со прославите на својата 75-годишнина оваа година со магичен мирис на ванила и тубероза преку Le Parfum, првиот мирис што го развиле со Shiseido, кој ќе се појави на полиците на продавниците следната недела. Првичниот обид во договор за лиценцирање потпишан во 2024 година, мирисот е отелотворен од актерката Флоренс Пју и е инспириран од култниот капут, поточно моделот 101801 првпат лансиран во 1981 година. „Постои ...

Кон крајот на јули, Федералното истражно биро доби извештаи за сајбер напади врз водоводни објекти од комунални компании во најмалку седум држави во Соединетите Американски Држави.Еден од тие напади, во Брахам, Минесота, град со околу 1.800 жители, влијаеше на функционирањето на пумпата во постројката за пречистување на вода и го загрози водоснабдувањето. Екипите за јавни работи во градот брзо и импресивно го изолираа системот, воспоставија ...

Вистинска борба со бројки и економски показатели се води деновиве на политичката сцена, но и во медиумите блиски до едната или другата политичка опција, за да се покаже во чие време се живеело подобро и кој има(л) поголеми успеси на планот на економијата. Се „пука“ со сите средства – се користат податоци и соопштенија на Евростат, на Светска банка, извештаите на ЕУ за напредокот на земјата, на домашната официјална статистика, се прават дури и ...

Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови. – Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се ...

Телото на пензионираниот генерал-мајор на федералната безбедносна служба (ФСБ), Игор Лаптев, е пронајдено во стан во Москва. Руските медиуми пишуваат дека 83-годишниот Лаптев веројатно извршил самоубиство вчера попладне, а Известија тврди дека пензионираниот офицер починал од прострелна рана во главата. Не е објавена никаква самоубиствена порака или мотив за евентуалното самоубиство. Нема официјални информации од агенциите за спроведување на ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...

Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата. – Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на ...

Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а ...

Првата дама Меланија Трамп (56) ја нема во јавноста од 19 јули. За разлика од претседателот Доналд Трамп (80), првата дама често ги ограничуваше своите јавни појавувања и се држеше подалеку од центарот на вниманието. По нивниот син Барон Трамп, кој им се придружи на своите родители и полубраќа и сестри само на неколку настани откако неговиот татко се врати во Белата куќа, Меланија Трамп е една од поприватните личности во раскошното, познато ...

Наоми Вотс ќе биде наградена со наградата „Златно око“ на Филмскиот фестивал во Цирих во 2026 година. Актерката од „Мулхоланд Драјв“ ќе присуствува на швајцарскиот филмски фестивал за да го претстави својот нов филм „Домаќинка“, да разговара за својата кариера на сесијата на ZFF Masters и лично да ја прими наградата на 26 септември. „Огромна чест е да ми биде доделена наградата „Златно око“ од Филмскиот фестивал во Цирих“, сподели таа во ...

Женева – Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, ја објави својата кандидатура за позицијата генерален директор на организацијата и денеска се повлекува од својата сегашна позиција, соопшти генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во е-пошта до вработените. Изборот за нов генерален директор на СЗО ќе се одржи во мај следната година. Клуге е еден од тројцата познати кандидати досега. Ханан ...

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Од МВР посочуваат дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Калај

46.54