Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Италија разгледува нов начин за пресметување на сообраќајните казни, според кој возачите би плаќале по 10 евра за секој километар на час над дозволената брзина. Моделот сè уште е само предлог и не е стапен во сила. Доколку биде усвоен, возач кој на автопат со ограничување од 130 км/ч вози со 140 км/ч би платил 100 евра, додека за 150 км/ч казната би изнесувала 200 евра. Паралелно, Италија го проширува надзорот со системот Tutor 3.0, кој ја ...
Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти. Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот . Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат ...
Американскиот долар минатата недела забележа пад во однос на главните светски валути, додека инвеститорите внимателно ги следеа случувањата на пазарот на американски државни обврзници. Индексот на доларот се намали за 0,8 проценти, на 98,84 поени. Американската валута ослабе и во однос на еврото, за 0,9 проценти, при што еден долар се разменуваше за 1,1680 евра. Во однос на јенот, доларот падна за 0,2 проценти. Дополнителен притисок врз ...
Српската полиција уапсила државјанин на Македонија на територијата на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф.рс“, повикувајќи се на информации од истрагата. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со ...
На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век. Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука. – На овој начин ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth Social“ и го прогласи за територија на САД. Објавената слика покажува мапа на која е контаминиран делот што го вклучува Ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „Нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац остро реагираше на критиките на американскиот амбасадор во Турција и претставникот за Сирија, Том Барак, кои го осудија неодамнешниот израелски воздушен напад врз воена база во Сирија. Кац рече дека тврдењата на американскиот дипломат се „полни со неточности“ и директно се спротивставуваат на официјалните ставови на Вашингтон. Кац се огласи на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека Израел споделил ...
Баерн Минхен синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во Суперкупот на Германија 2026. Натаниел Браун, новото засилување на Баерн, го отвори резултатот во 28. минута. Михаел Олисех беше асистент. Самиот Олисех го дуплираше водството на Баерн кон крајот на првото полувреме. Фабио Силва го постигна единствениот гол за Дортмунд во 75-та минута. Натпреварот се одигра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд пред 82 илади гледачи. Баерн го освои ...
Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна. „Утрово околу 4 часот, ветер како на филм ги префрли пламените јазли кон селото Бонче, Прилепско, во долот. ...
СДСМ ја ккритикува Владата на Христијан Мицкоски поради најавите за набавка на нов владин авион, оценувајќи дека власта покажува погрешни приоритети и дека, како што велат, избира луксуз за функционерите наместо подобар животен стандард за граѓаните. Од партијата се повикуваат на изјавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, дека идејата за нов владин авион не е повлечена и дека средствата се оставени. „За оваа власт ‘сериозна’ држава не ...
Италија во догледно време нема да прифаќа назад мигранти од Германија, и покрај новите правила на Европската Унија, изјави денеска вице-премиерот Матео Салвини. Лидерот на десничарската партија „Лига“ позиција таја образложи со тоа што германски хуманитарни организации имаат бродови во Средоземното Море што спасуваат мигранти и ги носат во Италија, од каде дел од нив продолжуваат кон Германија. „Германија нема право да ни врати ниту еден ...
Основана на 24 август 1991 година, само петнаесет дена пред историскиот референдум од 8 Септември, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија и три и пол децении ја пишува својата приказна паралелно со приказната на македонската држава Утре, на 24 август, се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во ...
Спогодбата за трговија со услуги и инвестиции (TISIA) меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Русија официјално стапи во сила, што претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните економски односи, соопштуваат емиратските медиуми. Спогодбата ќе го олесни пристапот до пазарот за извозот на услуги, ќе ја зголеми заштитата на инвеститорите и ќе создаде нови можности за соработка меѓу приватниот сектор во брзорастечките услужни ...
Американките Џесика Пегула и Коко Гоф ќе играат за трофејот на ВТА 1000 турнирот во Синсинати, САД. Ова е епилогот по двата полуфинални меч. Ноќеска Гоф ја победи Чехинката Сара Бејлек, претходно Пегула беше поуспешна од Ига Швјонтек од Полска. Резултати во полуфиналето: Коко Гауф (САД, 4 носителка) – Сара Бејлек (Чешка) – 6:4, 6:1 Џесика Пегула (САД, 3) – Ига Швјонтек (Полска, 7) – 7:5, 4:6, 6:4. Финалето ќе се игра во 1 часот по полноќ. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски победнички го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево го совлада Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина и се пласира во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми. Рустемовски ја доби осминафиналната борба со прекин во третата рунда. Судијата го запре мечот на 20 секунди пред крајот, односно по две минути и 40 секунди борба во завршната рунда. Македонскиот боксер имаше ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информира дека продолжува имплементирањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни оваа година, со донесувањето на Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Станува збор за акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните ...
По девет месеци, фазата на докази предложена од Обвинителството во случајот „Пулс“ е завршена и одговорноста за случајот полека се разјаснува. Во овој период, сослушани се сведоци и спроведени се материјални и вербални докази во врска со случајот. Еден од главните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, ангажирани на барање на Обвинителството. Според вештачењето, во делот што се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес објави дека Париз ќе ја зголеми поддршката за Украина по смртоносниот руски напад врз трговскиот центар во Криви Рог во петокот. Макрон на социјалните мрежи објави дека го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот во кој загинаа 16 лица, а 130 беа повредени. „Го информирав претседателот Зеленски дека ја зголемуваме нашата поддршка со испорака на пресретнувачи и продолжување на ...
Големите пожари и суши што ја погодија Европа ова лето откриваат опасни остатоци од минатото. Екстремната топлина и пожари ги изнесуваат неексплодираните гранати и муниција од Првата и Втората светска војна на површина, што претставува дополнителен ризик за службите за итни случаи на терен. Експлозии веќе се регистрирани во неколку западноевропски земји, објавува Euronews. Ризик од експлозии на местата на пожарот За време на операциите за ...
Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...
Ќерката на Бред Пит, Вивиен, која ја дели со поранешната сопруга Анџелина Џоли, продолжи со своите тековни правни напори за отстранување на „Пит“ од презимето. Според документите на Вишиот суд на округот Лос Анџелес, добиени и разгледани од TheWrap, 18-годишната девојка го завршила потребниот чекор во процесот со објавување на правно известување во кое ја објавува својата намера да го промени своето име од „Вивиен Маршелин Џоли-Пит“ во ...
Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот Борис Трајковски, денеска од 16:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе бидат корисниците од краците 8, 10 и 12, кои се приклучени на булеварот Борис Трајковски. Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санирање на дефектот. Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот Борис Трајковски, ...
Просторот на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, кој изминатите години беше запуштен и меѓу граѓаните познат како „ливада“, се наоѓа во фаза на целосно хортикултурно и инфраструктурно уредување, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според информациите, на просторот веќе се изведуваат активности за поставување ново зеленило и хортикултурно обликување, со цел површината да се претвори во уреден зелен парк што ќе се ...