Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Најмалку 30 лица ноќеска загинаа во одрон на депонија во главниот град на Гвинеја, Конакри, кога како последица на обилните врнежи голема количина отпад се одронала и затрупала шатори и импровизирани објекти. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во општината Гбесија. Во одронот шест лица се тешко повредени, а уште 16 се здобиле со полесни повреди. Спасувачките екипи со багери и друга опрема го расчистуваат теренот. Според очевидци, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе ...
Вратата на фрижидерот често служи како најпрактично место за складирање на разни намирници. Сепак, температурата во тој дел од апаратот не е толку стабилна како на внатрешните полици, поради што некои намирници можат да ја изгубат својата свежина или да се расипат побрзо таму. Температурата во фрижидерот не е баш иста на сите места. Просторот до вратата е повеќе изложен на потопол воздух секој пат кога ќе ја отвориме, поради што температурата ...
По серија вулкански ерупции во близина на еден рибарски град во Исланд, двајца архитекти развиваат необична, футуристичка идеја за искористување на огромните полиња со лава со претворање на стопена карпа во градежен материјал. Од декември 2023 година, девет вулкански ерупции се регистрирани во близина на крајбрежниот град Гриндавик, принудувајќи ги жителите редовно да ги напуштаат своите домови. Арнхилдур Палмадотир, основач и сопственик на ...
Веќе не е само црна површина: Новиот асфалт решава два големи проблеми одеднаш. Класичниот црн асфалт е стандард на патиштата со децении, но има голем недостаток – акумулира огромни количини топлина за време на летните горештини. Кога температурата на воздухот ќе достигне 40 степени Целзиусови, површината на асфалтот може да се загрее до повеќе од 60 степени, дополнително интензивирајќи го ефектот на „топлотен остров“ во градовите. Затоа ...
Научниците што го истражуваат североисточниот Атлантик наидоа на нешто што дефинитивно не му е местото таму. Истражувачкиот брод „Пуркои Пас?“ (Зошто да не?) со 30 научници го истражуваше дното на североисточниот Атлантик во јуни. Кога се спуштија на повеќе од 4.550 метри под површината на морето во подморницата „Наутилус“, открија гробишта од буриња со радиоактивен отпад. Вкупно, беа пронајдени повеќе од 90.000 буриња со радиоактивен отпад. ...
Храната што ја јадеме секој ден не само што влијае на нашето физичко здравје, туку може да игра важна улога и во нашето расположение. Урамнотежената исхрана може да придонесе за подобро ментално здравје, додека премногу преработена храна, шеќер и нездрави масти можат да имаат спротивен ефект. Врската помеѓу исхраната и расположението е поврзана со начинот на кој одредени хранливи материи влијаат на процесите во телото, вклучително и ...
Според планот на холандската влада, Амстердам ќе има туристички данок од 20 проценти до 2031 година, што ќе биде еден од највисоките во светот. Туристичкиот данок во Амстердам моментално е 12,5 проценти, а градот сака помалку туристи, бидејќи бројот на туристи ја надмина целта на градот од 20 милиони ноќевања со години. Туристичкиот данок се додава на хотелскиот смештај, покрај ДДВ. Како резултат на тоа, вкупниот данок на хотелскиот смештај ...
Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија. Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина. – Нашите компании потпишаа документи во врска со развојот и производството на дронови ...
Стравот од летање влијае на помеѓу 25 и 30% од возрасните, а експертите и персоналот на авиокомпаниите наведоа неколку едноставни техники што можат да им помогнат на патниците да се справат со летањето и турбуленциите. Меѓу најчестите совети е „трикот со желе“. Стјуардесата Сиера Мист објаснува дека патниците можат да го замислат воздухот како густа маса што го држи авионот стабилен, наместо да ја доживеат турбуленцијата како ненадеен пад. ...
Фати Вејсели се пасира во финалето на Медитеранските игри во Таранто – Итлија и го обезбеди првиот медал за Македонија, најмалку сребрен. Фати Вејсели во полуфиналето го победи Јасин Јесил од Турција со 5-3. Резултати Медитерански игри: 74 кг Фати Вејсели – Хиаридн Бен Тлили (Тунис) 6-3 Фати Вејсели – Омар Мухамед Мурад (Египет) 4-1 Полуфинале Фати Вејсели – Јасин Јесил (Турција) 5-3 97 кг Реџеп Хјадари – Валид Чеик Лалу (Мароко) 11-0 ...
Моќен циклон ги погоди Латвија, Литванија, Естонија и североисточна Полска во саботата, при што загинаа две лица, а стотици илјади останаа без електрична енергија. Во Латвија, едно лице загина во Јелгава, во централниот дел од земјата, откако се урна дел од зграда. Неколку лица беа повредени низ целата земја, додека во главниот град Рига, брзината на ветерот надмина 108 километри на час во саботата. Половина од просечната месечна количина на ...
Дејан Геогиевски во борба во три рунди загуби од турскиот репрезентативец Хусеин Демирџиоглу со 1-2. Така, останавме без медал во таеквондо на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Дејан беше на чекор да обезбеди најмалку бронза. -80 кг Филип Блажевски – Неџат Хусиќ (Босна и Херцеговина) 0-2 +87 кг Дејан Гоегоргиевски – Мотаж Ифауи (Тунис) 2-1 Четвртфинале Дејан Гоегоргиевски – Хусеин Демирџиоглу (Турција) 1-2 Дејан Геогиевски во борба ...
Македонското борење продолжува со одлични настапи на Медитеранските игри во Таранто, каде што двајца наши претставници обезбедија место во полуфиналето. Реџеп Хајдари стигна до завршницата во категоријата до 94 килограми, иако патот до полуфиналето не му беше без проблеми. Во првата борба македонскиот борач претрпе убедлив пораз од Гркот Дурен Куруглиев со 0-10, но веднаш потоа реагираше на вистински начин. Хајдари во следната пресметка беше ...
Општина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето. До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, ...
Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан ...
Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче ...
Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, ги сподели своите очекувања за сезоната 2026/27. – Минатата година беше тешка, морав да одам на операција и да бидам надвор од терените пет месеци. Мислам дека добро ја започнав минатата сезона, но беше многу тешко да се вратам во март кога сите други се во врвна форма. Се обидувам да му помогнам на тимот, се надевам на сезона без повреди и се надевам дека ќе можам да уживам во фудбалот. Играм 18 години ...
Ноќта меѓу 22 и 23 август 1929 година, Скопје било погодено од голема поплава предизвикана од обилните врнежи во Скопската Котлина. Според извештајот објавен непосредно по настанот, најкритично било околу 21:30 часот. Водата од северните и северозападните делови на котлината се движела кон Радишани и Бутел, а потоа се разлевала кон Чаир, Топанско Поле и останатите делови на Скопје. Во некои од околните населени места водата достигнувала ...
Крушево изминатите недели беше сцена на еден од најголемите успеси во македонскиот параглајдинг. Македонија го освои среброто на Европското првенство во екипна конкуренција, додека Ана Бергер стана европска шампионка во женска конкуренција. На првенството, кое од 8 до 19 август се одржа во Крушево, учествуваа 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златото во екипната конкуренција, Македонија заврши втора, а Шпанија ја освои бронзата. ...
Општина Центар и овој викенд продолжува со теренските активности за расчистување на диви депонии и отстранување на последиците од невремето. Вчера и денеска, со два багери и два камиони, општинските екипи работат на расчистување на натрупан отпад во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало. Паралелно се продолжува и со расчистување на локациите зафатени од невремето, каде што се отстрануваат паднати гранки и зеленило. Од Општина Центар информираат ...
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија. Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути и 47 секунди. Следната пречка за Георгиевски ќе биде ...
Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени ...
Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При проверката, преку ...
Организаторите на Отвореното првенство на САД се соочија со критики откако му одбија на поранешниот шампион Стен Вавринка покана за главната ждрепка на овогодинешниот турнир, иако 41-годишниот Швајцарец е во последната сезона од својата професионална кариера. Последната покана во машка конкуренција му беше доделена на Американецот Патрик Кипсон, додека друго место, испразнето откако Мартин Дам директно влезе во главната ждрепка, му припадна ...
Норвешка планира во фискалната 2027 година да обезбеди нова финансиска поддршка за Украина во износ од 85 милијарди норвешки круни (9,2 милијарди долари), исто колку и во тековната фискална 2026 година, соопшти норвешката Влада. Норвешка е меѓу најголемите поддржувачи на Украина, заедно со останатите скандинавски и прибалтички земји. Владата на премиерот, Јонас Гар Стере, изработи долгорочен план за помош на Киев, поддржан од сите партии во ...
Сите расположливи ресурси се ангажирани во гаснењето и ставањето под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и припадници на Национални шуми. Директорот на Центарот за управување со кризи, ...
Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес. Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина. Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски. Според него, изборите би биле „цунами“ што „би ја ...