Маришка Харгитеј, ѕвездата на долгогодишната серија „Закон и ред: Единица на жртви“, ќе биде домаќин на 78-то доделување на наградите „Еми“. Ова ќе ја направи првата жена што сама ќе ја води церемонијата по 15 години, од Џејн Линч во 2011 година. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 14 септември во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес, со пренос на NBC и стриминг услугата „Пикок“. Харгитеј во официјална изјава изјави дека е почестена што има ...

На 29 август, Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена. Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера ...

Семејство од гостиварско пријавило дека било физички нападнато во Долна Матка по расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец. Случајот во полиција го пријавила 47-годишната В.С. од селото Неготино, гостиварско, која според пријавата, заедно со сопругот и нивната ќерка била нападната од три лица. Инцидентот се случил на 23 август околу 10:30 часот во Долна Матка. Според пријавеното, претходно дошло до расправија со вработен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика, соопштија од Кабинетот на Претседателката. Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година се наплатени 299.461.897 денари, што претставува зголемување во однос на истиот период минатата година, кога биле наплатени 293.330.528 денари. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, кога наплатата изнесувала 136.204.491 денари, годинашниот износ е повеќе од двојно ...

Во Хатуша, некогашната престолнина на Хетитската Империја, лоцирана во Чорум,Туркије, неодамна беа пронајдени три досега непознати гробници, кои датираат од крајот на IV до III век пр.н.е. Овие нови археолошки наоди нудат вредни сознанија за подоцнежната историја на древниот град и потврдуваат дека Хатуша останала населена и долго по завршувањето на хетитскиот период. Новите наоди се особено значајни, бидејќи подоцнежната историја на Хатуша ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид – Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид – Струга – ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово, кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира Николоски, до крајот на годината треба да се изготви и законот за крајбрежјата на Охридско, ...

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот кој го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР, информираат од ЦУК. До овој момент нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожара на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, велат од ЦУК. Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот кој го носи чадот ...

Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена со нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива”. Албумот составен од 10 песни и 10 визуелни приказни постепено ја водат публиката кон промоцијата на 3 септември и до концертната промоција на 3 октомври во арената „Борис Трајковски“. На албумот, како што вели поп-ѕвездата, работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со живи инструменти и песни кои се ...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, деновиве претстојува во посета на неговиот колега, инаку осомничен воен злосторник Гидеон Саар, кој е познат по ставовите дека нема да дозволи постоење на палестинска држава и кој сесрдно се залага за анексија на Западниот Брег, за илегална воена окупација на територии во Сирија и Либан итн. Тој е и еден од главните осомничени за организираното грабнување, затворање и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето обраќање до нацијата по повод 35-годишнината од независноста на земјата за да му упати директен предизвик на рускиот претседател Владимир Путин, изјавувајќи дека Москва мора да биде турната на колена преку единството на меѓународната заедница. Додека европските лидери се собраа во Киев за да ја одбележат годишнината, Зеленски ја пофали „отпорноста“ на украинскиот народ за време на ...

Пет пожари од вкупно 14 регистрирани на отворен простор денеска до 13 часот, се сè уште активни. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општините Студеничани и Зелениково. – Во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани, со крак кон село Палиград и село Вражале во општина Зелениково, гори мешана шума – појаснија ...

Секој демократски народ во светот, особено во Европа, треба да ѝ ја даде својата поддршка на Украина и со тоа да покаже дека споделуваме заеднички вредности и дека припаѓаме во едно заедничко семејство. Мирот не значи само прекин на конфликтот, туку создавање услови Украина да може слободно и безбедно да си ја гради својата иднина и да се развива. На Украина ѝ е потребен секаков вид помош, како и зајакнување и спроведување на санкциите на ЕУ ...

Беше замислено да биде излет за црните деца во Берлин и нивните семејства, нудејќи им ексклузивно попладне на отворен базен поставен од локален театар. Но, плановите, закажани за почетокот на овој месец, мораа да бидат откажани откако беа искористени од десничарските и конзервативните гласови за да предизвикаат бес, оставајќи ги организаторите да се бранат од расистички е-пораки и закани. Театарот „Фолксбине“ во Берлин соопшти дека ја ...

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност што беше повод украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да потврди дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната – но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им ...

Дизел горивото од утре ќе чини 101,5 денари за литар, што е за 3,50 денари повеќе од цената која што важи до полноќ вечерва, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика објавена пред малку. Од полноќ, нови пови цени ќе имаат и бензините, кои поскапуваат за 1,50 денари за литар. Така, бензинот од 95 октани ќе чини 93 денари, а од 98 октани ќе чини 95 денари за литар. Во соопштението од РКЕ се вели дека зголемувањето на ...

Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика. -Што се однесува до средното образование, треба да кажеме дека образованието го започнуваат ...

Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите – посочи министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на првата работна сесија со тимот што ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да почне со работа на почетокот од 2027 година. Во ...

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани. Во ...

За прв пат по повеќе од десет години, Русија повеќе нема трајно стационирани воени бродови во Медитеранот. Британскиот весник „Телеграф“објавува дека работната група, која дејствуваше од 2013 година, одамна е повлечена. „Таму нема ништо од јуни“, весникот цитира функционер на НАТО, кој го смета потегот за „доста значаен“. Ова е затоа што Русија, засега, се откажа од важно воено присуство во регионот. Наведената причина е растечката потреба ...

Денес, времето претпладне же биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне кон крајот на денот. Во Скопје денеск попладне и утре во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. ...

Документарецот „Добри луѓе “ на Милчо Манчевски за трагедијата во Кочани, почнува во тишината на оризовите полиња, снимени со дрон и со мрачен рефрен на виолончело од Новоградска . Идиличен пејсаж, светлина, вода, бавен ритам – свет што изгледа далеку од секоја трагедија. Тоа е увертирата пред најтрауматската македонска ноќ: пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Потоа идилата се распаѓа. Низ сведоштвата на преживеаните и некои од ...

Млеко увезено од Косово е запленето и уништено поради зголемено присуство на афлатоксин. Млекото е запленето на граничниот премин Блаце. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со ...

Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека Владата прави се што може за да им помогне на транспортерите. Склучува, како што рече, билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната. -Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се работи за правила во Шенген зоната и за правила кои ги уредува Шенген зоната. Она што ние ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема ...

Мажна возраст од 28 години е осомничен за најмалку три пожари на суви насипи и ливади. Австриската полиција пријави 28-годишен пожарникар од Бургенланд под сомнение дека намерно подметнал неколку пожари во округот Оберпулендорф во текот на јули и август. Она што е особено неверојатно е што откако ги запалил пожарите, тој учествувал во нивното гаснење, а во два случаи дури и лично ги повикал службите за итни случаи. Случајот предизвикал ...

Официјален Вашингтон додели нови 500 милиони долари за седум проекти со цел да се зголеми ископот и преработката на критичните минерали, производството на батерии и рециклирањето во Соединетите Американски Држави. Главни причини се постигнувањето независност од трети страни, како што е Кина, во синџирот на снабдување со руди кои се неопходни во одбраната, елетрификацијата и зелената транзиција. Додека Вашингтон со државни средства поддржува и ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53