Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието. На дневниот ред на седницата се Предлог одлуката за давање на согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година и Предлог правилникот за начинот и условите за користење на обезбедените средства во Буџетот на Собранието наменети за Советот за граѓански надзор. Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието. На дневниот ред на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот. Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната ...
360°: Вие како го читате Протоколот 2, позицијата на историската комисија и давањето резултати од нејзината работа во контекст на пристапниот процес? Силјановска-Давкова: Како го читам Протоколот 2? Протоколот 2 го читам како записник, записник на двајца министри за надворешни работи, записникот ниту бил ниту ќе може да биде правен инструмент за дополна на Договорот за пријателство и добрососедство. А тој и тоа го прави, бидејќи во членот 12 ...
Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, попладнево организираше концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Посетителите уживаа во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија. Од Британската амбасада претходно упатија покана до сите граѓани да ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени” на МРТ 1, Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата. – Тоа е природно ...
Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, и тоа во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните здравствени и енергетски капацитети. – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници во државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево – Охрид (57 ...
Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен. -Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, на улицата „Железничка“ на потегот кај ...
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови ...
И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на ...
Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се ...
Интеса Санпаоло, најголемата италијанска банка според пазарната вредност, во понеделник објави понуда од 30,6 милијарди евра за конкурентот Монте деи Паски ди Сиена (МПС). Понудата за готовина и акции доаѓа во време кога банкарскиот сектор на Италија е во средината на бран на консолидација. Потегот на Интеса не само што има за цел дополнително да ја консолидира својата водечка позиција на домашниот пазар, туку и да ги спречи конкурентите кои ...
Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го ...
Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. „Не треба да ви кажувам што би ...
Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија повеќе“, рече Хрничорова. Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со ...
Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската ...
Вооружените сили на Украина (АСУ) вратија над 600 квадратни километри од почетокот на оваа година, изјави нивниот врховен командант Олександр Сирски, цитиран од Ројтерс. Тој напиша на Телеграм дека само минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Сирски не прецизираше каде се постигнати овие успеси, ограничувајќи се на тоа да каже дека АСУ продолжува да „ја одржува иницијативата“ во ...
Растот на Северна Македонија се забрза во последните години, но конвергенцијата на приходите со Европската Унија остана бавна, додека обновениот шок на цените на енергијата претставува нов предизвик за креаторите на политиките, се вели во денеска објавенот соопштениет ма ММФ, по завршените консултациите за Член IV за 2026 година со нашата земја. Од ММФ посочуваат дека приоритет е да се зајакне отпорноста на шокови, што бара координирани ...
„Ќе живееме со сегашните проблеми, но нашите размислувања мора да одат подалеку. ’Алкалоид’ не е само за денес и утре, туку за многу генерации што доаѓаат по нас“. Оваа изјава, дадена од Трајче Мукаетов во јануари 1986 година, ја отсликува визијата за одговорно управување, заедништво и за долгорочно создавање вредности, принципи што денес се препознаваат како суштински елементи на ESG-концептот. Одржаниот „Бизнис форум на одржливост“ обедини ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и ...
На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. – Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори воспоставува современа и сеопфатна рамка за ...
Се повеќе компании во Македонија ги препознаваат придобивките од примената на ESG стандардите и принципите на одржливост – практики кои придонесуваат за поголема транспарентност, подобра деловно репутација и поголема отпорност на предизвиците со кои се соочува современата економија, беше речено на денешниот бизнис форум за одржливост што го организира Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд и ...
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој на „Партизанска“ смртно ја прегази младата Фросина Кулакова денеска добил ослободителна пресуда. Сообраќајката се случи со возило во сопственост на таткото на Васил, но Судот виновен за трагедијата го смета единствено Јованов, кој е осуден на 13 години затворска казна, пренесе „Слободен печат“. – Судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) не е задоволна како се одвива работата на измените на Изборниот законик и дека расправата тече во насока да се заштитат интересите на големите партии. ЛДП предупредува дека ако дискусијата и натаму тече во погрешна насока тие ќе се откажат од учеството во работната група. „Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. ...
БИТОЛА – Денес во Основниот суд Битола заврши судењето на екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска. Овој процес беше поттикнат од истражувачките стории на новинарката од Битола, Анета Блажевска. Судскиот процес се однесуваше на неколку кривични дела за Злоупотреба на службата, злоупотреба на Законот за трансформација во редовен работен однос, Фалсификување исправа и др. Делата за кои и се судеше на Спасеновска ...
Владата прави потрошувачко портфолио, кое треба да го усогласи со дистрибутерот „ЕВН хоум“ и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната – најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување обновливи извори на енергија и како може да ...
Годишната инфлација во мај годинава мерена преку трошоците на живот, во однос истиот месе лани, изнесува 4,8 отсто. На месечно ниво пак, односно мај во споредба со април годинава, инфлацијата изнесуваше 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Најголемо влијание на годишната инфлација имале трошоците за транспорт кои на годишно ниво биле поголеми за 11 отсто, како и трошоците за алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, кои биле ...
Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој ...
Учениците од општина Ново Село учебната година ја завршуваат со необично и возбудливо искуство. Денеска како воннаставна активност околу 300 ученици во присуство на своите родители имаа можност да летат со балон на топол воздух. По осум ученици во група беа подигнати на висина до 30 метри во балон на топол воздух поврзан со сајли и имаа можност да ги погледнат прекрасните пејсажи на Беласица и Огражден како и населените места. За овој ...