Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
За подобро да се разбере човековото влијание во интеракциите меѓу различните животински видови, но и е да се објаснат причините за експанзијата на чакалот низ Европа, од 2001 до 2017 година се собирани стандардизирани теренски податоци за завивањето на чакалите на безмалку 9 000 локации низ Централна и Југоисточна Европа, вклучително и во нашата држава. Истражувањето покажа дека пократкотрајната снежна покривка, што е последица на ...
„Марјан Цветковски, вечниот директор на МРТВ, сега е награден со нова функција. Градоначалник, со кои заслуги и на кој начин. Тоа е човекот кој цели 15 години беше на функцијата директор на МРТВ или од 2012 година, кога беше избран. Тоа е човекот кој јавниот сервис го претвори во огласна партиска табла, примаше, наградуваше партиски лица, кој имаше негативни ревизорски извештаи. Во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски ...
Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк ...
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу констатираните ...
Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот, пропуштајќи голема можност да се ...
Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку 37 пати од крајот на март изјави дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договорот сè уште не е материјализиран. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, според анализата на Си-Ен-Ен. Поминаа повеќе од два месеци откако Трамп објави прекин ...
Стотици дрвја низ Аеродром се закана по безбедноста на граѓаните, автомобилите, прозорците на зградите, уредно пријавени и обележани за сечење и кастрење, сѐ уште не се исечени од надлежното претпријатие „Паркови и зеленило“. Како што појасни една советничка, која денеска на седница на Советот на Град Скопје, за поставување советнички прашања, читаше список на пријавени и обележани дрвја за сечење, на булеварите „АСНОМ“, „Видое Смилевски ...
Мадона (67) продолжува да ги поместува границите, овој пат со нов албум и едно од нејзините најпровокативни видеа во последно време, во кое се појавува и супермоделот Кејт Мос. Во десетминутното видео за „Confessions II“, пејачката влече млад човек во тоалет во ноќен клуб во една сцена за интимен момент. Кралицата на попот клекнува пред млад човек во видеото додека трето лице гледа во шок од врвот на тоалетот. Потоа човекот ја зграпчува ...
Во многу земји, бројот на деца по жена се намалува, и додека истражувачите сè уште се обидуваат да ги утврдат причините за овој пад, две неодамнешни американски студии го посочуваат прстот кон истиот можен виновник: паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции и затоа помалку сексуални врски во реалниот живот, сугерираат истражувачите. Стапката на плодност се намалила за 22 проценти во Соединетите ...
Франција и Германија се откажаа од заеднички проект за изградба на европски борбен авион откако вклучените компании не успеаја да се договорат за патот напред, нанесувајќи голем удар на напорите на Европа за заедничка одбрана. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц „достигнаа заедничка проценка дека компаниите нема да можат да се договорат“, изјави официјален претставник во Берлин за агенцијата Франс Прес, ...
ЕУ ќе продолжи да го спроведува „Европскиот зелен договор“, кој има за цел да ги трансформира индустријата, транспортот и земјоделството во одржлив и климатски неутрален систем до 2050 година, дури и кога приоритетите на ЕУ се променија со големи инвестиции во вооружување, изјави европската комесарка Џесика Росвал. „Сите буџети и сите министри за финансии секогаш мора да поставуваат приоритети, а безбедноста е очигледно еден од нив“, рече ...
Американците се попесимистички настроени во врска со своите лични финансии отколку во кое било време од почетокот на 2023 година и очекуваат ситуацијата да се влоши. Ова го покажува ново истражување кое сигнализира растечка загриженост за инфлацијата и безбедноста на работното место, пишува CNN. Уделот на Американците кои ја оцениле својата финансиска состојба во мај како „нешто полоша“ или „многу полоша“ од пред една година достигна ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот 2026 та веќе е извесно дека економскиот раст ќе биде понизок од сега планираниот на ниво од 3,8%, пишува Порталб. Извесно е дека и инфлацијата ќе биде значајно повисока во однос на сегашниот план. Јавниот долг кој на крајот на 2025 та надмина 10 000 000 000 евра , во апсолутен износ ќе се зголемува. Јавен долг над 61%, инфлација од 4,5% Економскиот раст за годинава и следната година веќе е ...
Виктор Вембањама дојде до својата прва победа во финалето на НБА, а Њујорк Никс сега се соочуваат со малку потешка задача ако сакаат да го завршат својот 53-годишен пост без шампионска титула. Францускиот феномен ги предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 115:111, намалувајќи го водството на Никс во серијата на 2:1. Вембањама го заврши натпреварот со 32 поени, осум скока и шест асистенции. „Сигурен сум дека Виктор црпи мотивација од ...
Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, ...
Опозициската СДСМ преку соопштение реагираше на најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во наредните 10 години ќе се инвестираат 10 милијарди евра за инфраструктурни проекти, оценувајќи дека не станува збор за развојна стратетија, туку за должничка замка. „Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако ...
Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава по деветти пат ги истакна новинарите кои пишуваат за „невидливите“, т.е. маргинализираните групи и заедници во македонското општество. „Оваа година настанот ќе има поинаков карактер. Годинава сме домаќини на гости од 8 земји кои го спроведуваат истиот проект и комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштијата – ЕАПН. Освен доделувањето на наградите ова е исклучителна шанса ...
Деветте нуклеарни сили во светот во 2025 година ги зголемија трошоците за своите арсенали за 19 проценти, се наведува во извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons). Според ИКАН, минатата година вкупните трошоци за нуклеарно оружје изнесуваат 119 милијарди долари, што е еквивалентно на 3.768 долари во секунда. Во извештајот се наведува дека САД минатата година ...
Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност. Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот. Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги ...
„Така го најдовме. Пливавме до островот, отидовме на планинарење боси до врвот и бевме едноставно воодушевени. И во текот на многу години, развивме можност да помогнеме во реализацијата на неговиот потенцијал“. Доколку жената што ја споделуваше својата желба да подобри странски остров се симнеше од брод на шверцери, нејзиниот сон ќе беше уништен во еден од оние центри за притвор на мигранти што албанската влада неодамна ги изгради со Италија. ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка. Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе останеш сам’“, изјавил Трамп. Трамп воедно ги ...
Македонската рок група Архангел денеска ќе одржи прес-конференција во Мака Бар во Скопје, на која ќе го најави претстојниот концерт „Срцевина“ и премиерно ќе го претстави новиот видеоспот за песната „Дни оловни“. Прес-конференцијата ќе започне во 11 часот, а на неа ќе говорат фронтменот Ристо Вртев, авторот и реализатор на видеоспотот Иво Антов, како и Цвета Спасова, организатор на концертот и извршен директор на „Adriatica Records“. Преку ...
Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, ...
Младинските протести во Брисел вчера прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, пренесе ДПА. Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства, јави репортер на агенцијата. Протестот е организиран како реакција на полициското насилство за време на демонстрациите минатата ...
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан синоќа е привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување. Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите-членки на МКС. Одлуката за привремена суспензија на Кан, како што соопшти МКС, е заснована на „извештајот од истрагата спроведена од Службата за внатрешен надзор на ОН, придружните докази, ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), преку Секцијата на жени на ССМ и во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, денеска во Скопје организира конференција на тема „Жените, трудот и социјалната правда“. Конференцијата се организира во рамки на одбележувањето на 80 години од основањето на ССМ и осум децении синдикална борба, јубилеј кој, според организаторите, има особено значење не само за синдикатот, туку и за ...
Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови. Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија на тема „Менталното здравје кај младите“, на која ќе учествуваат експерти од областа на ...
Државниот архив на Република Северна Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, а годинешната тема ја нагласува улогата на архивите како значаен ...
Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а текстот е на Сашо Кокаланов. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Во актерската екипа настапуваат младите актери Надица Дојкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар ...