Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се депонира во корист на државата и ќе служи како гаранција за обезбедување на неговото присуство во текот ...
СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал ...
Македонските тенисери денеска ги дознаа ривалите во групата во рамки на Дејвис куп натпреварувањето од Третата Европска група што од утре до сабота ќе се игра во Кишињев, Молдавија. Македонската репрезентација е во групата Б и за ривали ги има Грузија (71. рангирана – носител); Косово (85. рангиран) и домаќинот Молдавија (86. рангирана). Групата А ја сочинуваат: Република Ирска, Летонија, Црна Гора и Азербејџан. Дејвис куп репрезентацијата ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...
Партијата Единствена Македонија реагира дека не треба да се поврзуваат настаните со незаконската наплата на лица влезот во месноста Кулица со неа, велејќи дека тоа не може да биде точно. „Сметаме дека е целосно неточно и неосновано да се создава впечаток за партиска одговорност за прашања кои се во надлежност на институциите, кои треба да постапуваат согласно закон и да ја утврдат целосната фактичка состојба. Јавноста е сведок на ...
Повеќе од две децении по последниот студиски албум, Архангел официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание и големиот самостоен концерт „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни од 20:00 часот, на Стадионот на АРМ во Скопје. Ексклузивен гостин ќе биде Васил Хаџиманов. Видеоспотот за „Дни оловни“ беше премиерно прикажан денеска, ...
Повеќе од 100 лица починаа од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, објавија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на болеста, од кои 101 лице починало, а 19 се излекувале. Епидемијата најмногу ја погодила покраината Итури, каде што се регистрирани повеќе од 90 проценти од случаите, но се проширила и во ...
Денес, на седницата на Советот на Град Скопје, преку Ребалансот на буџетот беа обезбедени средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во вредност од 50 милиони денари. Новиот објект ќе се наоѓа во општина Аеродром во близина на Центарот за јавно здравје и ќе претставува сериозен исчекор кон подобра организација, побрза реакција и поголема безбедност за граѓаните. – Пожарникарите ...
Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на дерусификација, а градските власти се повикаа на соопштението на Институтот за национално ...
На плоштадот „Македонија“ денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз, нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел, како што потенцира, е подигнување ...
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид, каде се реализираат формални програми и програми за доквалификација и преквалификација во областа на угостителството и туризмот и се образуваат идни готвачи, келнери, туристички работници и други профили од секторот, доби современа опрема за унапредување на практичната настава. Со овој проект се создаваат подобри услови за учење и посовремена средина за учениците и ...
Поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, сепак ќе треба да оди во затвор. Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда против Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело бесправно градење. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната ...
Првиот подводен дата центар кој добива струја од ветер во светот започна со работа покрај брегот на Шангај, додека Кина напредува со решенија за енергетските предизвици создадени од бумот на вештачката интелигенција во земјата. Демонстративниот проект за подводен центар за податоци во Шангај Линганг, кој започна во мај, има капацитет од 24 мегавати. Тоа е заеднички напор помеѓу HiCloud Technology и China Communications Construction, државна ...
Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Како што се наведува во полицискиот билтен, кај телото била пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје – женско лице. Полициски службеници извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било ...
Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Сегашните процедури за докажување на ваквите случаи се компицирани. Потребни се јасни насоки за чекорите што треба да ги преземе жената доколку биде вознемирувана на работното место или е дискриминирана – беше истакнато на конференцијата „Жените, трудот и социјалната правда“, што ...
Анализата на CNN наведува дека од крајот на март до средината на јуни, Доналд Трамп најмалку 37 пати тврдел дека договорот со Иран е на дофат, иако договорот не бил финализиран. На 7 април, Трамп тврдеше на социјалните мрежи дека двете страни „поминале долг пат“ и дека им требаат уште две недели за да го завршат договорот. Иако не беше постигнато решение, американскиот претседател продолжи јавно да кажува во следните два месеци дека договорот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, беа предадени 30 алатки за проверка на документи, ...
Советничката група на СДСМ во Град Скопје обвини дека градоначалникот Орце Георгиевски и владејачкото мнозинство го кршат Деловникот и ја задушуваат дебатата во Советот, претворајќи ги седниците во еднонасочни монолози без можност опозицијата да реплицира и да поставува дополнителни прашања. На прес-конференција, координаторката на советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска, оцени дека станува збор за „нов изум“ со кој се уништува ...
„Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла. Овој пат објавува ‘10 милијарди евра за 10 години’ и ‘57 километри автопат’“, рече на прес-конференција Наташа Поповиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ. Па, се осврна на изјавите на премиерот: „Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, ...
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот аеродром паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници ...
Од Општина Кратово вчера излегоа со свој став по наводите дека одредени лица нелегално наплаќаат влезници на локалитетот „Камени Кукли“. Во објавата на Фејсбук, тие ги споделија и имињата на поединците. „Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, одговорното лице Милош Димитровски, како и неговата ќерка Стојна Димитровска ...
Македонија ќе добие шест нови автопатски решенија. Проекциите се дека тие ќе бидат завршени до крајот на 2027 година, истакна вчера на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски. Автопатот Кичево-Охрид продолжува да се гради, финансии во висина од 175 милиони евра се обезбедени од домашни банки, а делницата Извор-Врбјани ќе биде пуштена до октомври, додека делницата Врбјани-Ботун е веќе пуштена во употреба. Во периодот од јануари до ...
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...
Буџетскиот совет на македонското Собрание донесе одлука со која даде согласност за изменување на Буџетот на Собранието. Претседателот на буџетскиот совет, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека предложените измени на буџетот на Собранието за 2026 година се поврзани со неколку програми и потпрограми. – Со предлозите се менуваат ставките плати и придонеси и во буџетот ќе се изврши вкупно намалување од 53.400.000 денари, а тоа е намалување ...
Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки коишто ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесе нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. - Од нашата анализа, конкретно ...
СВР Тетово информира дека вчера попладне во 18:40 часот, полициски службеници од Полициска станица – Гостивар извршија разговор во Педијатриското одделение во гостиварската болница каде поради труење со лекови било донесено 5 годишно дете од селото Чегране. Како што информираат, мајката на детето (25 години) рекла дека настанот се случил околу 17 часот, додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната ...
Владата е пред конечна одлука проектот „Чебрен“ да го гради државата, наместо како повеќето од претходните 14 обиди во изминатите децении, да се бара приватен партнер. Како што изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, тој самиот, а и во Владата и во државната АД ЕСМ сметаат дека треба да „стиснеме заби“ и самите да го изградиме овој проект. Со оглед на климатските промени, „Чебрен“ ќе има првенствено важност да служи како важен резервоар на ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска поставија камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски “ во населба Хром. „Уште еден голем чекор за подобро образование, подобри услови и посилна иднина за нашите деца“, истакна Стојкоски. Со овој проект се обезбедуваат: осум нови училници, 770 метри ...
Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк, затоа што Факултетот за безбедност не доставил список на студенти кои треба да примат субвенции за студентски оброк. -Факултетите се должни секој месец да ...
На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и ...