Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со ...

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Милан Марковиќ“ и „Брадфордска“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Крчин“, „Пијанец“, „Копачка“, „Илија Павлев“, „Стрезово“ и дел од улиците „Леринска“ и „Братфордска“ во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до ...

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот. Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заедно со министерот за дигитална трансформација, ...

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе ...

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. На Самитот, како што јави известувачот на МИА, претседателката ќе се обрати ...

Папата Лав во понеделникот вечерта накратко се сретна на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид со порториканскиот музичар Бад Бани, кој исто така е на турнеја во Шпанија, објави во вторникот Ватикан. Во соопштението на Ватикан се вели дека папата се сретнал со латиноамериканскиот музичар чиј албум „Debí Tirar Más Fotos“ освои Греми за најдобро издание оваа година. Лав XIV накратко разговараше со Бед Бани и неговото семејство пред да го ...

Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни ...

Реал Мадрид соопшти денеска дека неговиот градски ривал Атлетико ја одбил понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез. „Кралскиот клуб“ по состанокот на Управниот одбор испратил понуда за играчот. „Атлетико изрази благодарност на предлогот и во рамки на добрите односи на двата клуба ја одби понудата. Притоа се повика на откупната клаузула во договорот“, соопштија од Реал. Како што пренесува „Марка“ неговата откупна ...

Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и на ...

Успешно враќање на тенискиот терен имаше Американката Серена Вилијамс. Таа попладнево го одигра првиот меч по УС Опен 2022. Серена Вилијамс во конкуренција на двојки со Викторија Мбоко од Канада во првото коло на Квинс турнирот ги победија Никол Мелихар-Мартинез од САД и Ерин Рутлиф од Нов Зеланд со 2:0 во сетови (7:6(2) и 6:2). И покрај паузата од четири години, Серена во мечот потсети на деновите кога доминираше во женскиот тенис. На ...

Силни бранови високи до 11 метри и бурни ветрови ја погодија јужната крајбрежна област на Велингтон во Нов Зеланд, предизвикувајќи евакуации, нарушувања во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, која подоцна во текот на денот беше укината. Властите издадоа задолжителна наредба за евакуација на крајбрежните населби Овиро Беј, Ајланд Беј, Хаутон Беј, Брејкер Беј и Моа Поинт, откако регионот беше погоден од бранови и ветрови ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес и официјалниот почеток на преговорите по тематски поглавја. Соопштението беше ...

Унгарската антикорупциска агенција разви модел на вештачка интелигенција за следење на пари за кои постои сомневање дека се проневерени за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан. „Создадовме најсовремена алатка за борба против корупцијата, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење интегрирани во систем способен за следење на унгарските економски трансакции во реално време“, изјави за „Фајненшeл тајмс“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран соборил американски воен хеликоптер „Апачи“ за време на патрола над Ормускиот Теснец и рече дека САД ќе одговорат на тој напад. „Штотуку бев информиран од нашата голема војска дека синоќа Иранците соборија еден од нашите многу софистицирани хеликоптери ‘Апачи’ додека патролиравме над Ормускиот Теснец. Во него имало двајца пилоти, двајцата се безбедни и неповредени. Сепак, САД мора да ...

„Ѕидот од дронови“ подигнат по фронтовската линија од страна на украинската војска драматично ги зголеми загубите за руската армија, која е во петтата година од обидите да ги заземе териториите анектирани од Кремљ во 2022 година. Во просек, руските војници имаат 9.000 луѓе убиени на фронтовската линија месечно во 2026 година, или приближно 300 луѓе дневно, според пресметките на Јанис Клуге, експерт во Германскиот институт за меѓународни ...

Квалитетниот сон се смета за еден од клучните фактори за здравјето и виталноста на телото. Иако многумина го занемаруваат поради нивниот зафатен животен стил, редовниот и квалитетен одмор во текот на ноќта е неопходен за правилно функционирање на целото тело. Додека спиеме, телото се регенерира и се подготвува за нови секојдневни предизвици. Во овој период, природните одбранбени механизми на телото се зајакнуваат, поради што квалитетниот сон ...

Сето ова е направено од политички причини. Осуден сум на една година затвор за да не се кандидирам на можни избори за градоначалник на Карпош. Вака денеска поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ја оцени одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да биде осуден на една година затвор за бесправно градење поврзан со општинската зграда. На прес-конференцијата свикана веднаш по објавувањето на одлуката на ...

Аријана Гранде и нејзиниот партнер, Итан Слејтер, раскинаа по три години врска. Иако веста за раскинувањето беше објавена дури сега, раскинувањето наводно се случило пред неколку месеци. Пејачката и актерка Аријана Гранде и нејзиниот партнер Итан Слејтер раскинаа по три години врска, дознава Дејли Меил. Според извор близок до двојката, Гранде и Слејтер ја донеле одлуката по долго размислување, а врската завршила пред неколку месеци. Не се ...

Полицијата во американската држава Вашингтон откри вознемирувачки случај на трговија со луѓе откако извршила рација во куќа за која соседите верувале дека е само место за неконтролирани забави. Истрагата открила дека вилата Белвју наводно била местото каде што жените биле злоупотребувани и принудени да снимаат содржина за возрасни, објавува Live 5 News. Соседите ја повикувале полицијата со месеци По недели преполни улици, бучни забави и ...

Во последните месеци, производителите на автомобили се тркаат да воведат сè понапредни гласовни асистенти со вештачка интелигенција кои наводно можат да разговараат со возачот, да закажуваат состаноци, да наоѓаат ресторани и да контролираат бројни функции на возилото. Но, додека индустријата ги претставува како следно големо нешто, сè повеќе луѓе се прашуваат дали решаваат вистински проблем. На Саемот за потрошувачка електроника CES во Лас ...

Апелациониот суд во Москва во вторникот ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Осуден во отсуство Во април, московскиот суд го прогласи познатиот уметник Тили за ...

„Опен АИ“ (OpenAI), производителот на популарниот четбот Чет ЏПТ (ChatGPT), денес соопшти дека поднел барање за почетна јавна понуда (IPO) во Соединетите Американски Држави. Се придружува на конкурентот „Антропик“ (Anthropic) во трката за излегување на берза, обидувајќи се да профитира од огромната побарувачка на инвеститорите за акции во секторот за вештачка интелигенција, објавува Ројтерс. „Опен АИ“ не откри детали за големината или ...

Политиката е со полни усти за одбрана на јазикот и идентитетот во странство, а дома се случува нешто поинакво. Неодамнешната оставка на Симона Груевска-Маџоска од Советот за македонски јазик беше знак во јавноста дека има несогласувања околу грижата кон јазикот, недоразбирања меѓу институциите и отвори дебата за односот на Министерството за култура кон јазичната политика. Нејзините јавни реакции, објавени на социјалните мрежи, доведоа до ...

Европската унија во вторникот претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот на Советот, Антонио Кошта, го објави ...

Мајка од Струга ги оставала малолетните деца да спијат во автомобил додека одела на работа. Случајот во полиција го пријавил таткото на децата. – На 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ...

Битката кај Тулуз, водена на 9 јуни 721 година, е клучен момент во раната средновековна европска историја, означувајќи ја првата голема победа на христијанските сили над Маврите, муслимански освојувачи во западниот дел од континентот. Битката се водеше помеѓу франачките сили под водство на војводата Одо од Аквитанија и муслиманската војска на Умајадскиот калифат, предводена од гувернерот Ал-Самх ибн Малик ал-Хавлани. Битката беше значајна ...

Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во ...

Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е најавено учество на Претседателот на Владата на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.89
70%
1022
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
78%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.75
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.97
79%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.81
92%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
62%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.46
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.03
61%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.34
95%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
84%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
3.66
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Калај

51.97

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Иридиум

253540.09