Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје, чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Грижата за безбедноста на граѓаните и ...
ЕВН Македонија известува дека за денеска е планиран прекин на струја во некои делопви на Општина Бутел. Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел) МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ЕВН Македонија известува дека за денеска е планиран прекин на струја во некои ...
Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР. Измерени биле -4 степени Целзиусови на Попова Шапка, -3 – Kрушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија. Снежната покривка до седум часот изутринава ...
Државната изборна комисија треба да добие нов претседател. На чело на овој најважен изборен орган би требало да биде поставена личност со интегритет и успеси постигнати во кариерата. Право да предложи кој ќе биде тоа има најголемата опозициска партија. И СДСМ одлучи за тоа одговорно место да го именува поранешниот вицепремиер Бојан Маричиќ. Каква порака со овој избор сака да испрати социјалдемократскиот лидер Венко Филипче до македонските ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на ...
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп вечерва објави дека нема да воведе казнени царини од следниот месец, бидејќи со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се договорил за контурите на договорот за иднината на Гренланд и за целиот арктички регион. Трамп додаде дека решението ќе биде одлично за САД и за сите земји-членки на НАТО. – Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме ...
Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по иницијативата на групата Патриоти за Европа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Директен повод за поднесување на иницијативата беше потпишувањето на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур и на билатералниот Привремен трговски договор минатата сабота во Парагвај. Гласањето следи по дебатата по иницијативата на пленарната сесија на ЕП што се одржа во ...
Искусниот стопер Егзон Белица повторно се врати во Работнички. Клубот денеска официјално соопшти дека е постигнат договор со 35-годишниот дефанзивец, кој веќе го одработи и својот прв тренинг со тимот. Стружанецот не е непознато име за „романтичарите“, откако настапуваше за Работнички во сезоните 2010/2011, 2023/2024 и 2024/2025. Летово беше дел од масовното заминување од клубот, иако беше еден од клучните играчи во екипата што го освои ...
Сојузот на синдикатите на Македонија ќе организира протест в среда, со цел да го искаже незадоволството поради тоа што минималната плата не е зголемена на 600 евра, како и поради барањето за зголемување на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе започне во 17 часот пред зградата на Сојуз на синдикатите на Македонија, по што учесниците ќе се упатат кон Собрание на Северна Македонија и Стопанска комора на Северна Македонија, а маршот ќе ...
Четириесет и едногодишна жена загина, а три други лица меѓу кои и дете на шест години се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на локален пат за селото Русјаци во Македонски Брод. Сообраќајката се случила кога автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, со кој управувала 41-годишната К.С.С. од Кичево, излетал од патот и се превртел. Жената починала на самото место. „Со телесни повреди се здобиле ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. -Во согласност со член 27 став 4 од Изборниот законик, од кандидатите на предлог-листата политичките партии предлагаат претседател и двајца членови на Државната изборна избори, а партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека сите државни патишта низ Македонија се исчистени од снег и се проодни. „Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата. ...
И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје, информираа од компанијата. „Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една ...
Холивуд во 2026 година ќе биде обележан со рекорден број продолженија, преработки и нови интерпретации на веќе познати филмски наслови, при што дури 37 филмови од добро воспоставени франшизи повторно ќе се појават во кината. Овој тренд јасно укажува на стратегијата на големите студија да се потпрат на проверени брендови и препознатливи приказни во услови на високи продукциски трошоци и нестабилен бокс-офис. Меѓу најавените проекти се нови ...
Со нож ги нападнал своите родители во семејниот дом во скопско и им се заканувал по животот, Поради стореното дело полицијата синоќа го привела 27-годишникот по пријава од загрозените родители. Инцидентот се случил околу 18:20 часот по што интервенирале полициски службеници од СВР Скопје околу 20:00 часот и го лишиле од слобода осомничениот. Од МВР информираат дека случајот се документира и по целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна ...
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал – Берлинале – ја објави официјалната селекција за главната конкуренција на своето 76-то издание, кое од 12 до 22 февруари ќе се одржи во германската престолнина Берлин. За престижната награда Златна мечка ќе се натпреваруваат 22 филма од целиот свет, со силен спој на авторски филмови и продукции со големи меѓународни имиња. Годинешната селекција повторно го истакнува Берлинале како фестивал со изразен ...
Со нож ги нападнал своите родители во семејниот дом во скопско и им се заканувал по животот, Поради стореното дело полицијата синоќа го привела 27-годишникот по пријава од загрозените родители. Инцидентот се случил околу 18:20 часот по што интервенирале полициски службеници од СВР Скопје околу 20:00 часот и го лишиле од слобода осомничениот. Од МВР информираат дека случајот се документира и по целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна ...
БИТЕФ, еден од најзначајните светски традиционални меѓународни театарски фестивали во Белград со децениска историја и силно европско влијание, годинава доби своја герилска паралела – „НеБИТЕФ“. Оваа неформална културна платформа се појави како реакција на институционалните компромиси, политичките притисоци и ограничувањата што, според организаторите, сè почесто ја ограничуваат уметничката слобода. На годинешниот „НеБИТЕФ“, театарот целосно ...
Во Кинотека на Македонија вечерва започнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“, која носи внимателно селектиран избор од најдобрите и најнаградуваните филмови прикажани на последните изданија од филмскиот фестивал. Програмата нуди пресек на современиот авторски филм со силен уметнички и општествен ангажман. Публиката ќе има можност повторно да види остварувања добитници на гран при, како и филмови што отворија важни теми за ...
Со новиот предлог-закон за заштита од пушење се предвидува и регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде што има присуство или движење на повеќе луѓе. Ограничувањата ќе важат за простори околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни собири, културни и спортски настани, како и за места наменети за деца, млади и семејства. Особено е нагласено ограничувањето на пушењето пред детски игралишта и игротеки, како и на локации ...
СДСМ нема да ги поддржи измените на Законот за прекршоци поврзани со системот „Безбеден град“, поради нејаснотии околу контролата и заштитата на личните податоци. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека СДСМ не е против безбедноста во сообраќајот, туку против парцијална имплементација на системот без јасни законски механизми за заштита на огромната база на податоци. Филипче порача дека СДСМ ќе остане конструктивна, ...
МВР Апелира до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност. -Во Министерството за внатрешни работи деновиве пристигнуваат пријави од граѓани за добиени електронски пораки , пристигнати во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Целта на лажните пораки е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци, алармираат од ...
Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем. На 21 јануари 2026 година, околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место, а ...
„Стоп за Усје” вечерва со протест и блокада на крстосницата кај Цементарницата Усје, од каде бараат независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето. Од иницијативата велат дека граѓаните не веруваат во мерењата на фабриката и пасивноста на државата, и бараат 24-часовен мониторинг и автоматски стоп кога ќе се надминат граничните вредности. Од цементарница Усје, пак тврдат дека работат според законските прописи, со ...
Загинати двајца возачи, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени. Ова е билансот од три потешки сообрајќајни несреќи случени во изминатото деноноќие во Македонија. Животот го загубиле 56-годишник од Косово и 41-годишна жена од Кичево. Првата несреќа се случила на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир-Крива Паланка, каде излетало возило од патот со косовски регистарски ознаки. Втората е во ...
Оперскиот бисер „Кавалерија рустикана” на 28 јануари ќе биде изведена на сцената на МОБ. Ова оперско дело ја преставува трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата. Ова е едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи и останува една од најизведуваните светски наслови како кај нас така и во светот Изведбата ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари (Италија). ...
Поскапеа билетите во Драмски, Филхармонија и МОБ, инстутуции кои се целосно финасирани од буџетот. Поскапувањето предизвика реакции од страна на граѓаните дека со ова се оневозможува пристапот до културата и уметноста во главниот град, со оглед на тоа што цените се скоро покачени дупло. Пример во МОБ сега билетите се по 800, 1.000 и 1.200 денари, а порано беа по 300, 400 и 500 денари, додека во Драмски до пред неколку години билетите беа по ...
Македонските рурални домаќинства и бизниси ќе бидат во фокусот на Саемот за туризам кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Целта е да се приближи руралниот и искуствен туризам до јавноста. Организаторите најуваат обединување на најавтетнтичните приказни од цела Македонија. На саемот ќе се претстават мали рурални домаќинства со капацитет до 20-тина легла, автентични семејни винарии, ресторански услуги , како и земјоделски и ...